Home Live Ноне се врати на Балканот и процвета, со една слика ги фрли...

Ноне се врати на Балканот и процвета, со една слика ги фрли во сенка сите (ФОТО)

Ноне Неделковска, нашата пејачка која долги години работи на брод, во една прилика за „Црно бело“’, изјави дека додека патувала со бродот посетила многу земји и има морска болест.

Таа сподели свое искуство од различните култури кои имала можност да ги запознае.

– Во Индија сè уште постои тој договорен брак уште додека се млади, гледам дека и го почитуваат, па не се впуштаат во некои авантури додека се на брод (има исклучоци).

А Италијанците се прави заводници и ништо не ги спречува за провод. За десет години здравје Боже се гледам со две дечиња, среќна мајка и сопруга“, рече Ноне.

– Не може да се научи ширењето на позитивна енергија – не може од човек да излезе она што го нема. Постојат луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои ја создаваат позитивната енергија.

Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот. Не може од човек да излезе она што го нема. За да можеме да шириме мир, мораме најпрво да имаме мир во себе.

За да можеме да шириме радост, мора најпрво да ни биде срцето радосно.

Во спротивно, и зборовите за најголема утеха звучат како напад, од устата на незадоволниот човек“, напиша Ноне во еден свој статус.

Таа се сликаше по градник и ги запали своите фанови кои ја лајкнуваа и ѝ ги коментираа сликите:

„Прекрасна си“, „Немам коментар“, беа едни од нив. До сликите, Ноне порача: „Ако имате добри мисли, тие ќе зрачат од вашето лице и секогаш ќе изгледате прекрасно.“

– Денот го почнувам мирно и тивко и преферирам првото утринско кафе да го пијам сама, за да можам да си го организиран денот во мисливе. Работа на брод има малку поразлично темпо на живот, секој ден ми започнува во некој друг град, со тоа доаѓаат и различни обврски.

Ме мотивираат многу работи, но еве ќе одвојам една од нив. Ме мотивираат препреките во животот. Дневните планови и обврски ми се да ја организирам работата на моето работно место. Најпрво почнувам со потешките задачи и останатите приоритети во текот на денот“, изјави Ноне за Женски магазин.

Иако, Ноне не го експонира премногу своето семејство, во една прилика покажа од кого ја наследила својата убавина.

Имено, Ноне во стори на „Инстаграм“ објави фотографија со нејзината мајка со која неверојатно си личат. „Мама“, напиша Неделковска покрај фотографијата.

-Работам на брод како советник за убавина во фришоп. Прв пат заминав да работам на брод во април во 2012 година, и требаше да патувам до Египет, поточно Шарм Ел Шеик.

Никогаш нема да го заборавам чувството кога пристигнав таму. Бев збунета и возбудена, еден тон емоции кога застанав пред бродот.

Сакав промени, затоа се одлучив да заминам. Пет години бев на македонската естрада. Еден ден си реков- и што по ова!? Зарем ова треба да правам во наредните неколку години!?

Стани, среди се, оди по емисии одговарај на некогаш глупави прашања.

Слушај и читај з ли коментари, моли се за викенд да имаш букирано некој настап. Ми требаа нови предизвици и за кратко време од помислата дека треба да сменам нешто, се најдов на брод“, изјави за Женски магазин Ноне.

Новите слики кои ги објави Ноне се од Котор во Црна Гора. Нашата пејачка е сега на Балканот, и сликана е покрај море. На сликата до цвеќето покрај море, таа изгледа многу среќна и задоволна.

-Дозволете си да процветате, напишала Ноне до сликата на која гордо го истканува своето деколте во сино бикини, ги открива нозете, а завиткана е во шарена марама.

Мора да има некоја причина за тоа што Ноне е толку среќна, а останува да видиме која е.

Во секој случај, Ноне знае да се намонтира, а со оваа слика се чини дека ги фрли во сенка инфлуенсерките кои секојдневно објавуваат летни фото сесии.

Previous articleГерманија најави нови правила за престој – познато е што треба да се исполнува
Next articleБеше позната манекенка во Македонија, сега замина во Германија да работи нешто сосема друго- Ана раскажа како навистина се живее на запад