Home News Јорданка: Итно и неодложно некој да ја спречи Данела да го прави...

Јорданка: Итно и неодложно некој да ја спречи Данела да го прави ова

Денес од Град Скопје, на нивната официјална страна информираа дека Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов денеска извршија увид во почетокот на реконструкцијата на пешачките патеки во првиот дел од Градскиот парк.

-Во успешно завршената реконструкција на пешачките патеки во вториот дел од паркот, каде веќе се реконструирани над 12.000 квадратни метри, продолжуваме со реконструирање на сите останати пешачки површини во Градскиот парк.

Со реконструкцијата во оваа фаза е предвидено да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк.

Од вкупната површина 7.500 квадратни метри се пешачки патеки што се покриени со ризла кои ќе бидат асфалтирани, а 5.000 квадратни метри пешачки патеки кои се затекнати во лоша состојба со големи оштетувања, ќе бидат санирани со нова асфалтна маса, истакна Арсовска.

Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, во текот на изминатите денови веќе ги започнаа активностите за реконструкција на патеките во близина на малиот лавиринт во првиот дел од паркот и дополнително уредување на зеленилото.

-Во активностите во оваа фаза на реконструкција на патеките во првиот дел од Градскиот парк ЈП Улици и патишта во изминативе денови веќе започнаа со целосна реконструкција на пешачките патеки со ризла, потоа следи фаза на реконструкција на оштетените асфалтни патеки и санација на истите кои ќе бидат обновени со нова асфалтна маса, посочи директорот Настов.

Реконструкцијата на пешачките патеки, обнова за зеленилото, поставување на нови садови за отпадоци, нова урбана опрема и санација на постоечката урбана опрема, како и реконструирање на плочници и тековно одржување на парковата опрема е дел од активностите кои Градот Скопје ги презема за обновување на Градскиот парк во корист на сите генерации.

Реагираа од Зелен Хуман град од каде велат дека ова што се прави не е во ред:

„Во Стратегијата за отпорно Скопје од 2017 се вели ‘Колку повеќе бетон и асфалт, толку повисока температура. Потребни се повеќе зелени површини, зелени покриви и зелени фасади’. Конвенционалните материјали за поплочување можат да достигнат летни температури и од 48-67°степени.

Ако земеме предвид дека според картата на урбани топлински острови, централното подрачје на Скопје се издвојува како најтопло место во кое се забележани највисоки среднодневни температури, тогаш е сосема јасно дека сите напори и активности на Градот мора да се насочени кон намалување на температурите, а тоа секако не се постигнува со нанесување црн асфалт кога постојат далеку поадекватни алтернативи.

Бекатон плочките и тревнатите плочници се веќе во широка употреба кај нас доколку чакалот не е алтернатива за одредени категории од нашите сограѓани“, се вели во барањето кое „Зелен хуман град“, која има двајца советници во градскиот Совет, го достави до Град Скопје.

Поранешната новинарка, а сега политички аналитичар, Јорданка Ивановска Јоци, која беше еден од главните подржувачи на Арсовска во кампањата за локалните избори, во последните месеци објаснува зошто Данела Арсовска разочарала. Таа реагираше и денес:

„ИТНО И НЕОДЛОЖНО, било кој, нека ја спречи #Данела #Арсовска да ги асфалтира патеките во стариот дел од Градски парк!

Женава почнала да шљака асфалт и има намера да деградира 12,500 м2 од паркот!! Има ли некој да ја сопре во лудилово, луѓе!

Тие патеки се земјени откако паметам за себе и таму нè носеа од ,,Песталоци” ко деца секој втор ден, а уште одамна Ристо Пенов ги оформи со ризла.

Под итно Градски парк да се врати во првобитна состојба!
Ова не е нормално!“

Previous articleКако ќе гласа пратеникот од партијата на Стевчо денес во Парламент?
Next articleТоп си поминав во Албанија на одмор, ама на враќање, во Косово, ова ми се случи