Home Live По долго време, во јавноста се појави Благица Павловска, по грешка или...

По долго време, во јавноста се појави Благица Павловска, по грешка или намерно, колегата ја вмеша и Џенифер Лопез во оваа приказна со која е поврзан и Наум Петрески

Благица Павловска,легендата на народната музика, во едно интервју зборуваше за почетовите не нејзината кариера, која е секаоо успешна и со многу, многу хитови. Интервјуто го даде за aleksandrovaastrologija.wordpress.com

-Со оваа професија се занимавам минативе 30 години, а не од 1992 како што знаат повеќе во јавноста. Прв пат официјално се појавив на фестивалот Цветници, кој официјално се организираше од МРТВ.

Но, пеев и пред тоа, со тоа што додека беше Екс Југославија, пеев на повеќе простори од нашата држава, пеев на запад, во Германија, Европа и т.н.

Сакав да успеам во тоа време на Југословенско ниво, но тоа не ми успеа. Зошто не ми успеа? Најверојатно не ми беше времето тогаш. Кога сакав да почнам кариера надвор од нашиве простори се случи да се вратам од Босна, Сараево бидејќи тогаш почна вој-ната.

Во два наврати спремав материјали и никако да ми тргнеше тоа да го завршам. Но ништо не е случајно. Отпочнав со тоа што сакав мојот квалитет и мојот глас да го ставам на носач на звук за да го одбележам она што го правев со години, затоа што бев доволно извежбана и доволно веќе научив во однос на пеењето.

Не мислејќи дека ќе станам звезда, никогаш не мислев дека ќе се случи тоа што се случи. Но кога веќе настапив, автоматски се појавуваат и пријатели и непријатели. Од старт наидов на тоа.

Она што знам за себе е дека сум секогаш пријателски настроена кон сите, пред се со љубов го работам она што го работам и што пеам и она што ќе го одберам како песна.

Значи сакам секогаш да биде во позитивна смисла за да можам да побудам кај оние што ме гледаат и слушаат позитивна мисла и позитивен ефект од сето тоа а не да биде за да некој ме гледа лошо или мисли така како што мисли.

Во мојава кариера, од 1992 год. многу работи осознав, од она што не го знаев. Верував во Бог и порано, меѓутоа незнаев и не ја осознавав вистината.

Да веруваш не е исто како и да го почувствуваш тоа, да ги почувствуваш и добрите и лошите страни на животот и на луѓето околу себе.

Од моето лично искуство и мојата работа, запознав голем број на добри и голем број на лоши луѓе што значи дека по некој природен процес, мојот организам и мојот ум се бори да ги елиминира негативните а да ги задржи позитивните страни за да можам да опстојувам.

Значи опстојувањето на една личност како што сме ние во јавниот живот, имаме разноразни препреки, што вака гледано со голо око некој може да не ги види. Оној што сака да ти наштети може да ти наш-тети и на поинаков начин.

Со самото пеење јас сум во друга димензија. Тоа е на едно повисоко ниво. Високите битија кои ме водат во мојот живот за да го остварам она што треба да го остварам и е по Божја промисла.

Мене Бог ми ги отворил вратите а јас треба да креирам зашто ние луѓето на Земјата креираме, имаме ум, тело, раце, нозе, не да креираме во негативна смисла туку во позитивна смисла на креацијата.

Така и јас креирам преку песната со добро избраниот текст, дали ќе биде љубовна, родољубива, патриотска, сите тие текстови треба да се прифатат правилно значи кога правилно би размислувале и по Божја промисла, како што Бог сака.

Бог вика : и кон непријателот нема да викаш непријател, значи мораш да го прифатиш таков каков што е но нема да му возвраќаш со лошо туку ќе му возвраќаш со добро. Само со добро може да се побие зл ото.

Во мојата кариера постигнав од старт успех со тоа што можеби не таму каде што требаше да бидам наградена како појава и како иновација, како визу елен настап и како гласовен и мисловен.

Значи мислата што сум ја пренела и текстот што треба да се испее треба да се донесе во една целина. Сите три нешта заедно.

Андреј од групата ДНК објавил една меркалиска слика на стори на неговиот Инста профил. На сликата тој си е на гезме со Наум Петрески, но со нив е и Благоца Павловска.

Па сите среќни, насмеани на оваа слика, а Наум во средина ги гушнал Благица и Андреј и ги означил на ова стори. Арно ама, Благица е означена како Џенифер Лопез зашто некои медиуми и луѓе веќе ја нарекоа Благица македонската Џеј Ло.

Не е познато дали пејачката и актерката Џенифет Лопез го видела ова стори на кое е означена, и дали Андреј намерно или случајно тоа го сторил, но како и да е, тројцата изгледаат многу симпатично на сликата.

Previous articleВо мрежест костим за капење, Јована од „Сител“, на плажа изгледа како девојче (ФОТО)
Next articleНовинарот Мишко Иванов се изјасни за асфалтираниот парк на Данела: Толку ли е тешко, да си ја направиме државата нормално место за живеење?