Home Live Долго се бореше да стане мајка со многу солзи и тешкотии, сега...

Долго се бореше да стане мајка со многу солзи и тешкотии, сега ужива со својата ќеркичка – оваа наша пејачка е вистински херој

Нашата позната фолк пејачка Татијана Стефановска е од Битола е една од најатрактивните на нашата естрада. Таа е мажена за музичарот Митко Бежаноски.

– Музиката е важен дел од мојот живот, уште од најмала возраст… видно талентирано дете сум била J покрај долгогодишното пеење во градскиот хор и пеењето на некоја свадба кога сум била гостинка, и не сум размислувала да станам пејачка, иако имав безброј понуди скоро од сите битолски групи.

Но, подоцна сакав да настапам на фестивалот „Валандово“ и така беше. Настапив на фестивалот во 2007 година, со пеење во живо, без ниеден ден работа како професионален пејачл.

Дотогаш немав настапено никаде – директно на сцена и пренос во живо на МРТ и сеуште не планирав да продолжам со пеењето, ама ете сакав барем еднаш да излезам на сцена сама.

Но, мојот настап го забележаа многу музички имиња кои пејат и оние кои творат, па ме убедија дека сум родена за оваа работа J. Така почна мојата кариера“, изјави Татијана во интервју за http://estradaworld.blogspot.com

– На почетокот на кариерата, најголем критичар ми беше мајка ми, а подоцна сопругот. Но, вооедно и подршка.

На почетокот мајка ми не се согласуваше јас да се занимавам со оваа работа, но веројатно кога виде дека одам во правилен правец, беше задоволна и почна нејзината подршка.

Се разбира, музиката ме спои со сопругот, кој исто така е музичар и од големо значење ми е неговото мислење, а неговата критика ме направи и подобар пејач во последниве неколку години“, изјави таа во истото интервју.

Татијана во една прилика изјави дека пандемијата уште повеќе ги зближила со сопругот, затоа што и двајцата биле повеќе дома кога не настапувале, а инаку беа доста ангажирани и кај нас и во дијаспората.

Но, она што речиси никој не го знаел е дека Татијана очекувала принова, и затоа меѓудругото паузираше со настапите. Како што објави Фокус, Татијана и Митко желно го очекувале своето прво дете цели 10 години.

-Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ана! Господ секаде да дава ваква радост! – објави Стефановска на Фејсбук и така сите дознаа дека станала мајка, во јуни минатата година.

Веднаш почнаа да се редат честитки и благослови за малата ана. „Уживајте во секој миг, среќни родители, нека е жива и здрава“, е една од честитките.

Таа и нејзиниот сопруг, кој има син од претходниот брак, се заедно цела деценија. Битката на Татијана да се оствари како мајка траеше долг период и беше тешка тема за која пејачката избегнуваше да зборува во јавност, се вели во објавата на Фокус.

-Чувството да се биде мајка е најубавото нешто што сум го доживеала. Иако долго го чекав овој момент и многу тешко стигнав до ова, за миг сè се заборави. Сите тешкотии, солзи… имаше солзи, но овој пат, радосници.

Ана е едно мило но многу пргаво бебе (се смее) . Покажува што таа сака и не ни попушта за жива глава (се смее) и се мислам како понатаму ќе ја убедуваме во некои работи .

Деновите ни поминуваат во хранење, пресоблекување , капење и едно од поважните работи за неа-шетање надвор. Секој плач може да се запре кога се движиме кон влезната врата.

Имам помош од сопругот и од свекрвата и свекорот. Премногу ми помагаат и многу сум благодарна на тоа. Незнам што би правела без нив.

Ова е најубавата работа што може да се доживее, но воедно и најтешката, најодговорната и затоа не знам што би правела без помошта од моето семејство“, изјави на крајот од минатата година Татојана во Женски магазин.

Борбата на Татјана сега е зад неа. Таа објави слика од својата слатка ќеркичка, како безгрижно ужива во природа и ја опиша со едноставни и убави зборови: Душа моја, Ана.

По се што поминаа со сопругот, оваа наша пејачка која херој ја нарекоа многумина го користи секој миг да ужива во среќата со својата фамилија.

Previous articleТрифун Костовски кажа на кој датум ќе ја објавел „вистината за Еуростандард банка“
Next articleСреќни времиња: Кога бевме деца правевме шатори од столици и ќебиња, си игравме купувач и продавач, читавме стрипови и се разменувавме