Home Live Миа Костова советува како да се оди на одмор за 300 евра...

Миа Костова советува како да се оди на одмор за 300 евра комплет, и зошто да не се земаат никакви кредити

Миа Костова, познатата водителка и инфуенсерка, во едно интервју за Кафе пауза зборуваше за својот живот со синот Андрија.

– Ако се предадеш и речеш не можам, не успевам, нема работа, не постигнувам, веројатно ни коцките не се местат. Кај мене беше така.

Имав многу куса финансиска криза која ја надминав со упорност и со немање апсолутно никаков ср ам од работа.

Андрија имаше само 40 дена кога се вратив на неколку дена во диско неделно, почнав да работам во фризерски салон како координатор иако тоа никогаш не сум го правела ама некако се пронајдов, во меѓувреме дипломирав, работев и на телевизија, работам и како инфлуенсер.

И сето ова успевав да го вклопам со мало бебе кое немаше кој да го чува.

Од бебе е во градинка, седел со саати кај мене на работа, седел на снимања со температури, ама никогаш не сум се откажала ниту некогаш помислив да се вратам во семејниот дом. Решив дека ова е моја приказна и да, коцките се местат и ден денес.

– Не знам дали е до мојот став и до мојот начин на однесување и зборување јавно ама мене не ми се случило некој ниту да ме осуди ниту да има проблем со тоа. А немам ни јас.

Живеам многу подобар посреќен и помирен живот од жени во семејства кои седат во брак поради ова или она.

Сметам дека малку е поинаку денес и дека поинаку се гледа на самохраните мајки за разлика од порано. Тие сѐ повеќе се херои одошто нешто лошо или немо-рално.

Нема тајна, како што кажав погоре, треба само да сакаш, треба да си убеден во тоа дека можеш и да не пребираш додека да стигнеш онаму каде што сакаш.

Важно е да имаш време за себе, да не му ја мислиш дали е во градинка предолго, или зошто преспива на друго место, зашто многу е важно прво мајката да е како што треба за сѐ да биде како што треба.

А што се однесува до кариеристките кои не сакаат деца, немам ништо против нив. Сосема ги разбирам. И ги поддржувам. Не може секој ниту секој сака. Кој како смета дека треба – така нека прави“, изјави Миа во интервјуто..

Миа во своето ново видео на Инстаграм од плажа во Албанија, ги советува сите како да одат на одмор а да не земат кредит, и како може на одмор да се помине со 300 евра.

-Постојано размислуцаш како да отидеш на одмор? Постојано мислиш каде да најдеш пари, затоа што ти недостигаат пари. А можеби е најдобро да кренам кредит. Нека не е обичен, нека е брз кредит.

Имам подобро решение. Многу често сум немала пари, и никогаш не сум кренела кредит. Зошто? Затоа што сум размислувала за иднината. Обидете се да заштедите минимално во текот на годината, околу 1.000 месечно, коиштои би донеле околу двеста евра годишно.

Ако немате пари, многу подобро е да се позајмине сто евра е многу подобро отколу да кренето било каков кредит што ќе го враќате целата година. Или делете го сместувањето со пријатели.

И сега ќе ме прашање како се заминува на одмор со 300 евра? Јас знам, затоа што сум го поминала тоа. Ако го делите сместувањето, тоа може да биде околу 100 евра, со рана уплата, ако зборуваме за било каде во Грција, сега- не зборуваме за Миконос.

Што се однесува до храна, еден Кам маркет за 7 дена нема да ве чини не повеќе од 2.000 денари. Или пак од искуство, подобро е да си ја пуштите чергата колку што ви е долга, отколку да кренете кредит од 30.000 денари, кој што за една година ќе ве чини 80, 100, 150 илјади денари…

Не е е вежно дали сте на Сливница, во Дојран, во Охрид или сте успеале да одите на Миконос. Не е важно, важно е дека немате грижи“, советува Миа.

Видеото е направено со надеж дека некој ќе застане и ќе размисли пред да крене брз кредит. Голем дел од луѓето кои заглавуваат во кредити не се социјални случаи. Верувам дека има и такви кои не можат да си овозможат ни 1000 денари заштеда.

Но, верувам дека има и такви кои плаќаат тродупло повеќе , без причина. Ви посакувам убаво лето, без кредит !“, напиша таа.

Previous articleШколо во Кочани целосно се распаѓа, овој херој го спасува- Да носиме ли чадори внатре кога врне, ја прашува наставничката Општината
Next articleНиколина Пишек по загубата на сопругот пак е среќна, додека свекорот ја плука каде што стигне