Home News Спасов: Свесни ли се Катица Ќулафкова и Коцарев што прават – нека...

Спасов: Свесни ли се Катица Ќулафкова и Коцарев што прават – нека се прекрстат во САНУ

Академик Абдулменаф Беџети во колумната за „Лајм“ порачува дека ја прифаќа „фрлената ракавица“ од академик Катица Ќулавкова за која посочува дека во интервју за ТВ Канал 5 изнела предлог за создавање трета албанска академија.

Ние, АЛБАНЦИТЕ, заедно со Македонците, но и со другите, ја направивме и ја развивавме државата, во некои аспекти и повеќе од нив самите, од Македонците. Прифаќаат или не тие, с.Македонија не е само нивна држава.

Претседателот на МАНУ академик Коцарев „повикува’ на отпор кон интеграциските процеси на земјата под изговор за зачувување на македонскиот идентитет, кој инаку не е загрозен.

Академик Катица Ќулавкова изнесе предлог за создавање трета Албанска академија, но, ние можеме да се разделиме од МАНУ ВЕДНАШ без двоумење. Ја прифаќаме ‘фрлената ракавица’!

Ние веќе сме докажале дека знаеме да направиме научни и образовни институции и подобро од нив!“

– вели академик Абдулменаф Беџети, член на МАНУ и ректор на Штуловиот универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Македонски академски фрустрации“, која ја пренесоа весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик.

Беџети пишува: „Во оваа пригода морам јавно да реагирам на индивидуалните ставови на некои македонски академици, па и на претседателот на МАНУ Коцарев, кој е можеби и мотивиран од академик Катица Ќулавкова и некои други колеги.

Немам ништо против индивидуалните ставови на секој академик. Се обидувам да ги разберам, иако не ги објаснувам. Ова секогаш се додека не ги засегнат моето достоинство и националниот интерес.

Во нивните мисли, за што и да се случи, одговорни сме ние, АЛБАНЦИТЕ, кои заедно со Македонците, но и другите ја направивме и ја развивавме државата, во некои аспекти и повеќе од нив самите, од Македонците.“

Колумната на Беџети предизвика низа реакции во јавноста, а многумина го оправдуваат негобиот став, сметајќи дека однесувањето на некои академици е недозволиво.

Еден од оние кои упати критики е и поранешниот амбасадор и министер, професорот Ѓорѓи Спасов:

„Свесни ли се Катица Ќулафкова и Саво Коцарев колкава штета прават?

Со тој ум подобро да формираат за себе и таквите како нив подрачна единица на САНУ (Српската академија на науките и уметностите) и нека ја крстат “Добрица Ќосиќ” затоа што со својот национализам се застанати во времето на Милошевиќ.“

Previous articleПроф. Даниловски за Доктори: Одговор на најчесто поставуваните прашања
Next articleПолни усни и истакнато деколте, има со што да се гордее: Водителката Маја Синадиновска не се сменила од времето кога беше актуелна на ТВ (ФОТО)