Home Live Новинарот Мишко Иванов се изјасни за асфалтираниот парк на Данела: Толку ли...

Новинарот Мишко Иванов се изјасни за асфалтираниот парк на Данела: Толку ли е тешко, да си ја направиме државата нормално место за живеење?

Новинарот Мишко Иванов е познат по серијалот „Патот до успехот“, емисијата во која многу познати личности од Македонија и од регионот го раскажаа својот животен пат.

“Секоја приказна е посебна на свој начин. Никогаш нема да го заборавам гостопримството на нашиот Гранде Горан Пандев. Нѐ однесе на тренинг, нѐ прошета низ Џенова, гледавме натпревар со Фиорентина.

Нема да го заборавм ниту интервјуто со Благоја Нацовски, нашиот оперски пејач, кој ни ги отвори вратите во Миланската скала, со што станавме првата ТВ која влегла во миланската скала.

Неверојатна личност, непосреден кој од Џенова специјално дојде со нас во Милано за да го реализираме интервјуто со него.

Нема да заборавам, и како од Џенова во полноќните часови со авотомобил стасавме во Марибор, за утредента да снимаме со нашиот Милко Ѓуровски и веднаш оттаму по интервјуто да заминеме за Белград каде што нѐ чекаше Милена Дравиќ.

Нема да заборавам и кога траектот нѐ чекаше, оти доцневме, а беше последен тој ден. Сепак, одлично е сѐ. Дуда Ивковиќ неверојатен, вистински домаќин кој нѐ пречека во неговиот дом.

Светлана Бојковиќ дама, Лепа Брена врвен професионалец, само нѐ праша: „Момци, колку трае снимањето“?

Ѝ рековме 3-4 часа, снимавме 10 часа, нормално со пазуа за заеднички ручек. Кога завршивме само праша: „Момци дали е сè во ред?“ Задоволни рековме да, ни се заблагодари и контактите ги имаме сè уште.

Горан Бреговиќ кој не прими во неговиот дом. Тарик Филиповиќ, другарчина, и со него сме во постојана комуникација. И да, има уште многу наши приказни..

„Патот до успехот“ е навистина и работа и задоволство“, изјави Иванов во Женски магазин.

Тој долги години е во брак со проф. д-р Татјана Стојановска – Иванова од Институтот за саоциологија при Филозофскиот фактултет на УКИМ.

Во 2019 година, Мишко Иванов објави дека повеќе нема да биде уредник на информативните програми на ТВ24, откако неговата сопруга беше назначена за член на Извршниот комитет на СДСМ.

„Сакам да ве информирам дека после сите случувања изминатава недела, јас Мишко Иванов, новинар од 1997 година, досега без ниту една дамка во својата кариера, поради политичкиот и партискиот ангажман на мојата сопруга во ИО на СДСМ, се повлекувам од уредување на Вести и Дневник, а и од политички соочувања.

Прво, не сакам да го нарушам угледот на телевизјата кој се гради со години, а второ и мојот морален и етички моментум не ми дозволува да бидам уредник на Дневник или пак да водат политички и економски дебати.

Останувам во ТВ 24, и фокусот го насочувам исклучиво кон моето милениче „Патот до успехот“, рече тогаш Иванов.

Во својот нов статус, Иванов се осврнал на лавиринот во Градскиот парк кој се асфалтира, а поради ова градоначалничката Данела Арсовска е на мета на критики од јавноста.

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ побара од градоначалничката Данела Арсовска да се прекине со асфалтирање на земјените патеки во првиот дел од Градскиот парк во Скопје, откако денеска веќе е асфалтирана патеката околу малиот лавиринт, а ќе се асфалтираат вклупно 7.500 метри земјени патеки во овој дел од паркот.

Бараат Град Скопје веднаш да ги адаптира своите активности на препораките кои се дел од стратешките документи што локалната самоуправа ги изработува, а се платени од пари на граѓаните.

Арсовска објави дека е со успешно завршената реконструкција на пешачките патеки во вториот дел од паркот, каде веќе се реконструирани над 12.000 квадратни метри.

-Продолжуваме со реконструирање на сите останати пешачки површини во Градскиот парк. Со реконструкцијата во оваа фаза е предвидено да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк“, рече таа, а објави 24info.mk

-Толку ли е тешко, да си ја направиме државата нормално место за живеење. Колку е се едноставно на сликата. Ништо повеќе, ништо помалку“, напишал Мишко Иванов во овој контекст, и споделил слика од езерото Комо во Италија.

Previous articleПо долго време, во јавноста се појави Благица Павловска, по грешка или намерно, колегата ја вмеша и Џенифер Лопез во оваа приказна со која е поврзан и Наум Петрески
Next articleШколо во Кочани целосно се распаѓа, овој херој го спасува- Да носиме ли чадори внатре кога врне, ја прашува наставничката Општината