Home Live Полни усни и истакнато деколте, има со што да се гордее: Водителката...

Полни усни и истакнато деколте, има со што да се гордее: Водителката Маја Синадиновска не се сменила од времето кога беше актуелна на ТВ (ФОТО)

Маја Синадиновска беше прва во Македонија, која со својата телевизиска емисија ги урна стереотипите за тоа што е табу тема, уште пред дваесетина години.

Маја беше и прва во Македонија, која исто така, ги урна стереотипите за женска убавина, промоторка на движењето за позитивен став кон телото.

Своевремено бепше една од нашите најпознати водителки, таа водеше ноќни програми во кои отворено се зборуваше на малку послободни теми и остана впечатлива во јавноста.

– Сфатив, не само дека диетите се штетни, туку и дека имаат секогаш „бумеранг“ ефект. Влијанието на мајка ми, која во младоста беше Мис на Босна и Херцеговина, а по природа има крупна конструкција и е убава жена, одигра многу важна улога во понатамошната перцепција за мојата градба и килограмите.

Уште во времето на дипломатската служба на татко ми во земјите на Блискиот Исток, мајка ми беше најфотографираната жена за бројни списанија на тамошните коктели, забави, вечери од интернационален карактер.

Таа никогаш не беше слаба, но во секоја средина беше пример за убавина. Благодарна сум ѝ што ме научи како да си го сакам секој дел од телото и да не се изгладнувам за да им се доближам на стереотипите.

Да, на сите жени кои имаат повеќе килограми отколку што би сакале да имаат, им препорачувам да внимаваат на здравата храна и стил на живот, не на бројките на вагата.

Прифаќањето на себиси во огледалото и задоволството од својата фигура значи самодоверба и зрелост, во спротивно незадоволството и исфрустрираноста може да нарушат многу сегменти од нашиот живот“,рекла таа за Слободен печат.

Таткото на Маја беше дипломат, академик проф д-р Бранислав Синадиновски, а тој минатата година го напушти овој свет, ки Маја напиша емотивен статус за татко си.

Се согласуваме дека крупната жена и тоа како може да биде убава, привлечна и елегантна и дека Македонија изобилува со убави жени со нагласени облини“, обајви во една прилика Слободен печат.

– Многу нешта, речиси сè што беше табу пред 30 години остана табу до денешен ден. Ние сме општество кое навидум чекори напред, а всушност секој ден или се враќаме чекор наназад или стагнираме. Ние сме народ кој навидум сака прогрес, а седи со скрстени раце.

Промените не можат да се издејствуваат молкум, седејќи на домашниот тросед. Треба ангажман, потребни се идеалисти, гласноговорници, двигатели и конечно и народ, кој ќе сака да следи.

Како нација сме научени да чекаме друг да ни го сервира сработениот напредок на секој можен план, плашливи сме, сè уште сме под индоктринацијата на Османлиите. Од друга стана ова е волчјо време, време на револуционерна технологија, на во јна на моралот и етиката против развратот и криминогените елементи.

Во едно вакво време и општество, како би можела жената да се промени, да отвора нови, за себеси позитивни, хоризонти?

Впрочем, и во минатото и денес, не само жената, туку и сите ние како општество ги живееме секојдневно сите табуа, но кога треба да зборуваме за нив, да ги побиеме, да ги разнебитиме, ние остануваме неми.

Двојниот морал царува со децении кај нас. Секогаш и за сè што е табу му префрламе на соседот, пријателот, роднината, додека ние во преден план го практикуваме, другиот го озборуваме и го линчуваме јавно. Жената е сè уште најголемиот непријател на друга жена кога треба да се „спаси“ себеси.

Прогресот е во обединување на прогресивната мисла и во нејзиното објавување. Тој елемент е длабоко отсутен кај нас. Сè додека го потенцираме „неморалот“ на друга жена пред мажи, ние назадуваме.

Што е уште потр агично, и мажите во нашето општество почнаа да наликуваат на жените. Во минатото барем тие ни беа репер, сега немаме репер. Царува личниот интерес, колективното отсуствува буквално на секој план. Кога нема идеологија, нема прогрес, изјави Маја.

Таа сега има сосема друг бизнис, има свој бутик за облека, за големи броеви, кој често го рекламира на социјалните мрежи. Маја е мажена и има ќерка.

Синадиновска ретко го покажува својот сопруг во јавност, а сега тоа го направи со посебен повод на нејзинииот Фејсбук профил. Објави слика од својот сакан, и ракажа приказна за нив двајца:

– Кога поминаа 30 години од мојот живот со Бојан. По извесен долг период некогашниот дечко, потоа сопруг, ви станува другар, другарка, брат, сестра, пријател, непријател, подршка, нервоза, мотиватор, демитиватор.

Во секој случај добро е кога трае. За да се почуствува полната вредност на среќата треба да имаме со кого да ја споделиме. Понекогаш едно обично заедничко кафе и лаф муабет вредат многу“, напиша Маја.

Таа на својата нова слика ги истакнива полните усни, но и на другите кои ги објавува исто, како и нејзиното деколте со кое секогаш се гордеела.

Таа воопшто не е сменета во ликот од времето кога ги водеше ноќните програми во кои зборуваше на та бу теми.

Previous articleСпасов: Свесни ли се Катица Ќулафкова и Коцарев што прават – нека се прекрстат во САНУ
Next articleЗборуваа дека се обидела да си пpecyди, немаше среќа да има деца, а го сакаше само него и му беше верна: Животната приказна на Неда Арнериќ