Home News Германија најави нови правила за престој – познато е што треба да...

Германија најави нови правила за престој – познато е што треба да се исполнува

Недостигот на работна сила е се поголем проблем во Германија. Доаѓањето на работници од странство не функционира како што се замислува. Сега треба да се реформира Законот за имиграција, пишува Дојче веле, а пренесува Фокус.

-Можеше да биде убава вечер. „Би имал маса за вас“, рекол телефонски сопственикот на ресторанот, „но за жал нема кој да ви подготви вечера“.

Ова не е шега. Во цела Германија нема доволно готвачи, помошници готвачи и келнери. Но, работната сила не е проблем само во угостителството.

Возовите се откажани бидејќи нема доволно машиновозачи. На аеродромите се трупаат куфери затоа што нема кој да ги претовари. На безбедносните пунктови луѓето губат нерви бидејќи редиците се премногу долги и не стигнуваат до авионите. Градинките ги повлекуваат потврдите за прием бидејќи нема доволно учителки.

Во истражувањето на Германската индустриска и трговска комора, која ги застапува интересите на неколку милиони компании од индустријата, трговијата и услугите, 56 отсто од компаниите се жалат на недостаток на работници и сметаат дека тоа е една од најголемите закани за нивниот бизнис.

Германската агенција за труд евидентира недостиг на работна сила во 148 занимања, а загрозени се уште 122 занимања. Во просек, потребни се осум месеци додека домот за стари лица не најде старател. Градежните фирми во просек чекаат половина година додека не најдат работници. Низ земјата беа објавени огласи за над 1,7 милиони огласи за вработување.

Германската влада сака да отвори перспектива за долгорочен престој на илјадници странци кои со години живеат во Германија со статус на т.н. толерирани лица. Владата го одобри предлог-законот за т.н. шанса за право на престој, пренесува Дојче Веле.

„За околу 135.000 луѓе, ова е мост за подобар живот во Германија, за повеќе хуманост наместо недоверба во правото на престој“, изјави владината ополномоштеничка за интеграција, Рим Алабали-Радован.

Планираната регулатива треба да важи за луѓето кои до 1 јануари 2022 година живееле најмалку пет години во Германија и кои се залагаат за слободарско-демократски поредок.

Секој кој давал неточни информации или лажел во врска со својот идентитет со цел да го спречи своето депортирање, нема да може да профитира од новата регулатива. Исклучени ќе бидат и сторителите на кривични дела, при што паричните казни од вкупно 50 дневници или осуди според кривичното право за малолетни лица, не би требало да претставуваат пречка.

Толерираните лица кои извршиле кривично дело ќе бидат протерувани поконсеквентно отколку досега.

Во рок од една година ќе може да се исполнуваат останатите предуслови за право на останување во Германија.

Доколку се докаже доволно познавање на германскиот јазик и доволно приходи за егзистенција, ќе може да се добие трајна дозвола за престој.

Previous articleНовинарот Златев побара од Пендаровски да си ја работи работата, во спротивно, заедно со бербери, батлери, готвачи… да си даде оставка
Next articleНоне се врати на Балканот и процвета, со една слика ги фрли во сенка сите (ФОТО)