Home Live По долго време се огласи Маја Оџаклиевска и раскажа приказна за помалиот...

По долго време се огласи Маја Оџаклиевска и раскажа приказна за помалиот внук

Андреа Оџаклиевска, наследничката на Маја Оџаклиевска, стана вистинска волшебна бринета, која може да им парира на познатите убавици, објави српскиот портал „Ало“.

Андреа, која честопати ја следеше нејзината мајка во нејзините телевизиски настапи, веднаш ги собра комплиментите на телевизиските гледачи поради тоа што изгледа одлично.

Ова може да се види и на нејзиниот Инстаграм профил. Студентката по туризам често споделува свои фотографии со нејзината мајка.

И на нив најдобро се гледа дека таа наследила многу од нејзината мајка, меѓу другото, широката насмевка што ја краси познатата поп-пејачка со децении.

Кога ќе ја погледнете, нејзината насмевка може да ви каже која е нејзината мајка. Но, штом ќе го слушнете нејзиното презиме, работите ќе ви станат совршено јасни.

– Жртвував добар дел од мојата кариера да бидам постојано со моите ќерки. Ги носев насекаде, работејќи паралелно, но и избирајќи дестинации за да бидам со нив.

Самохраните родители најдобро знаат колку е тешко да се одгледуваат деца без помош на баби, тетки и други роднини.

Не велам дека тие не ми помагаа, но најголемиот дел од товарот падна на мојот грб, и тоа е многу тешко. Уште потешко е кога имате две деца.

Одговорна е и физички напорна работа, ако сакате да сторите сè како што треба – рече Маја пред неколку години за „Блиц“.

Покрај својата ќерка Андреа, Маја има и ќерка Теа, која ѝ го подари внукот Лука пред девет години.

– Лука е аутистичен, тој сè уште не зборува и јас сум целосно посветенa на него. Не велам дека се запоставив, но не сум во првите редови во ваква ситуација.

Тој стана сосема друго дете. Неговата мила душа е очигледно многу измачена. На секој од нас му пречи нештo. Тоа е многу индивидуална работа и секое дете со аутизам е свет за себе, секој има свој проблем – им рече еднаш пејачката на медиумите.

Кога решила да престане со пеење, Маја го продолжила животот со пензија од 33.000 динари месечно, (280 евра) бидејќи, како што вели, „повеќе би сакала да живее од тие пари, отколку да се вознемирува десет пати повеќе со чувство на пониженост.”

– Не можам да му дадам многу на мојот внук со мојата мала пензија, но тој е разумен. Кога ќе му речам: „Баба не може да го стори тоа, немаме пари“, тој се ќе намурти, но молчи.

Тој не е луто дете кое сака да го истера своето по секоја цена – искрена е Маја, која зборува целосно отворено на оваа тема.

Во една прилика, таа истакна дека не размислува за љубов и откри дека била во брак дури 12 пати.

– Имав 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојдеше тој момент кога мажот ќе почнеше да ми кажува: Ова или она не ми се допаѓа, јас ќе ги ставев сите негови работи во вреќи за ѓубре и ќе му речев: „Работите се пред тебе“. Здраво, збогум и нов брак.“ – рече како гостинка во една емисија.

Минатата година во месец мај, се омажи помладата ќерка на пејачката Маја Оџаклиевска. Андреа се омажи за Милош Живковиќ, кој е брат на познатата манекенка Дејана Живковиќ.

Младенците за време на венчавката биле многу среќни и не ги тргале насмевките од своите лица.

Во октомви минатата година, Маја по втор пат стана баба, откако нејзината помала ќерка Андреа доби син од бракот со сопругот Милош.

Маја по долго време напишала статус на својот Фејсбук профил, и објавила слика од својот помал внук, кој е син на нејзината помала ќерка по име Андреа. Всушност Маја бара некој да го чува внукот, бејбиситерка, и во својата објава таа раскажала приказна за внукот.

Потребна е бејбиситерка за ангел на една година. Три дена во неделата по 7-8 часа (можни се и дополнителни часови), обезбедени оброци и месечен билет за превоз.

Плаќање неделно. Се бара лице со искуство и “pet frendly”. Ангелчето не е импресионирано од чадот на цигарите, оправдано, па гостите најчесто излегуваат на тераса за да ја задоволат страста кон цигарите, најмногу кога ангелчето ќе заспие.“

Previous articleНиколина Пишек по загубата на сопругот пак е среќна, додека свекорот ја плука каде што стигне
Next articleВладимир: Дали некој во Македонија некогаш успеал да истурка цел месец со платата и да му остане?