Home Live Во серијата ја доживуваме како скромна женичка, но Џемиле во приватен живот...

Во серијата ја доживуваме како скромна женичка, но Џемиле во приватен живот е прав БУМ (ФОТО)

Приказната за капетан Али и неговата жена и деца, беше проследена со низа тр агедии и ретко кој остана рамнодушен.

Во главната улога на пожртвувана мајка беше актерката Ајча Бингол или попозната како Џемиле.

Приказната започнува во шеесеттите години. Малиот Осман ја раскажува приказната за неговиот татко Али (капетан на голем брод).

Тој на долгите пловидби се заљубил во згодна холандинка, Каролин, и тие на морето ја започнале својата љубовна приказна.

Додека пак него го чека неговата сопруга Џемиле со своите четири деца: Берин, Мете, Ајлин и најмалиот син Осман. Али ги поминувал своите ноќи во големи и страшни бури.

Кога тој се враќа, со себе го донесува немирот на страшната бура. Истовремено ќе се пресели и неговата љубовница Каролин во Истанбул, па тие ќе ја започнат одново нивната љубовна приказна.

Тој од својата куќа ги брка Џемиле и неговите деца. Нови сплетки се случуваат и понатаму во приказната за семејство на господинот Али.

Сценариото е инспирирано според вистинска приказна која допре до многу емотивци и љубители на ваков тип на серии.

Актерот Еркан Петкаја, или попознат на македонската публика како Капетанот Али од безвременските “Бурни времиња“ е вистински пример за добар сопруг и татко, кој и покрај долгото работно време, сепак му се посветува на своето семејство.

Малата ѕвезда на Бурни времиња Емир Берке Зинџиди има само 6 години, а веќе е сопственик на филмска агенција.

Татко му Беркант кој е поранешен манекен и мајка му Севги Зинџиди по неверојатниот успех на нивниот син, отворија подуцентска и кастинг агенција.

Главната Хероина Џемиле беше највпечатлива, односно нејзината горка судбина која не ја остави да има ниеден спокоен ден.

Ликот на Џемиле навистина ме измори. Тоа е жена полна со живот на која животот и ги задава најголемите болки, но сепак таа продолжува да живее за преостанатите свои сакани за кои би го дала животот.

Џемиле за публиката претставува хероина, цврста жена која животот неможе да ја уништи и покрај тоа што и крои сурова судбина.“- вели Ајча.

„Во третата сезона моравме да се разделиме со двајца навистина блиски колеги..всушност тројца. Тука е и малиот Емир, без кои искрено снимањата не беа толку интересни..

Иако рејтингот од емитувањата на првата епизода од новата сезона беше по малку и опаднат, сепак не се обесхрабривме. Понатамошните случувања се оние кои ќе донесат и нови гледачи..“- храбро додава Ајча.

„Во третата сезона морав да ја скратам и косата, што всушност ми беше и најтешкиот дел..Но сепак, во корист на серијата и гледачите, косата ми беше скратена според плановите на режисерите со кои би изгледала постаро и изнемоштено.

За разлика од првите две сезони, шминкањата и облекувањето за третата сезона треаше подолго, навистина долго. Додека сите додатоци на актерите да бидат на своето место, требаше многу време.

Сепак, мислам дека успеавме да се носиме со тоа“- за крај додала Ајча, која сега е дел од новиот проект на Ќемал Артеј, во кој ја има главната женска улога.

Но, кога станува збор за приватноста и изгледот на Џемиле, односно Ајча Бингол, таа е сосема поразлична, како камелеон кој постојано се преобразува.

Ајча е сопруга и мајка на веќе возрасна ќерка, а покрај актерството многу обожава мачки.

Во серијата ја доживеавме како една скромна женичка во едноставна гардероба, но погледнете ја Ајча, нејзиниот сек-сапил, сензуалност и доминантен шарм.

Previous articleСите бегаат на море, само Ребека скромно летува во Македонија, објави слика каде се разладува
Next articleСе огласија кумата и фризерката на Марјановиќ – имаа што да кажат