Home Live Се огласија кумата и фризерката на Марјановиќ – имаа што да кажат

Се огласија кумата и фризерката на Марјановиќ – имаа што да кажат

Зоран Марјановиќ пред три дена беше осуден на 40 години затвор за уб ис тв ото на сопругата Јелена, а во текот на истрагата и судењето кое траеше повеќе од 6 години, поточно од 2 април 2016 година, кога беше пронајдено нејзиното тело, помеѓу клучните сведоци беше и неговата кума Нора Бакиќ Карелуша.

Таа со своите изјави го промени текот на судењето.

Една од изјавите на Бакиќ е дека Јелена и се жалела од свекорот Владимир, пишува Телеграф.

-Ми кажа дека во куќата владее лоша атмосфера и дека има проблем со свекорот Владимир, кој има големо влијание врз нејзиниот сопруг Зоран. Мојот сопруг Иван Ракиќ и Зоран Марјановиќ се кумови и најчесто се гледавме заедно.

Јелена ретко ја гледав сама… Рече дека „старите“ и го загорчиле животот… Ми се пожали и на нејзината снаа Милица Марјановиќ, сопругата на братот на Зоран – Милош, „бидејќи не прави ништо низ куќата“, а и „лелекаше“ на кумата Вера – рече таа.

Таа изјавила и дека неколку пати била сведок на немили сцени меѓу Зоран и Јелена, како и дека Марјановиќ често ја нарекувал сопругата дебела и тетка, како и дека тоа и пречело на Јелена.

Карлеуша додала дека пејачката секогаш го бранела сопругот и рекла: „Има многу работа, не мислел така…“. Додала и дека таткото на Зоран ја контролирал Јелена и постојано и се јавувал на телефон.

– Ги носеше сите одлуки во куќата и прашуваше за се. Дури и кога ќе се видиме, тој неколку пати и се јавувал на Јелена на телефон и ја прашувал кога ќе си оди дома – рекла таа.

Како што е наведено, Јелена се плашела од него бидејќи, според неа, тој е многу тежок човек со кој комуникацијата е невозможна.

Тој само „и држел проповеди“, се мешал во се, во односите со неа и Зоран, ја потсетувал дека тој е глава на семејството…

Секогаш кога останувала сама со него, се чувствувала непријатно.

И фризерката ја уништи одбраната! Зорица Гемовиќ, фризерката на Јелена, исто така изјави дека Јелена трпела малтретирање.

Кога Зорица ја прашала Јелена зошто не се разведува, таа одговорила „Зоко, ќе ме ув иеше“.

– Зорица Гемовиќ, фризерката на Јелена, беше сослушана и во истрагата и на главниот претрес, каде сведочеше за нарушениот однос меѓу Зоран и Јелена, наведувајќи дека Јелена во неколку наврати и кажала како тој ја омаловажувал.

-И рекол дека е дебела и грда, како и дека нејзиниот живот во неговата куќа е катастрофа, и дека сака да го земе детето и да си замине – соопштија од Вишото јавно обвинителство.

Previous articleВо серијата ја доживуваме како скромна женичка, но Џемиле во приватен живот е прав БУМ (ФОТО)
Next articleКако ќе гласа пратеникот од партијата на Стевчо денес во Парламент?