Home Live Во мрежест костим за капење, Јована од „Сител“, на плажа изгледа како...

Во мрежест костим за капење, Јована од „Сител“, на плажа изгледа како девојче (ФОТО)

Јована Стојменовиќ ја знаат гледачите кои ја следат утринската програма „Ја сакам Македонија“, и таа е една од омилените во македонскиот ТВ етер.

Харизматичната водителка која плени со својата појава деновиве ни раскажа како се снаоѓа во улогата на главен и одговорен уредник на магазинот „Убавина и Здравје“, а воедно и кој е најголемиот предизвик со кој се соочила во текот на долгогодишната кариера.

-Не можам да одберам еден гостин. Секој пат учам нешто ново од луѓето кои доаѓаат кај мене во програма и ги гледам нивните начини на кои би сакале да се презентираат себе си или она поради што дошле, како се справуваат со тремата пред камерите…

Секој оставил некаков впечаток подобар или помалку добар, но јас не сум таму за да судам, туку да помогнам сите да бидеме задоволни, јас, телевизијата, гостинот и најважно – гледачите!“, изјавила Јована во едо интервју за Иди види.

-Предизвиците настапуваат нагло и привидно сакаат да не сомелат, но мислам дека клучот е да не пружаме отпор на нивната сила туку наместо борба со околностите и притисоците да влеземе во некаков танц во ритамот кој го диктира предизвикот.

Љубов, останатите емоции кои ги следат нештата кои ги правам или ми се случуваат, емоциите ми се многу важни и ги следам, слушам, и темелност на пристапот кон се што ми е важно.

Идеалниот изглед за една жена е да биде задоволна од себеси и да го рефлектира тоа задоволство во околината. Самодовербата е многу важна во впечатокот кој некој би го нарекол идеален, а за да имаме самодоверба треба да бидеме сигурни во себе, во своите способности, изглед…

За тоа да биде така, треба и да работиме на себе. Од аспект на изгледот најважна е храната и негата, а потоа и работа на стилот. Лесно ќе направите модна или „бјути“ икона од жена која има негувана кожа, коса, нокти, заби, добра фигура во форма…

Доволно е да ги следи бјути трендовите за шминка и нега или модните трендови и идеи за стајлинзи во сегментот мода на „Убавина и здравје“, рекла Јована во истиот медиум.

– Во овие 12 години работа на утринската програма, за среќа, многу ретко ми задоцниле или воопшто не се појавиле гостите во договорениот термин. Во таквите ситуации, како и за се друго во животот, ве спасува планот Б.

Искуството си го прави своето за да имате план Б и да бидете подготвени и брзо да реагирате“, изјави Јована за vipheart.mk.

– Емисијата оди во живо и постојат многу непредвидени ситуации кои можат да се случат и се случиле.

Лапсуси секако дека имало и ќе има, но не можам да издвојам некој конкретен на кој се сеќавам, веројатно поради тоа што секогаш гледаме да ги заборавиме ситуациите што ни предизвикале да се засрамиме.

Но, имало многу згоди и незгоди на целата утринска екипа што предизвикале и да се нервираме, но и да се смееме до солзи.

Неодамна една гостинка стави чајник за кој не знаеше дека е со пластично дно на рингла поради што се случи вистински пожар на плотната и се зачади целото студио, а снимателите го гаснеа само две минути пред да продолжиме во живо.

Но, шоуто секогаш мора да продолжи, па така и би, како ништо да не се случило“, изјави Јована во Женски магазин.

Кога минатата година, Јована прослави слави роденден, па на социјалнире мрежи ги почести своите фанови со две преубави фотографии, и со по некој мудар и интересен збор.

– Децата растат, а луѓето стареат? Не! Човек никогаш не треба да престане да расте. Ова не е утеха за стареењето.

Ова е предизвик. Да бидеме подбри и поголеми луѓе со секоја наредна година од животот.

Денес ми е роденден. Благодарам за убавите честитки“, напиша Јована.

Во една прилика, Јована објави фотографии од својата мајка и напиша: Среќен роденден мама! Според сликите, несомнено е дека Јована убавината ја наследила токму од мајка си и дека многу наликува токму на неа.

На своите најтазе слики на Инста, Јована покажала дека е спремна за на плажа.

Во мрежест костим, насмеана, таа позира на песочна плажа и изгледа топ. Јована никогаш не ја спомнала својата возраст, но секако изгледа како млада девојка.

Previous articleБеше позната манекенка во Македонија, сега замина во Германија да работи нешто сосема друго- Ана раскажа како навистина се живее на запад
Next articleПо долго време, во јавноста се појави Благица Павловска, по грешка или намерно, колегата ја вмеша и Џенифер Лопез во оваа приказна со која е поврзан и Наум Петрески