Home News Како ќе гласа пратеникот од партијата на Стевчо денес во Парламент?

Како ќе гласа пратеникот од партијата на Стевчо денес во Парламент?

Ова е голем ден за македонското Собрание кое ја има честа и одговорноста да одлучува за иднината на најголемиот и најмоќниот воено безбедносен сојуз во светот.

Аг ресијата врз Украина која трае повеќе од шест месеци покажа зошто е важно една мала европска држава како С.Македонија да биде дел од НАТО Алијансата.

Со членството во НАТО, денес, нашата безбедност, нашиот територијален интегритет и неповредливост на границите се осигурани и трајно обезбедени.

Членството во НАТО ни обезбеди рамноправност со сите други 29 земји членки, нашиот глас денес е еднаков со сите земји членки.

Ако до пред само две-три години бевме надвор и чекавме што ќе се одлучи за нас, сега сме на главната маса каде се носат одлуките, а една Шведска и Финска имаат можност да станат членки на НАТО преку денешната ратификација на Протоколите, која ќе се случи овде во македонското Собрание.

Тоа е потврда колку е важен и голем успехот што го постигнавме со полноправното членство во НАТО.

Во меѓувреме, ќе остане запаметено дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа против Преспанскиот договор, а Мицкоски не смогна сили ниту да аплаудира во ова македонско собрание при стекнување на полноправно членство.

Историјата потврди дека и тогаш беа на спротивната страна од интересот на државата, а исто и денес, кога со сите сили се против членство во ЕУ со гарантиран македонски јазик и идентитет.

Почитувани, Пратеничката група на СДСМ и парламентарното мнозинство ќе дадат поддршка и ќе гласаат ЗА ратификацијата на протоколите.

Затоа што знаеме колку е важно членството во НАТО и колку е важно приклучувањето да се одвива што е можно побрзо.

Ги повикуваме сите пратеници од сите политички партии да дадат поддршка и Протоколите да бидат ратификувани и со тоа Шведска и Финска да бидат чекор поблизу до полноправно членство во НАТО.

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Инаку лидерот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, низ настапи во медиумите овој месец, додека беше најактуелно прашањето со Бугарија, апелираше до пратениците да не гласаат за Финска и Шведкса во НАТО, како своевиден притисок кон ЕУ за Бугарија:

„Не сме ние осудени на светот само ние вета да кркаме, вето ќе си добие и Шведска и Финска за влезот во НАТО и ќе им кажеме јасно, ветото не го ставивме ние го стави Бугарија.

Ај ве молам решетe си го проблемот со Бугарија за членство во Европска Унија, ние однапред ќе го тргнеме ветото ако не го решите тогаш ние не го тргаме ветото, затоа што нели така не лажеа. Вие ако имате моќ за одлучување, реално во владата би го направиле тоа би го предложиле?“

Денес е гласањето за Финска и Шведска, а Стевчо Јакимовски има пратеник во Собранието. Како ќе гласа денес Љупчо Пренџов, пратеникот од ГРОМ, за кој се шпекулира дека го напушптил Јакимовски и се приклонил кон ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку многу политички аналитичари во изминатиов период, се прашуваат, каква е воопшто потребата да се излегува како партија на избори, кога пратениците (еден, двајца) по изборите ја напуштаат таа партија.

Такви примери имаше многу во минатото, од многу партии. Најсвеж пример беа осуммината од ВМРО-ДПМНЕ, како и двајцата пратеници на ГРОМ, кои гласаа за договорот од Преспа, иако партијата имаше понаков став.

Но има и аналитичари кои велат дека пратениците туку така не кажуваат различен став од партискиот и дејка сето тоа се игри договорени со партиските лидери. Времето ќе покаже што од ова е вистина.

Previous articleСе огласија кумата и фризерката на Марјановиќ – имаа што да кажат
Next articleЈорданка: Итно и неодложно некој да ја спречи Данела да го прави ова