Home News Школо во Кочани целосно се распаѓа, овој херој го спасува- Да носиме...

Школо во Кочани целосно се распаѓа, овој херој го спасува- Да носиме ли чадори внатре кога врне, ја прашува наставничката Општината

Кај неговите кавадарчани и кај Фејсбук пријателите е познат по оригиналниот хумор и по искреноста на социјалните мрежи, а пошироко како човекот кој поправа стари компјутери и ги донира на ранливите категории.

Борче Стаменов е пример за хуманост, а особено во време на пандемијата. Во тој период, кога децата учеа онјалн, тој секој свој слободен момент го посветуваше и го сега го посветува на тоа да поправи стар компјутер или лаптоп и да го подари на оние кои не можат да си дозволат да си купат.

Акцијата на Борче наречена „Донирај компјутер“ започнала сосема случајно, во 2016 година. „Идејата дојде од таму што ние како фирма за изработка на книговодствен софтвер, честопати имаме клиенти кои својата опрема ја менуваат преку набавки од кај нас.

Компјутерите кои ги менуваат по отпишување ги оставаат овде. Токму тие компјутери беа и првите десетина или дваесет кои се дадоа на почетокот.

Мотивот беше да се помогне на нашите граѓани кои не можат да си дозволат да купат нов компјутер“, ја започна Борче својата приказна за Женски магазин.

-Кога започна цело ова со коронавурусот поради моја и безбедност на оние на кои им праќам донации, ја прекинав акцијата. Но, со самото воведување на онлајн наставата едноставно не можев да ги оставам луѓето така.

Имаме доста дечиња во државата кои уште немаат компјутер и поради нив продолжив. Нормално дека сум повеќе внимателен. Донациите кои пристигнуваат ги оставам да “преспијат” 24 часа и потоа ги пребришувам со дезинфекциско средство.

Работам со ракавици. Советувам истото да го прават и тие на кои им праќам донација. Комуникацијата како што спомнав се одвива преку фан страната и многу ретко по телефон“, изјави во 2020 Стаменов кој сега има донирано речиси 1800 компјутери.

-Ете, има една донација која ја пратив на семејство во Битола. Посебно кај неа беше што го симболизираше токму она кое „Донирај Компјутер“ всушност е. Таа донација се врати кај мене после шест месеци.

Причината беше тоа што на тоа семејство некој од роднините им купил нов компјутер. Кога ја вратија рекоа: „Напред дечко, усреќи некој друг како што и нас ни донесе среќа.

Таква беше ситуацијата и со детенеце кое ме контактираше за да ми заблагодари.

Последната е кога детенце на кое му пратив компјутер ми испрати сликичка кое ја нацртало. На неа бевме јас и детенцето во срце. Чиста среќа и искреност! Имаше и еден студент на кои радоста му ја почуствував во гласот, а тоа со зборови не се објаснува ниту искажува.

Има доста приказни кои предизвикале чувство на радост и среќа, најповеќе кај мене, а после и кај сите други кои акцијава и она што го пишувам по социјални мрежи ја следат од самиот нејзин почеток“, додаде Стаменов.

Борче сподели статус од Ана Симонова која вели дека тој и неговото здруженит „Донирај компјутер“ опремиле со компјутери цело едно училиште во Кочани кое е со многу лоши услови за децата кои учат во него и за вработените.

– Од каде да почнам денес, уште рано во 7 негде станав и ми текна дека иде школска година, и можда трет, четврт бран ковид, којзнае . Учениците во нашето училиште кое патем е најстаро училиште во градот “Раде Кратовче” ќе немаат повторно услови за пристап до компјутер, интернет…

Децата се голем дел од социјално загрозени семејства. Ми текна на Борче Стаменов #донирајкомпјутер и му пишав, што биде нека биде. Не сакав многу да го гњавам му образложив во која ситуација сме и му реков Борче, да не те гњавам многу проблеми се многу главниот е дека НЕМА.

НЕМА ШТО НЕМА. НЕМА КОМПЈУТЕРИ, НЕМА ФАСАДА, НЕМА ДОБАР КРОВ АМА АЈ ДА ПОЧНЕМЕ ОД НЕШТО. Човеков луѓе… Од еден збор…”ќе средиме”. Му ѕвонам пресреќна на директорот и викам ќе средиме, рачунај ќе биде подобро.

Ти благодарам Борче што не морав да објаснувам зошто и како нема, како училиштата ни немаат основни услови, како ни протекува дожд кога врне, како ни се рони фасадата и неаме спортска сала. Се разбравме како луѓе од 21 век кои живеат во 16 ти.

Учениците и целиот наставен кадар ќе ти бидат благодарни за овој благороден гест, да овозможиш полесен и современ пристап за учење на нашите ученици.Ќе имаме дури две училници со компјутери.

Воедно сакам да ја прашам #ОпштинаКочани кога ќе врне како да правиме, да носиме чадори или има друга опција? За внатре зборувам, да. У

ште еднаш ти благодариме од и те очекуваме во Кочани“, напишала Ана која предава македонски јазик во ова училиште.

Фото Фејсбук

Насловна фотографија: Freepic принтксрин

Previous articleНовинарот Мишко Иванов се изјасни за асфалтираниот парк на Данела: Толку ли е тешко, да си ја направиме државата нормално место за живеење?
Next articleМиа Костова советува како да се оди на одмор за 300 евра комплет, и зошто да не се земаат никакви кредити