Home Live Беше позната манекенка во Македонија, сега замина во Германија да работи нешто...

Беше позната манекенка во Македонија, сега замина во Германија да работи нешто сосема друго- Ана раскажа како навистина се живее на запад

Убавата манекенка и модел Ана Коцева, беше една од нашите најангажирани и најубави манекеки. Ја имаше на модните писти, на фотосесиите, снимањата реклами и музчки спотови.

Ана Коцева беше заштитно лице на модната агеција „Мак Моделс“ и во тој период се појави на многу ревии, и направи фотосесии за сите значајни домашни списанија. Оваа убавица, инаку беше студент на Медиционскиот факултет и вели дека многу го сака тоа што го студира.

Во однос на манекенството, секој свој нареден чекор го смета за некој вид успех, бидејќи максимално се вложува во оваа професија, објави во една прилика stylist.mk

Во овој медиум тогаш, таа зборувала за тоа како се негува и како ја одржува линијата, и открила дека во однос на козметичките производи не може без лосион за чистење, маска за коса и некој од омилени креми за лице, а признала дека нејзината мајка за неа е пример за негувана жена.

-Не се шминкам многу, бидејќи сум долго време на факултет, а потоа сакам само да го освежам лицето.

Но, доколку се шминкам се трудам тоа да биде усмерено на стилот и облеката што ја носам и да изгледа многу натурално“, изјавила Ана.

Таа се има појавувано во многу македонски спотови, а еден од нив е „Ајде води ме“, песната на Владо Јаневски во кој Ана ја игра главната улога.

Модата, Ана сега ја замени со нешто сосема друго. Таа веќе две години живее во Германија и работи како лекар во Црвениот крст.

Вели дека уште како студент на Медицинскиот факултет во Скопје, сакала да научи за работните искуства од областа на медицината во повеќе земји“, објави Женски магазин.

– Отсекогаш, уште на факултет сум сакала да одам на конгреси во други држави.Ме исполнувало времето да научам нешто друго, пред сè мислам дека искуството е нешто што те прави побогат од сè. Планот за Германија го направив со мојот сопруг.

Заедно решивме да си бидеме поддршкаа. Прво замина тој, а јас го посетував и потоа се преселив и јас. Мислам дека Германија како земја е многу студена и со многу правила и закони.

Тоа што сме заедно тука сме многу посилни и мислам дека без тоа немаше да можам да живеам тука“, раскажала Ана.

Од пред две години е мажена за својот долгогодишен партнер и сега живеат заедно во градот Bad Wildungen. Иако вели дека сонувала за голема свадба со најблиските, Ковид пандемијата ѝ ги сменила плановите.

За неа, Германија е земја каде што многу се работи и каде што навистина се бара посветеност. Вели дека некогаш главниот шопинг ѝ е до маркет, бидејќи се пазари најчесто на неделно ниво.

Потоа со сопругот сака да се напие кафе во домашна атмосфера и денот полн со обврски брзо ѝ поминува.

Бидејќи работам во здравствена институција, за време на пандемијата се правеа брзи ковид тестови секој ден или секој втор ден.

Дезинфекција се вршеше секој ден, и секој здраствен работник мораше да биде вакциниран. Германија беше ужасна за време на пандемијата.

Сè беше затворено ,улиците беа празни. Иако тука веќе во 19 часот сите се веќе прибрани во своите домови ,замислете како беше тогаш“, се сеќава Ана.

– Само две години сум тука а сопругот повеќе, меѓутоа и јас скоро секој месец доаѓав и претходно. Не сакам никогаш да си дозволам да звучам како некишто си заминале и ја плукаат земјата од каде што дошле, колкуи да биле незадоволни.

Бидејќи сметам дека секој длабоко во себе има парче од таа земја што секогашќе стои врежано“, вели Ана.

Previous articleНоне се врати на Балканот и процвета, со една слика ги фрли во сенка сите (ФОТО)
Next articleВо мрежест костим за капење, Јована од „Сител“, на плажа изгледа како девојче (ФОТО)