Home Live Еве зошто Здравко Чолиќ се плашеше да ја прошета сопругата во јавност,...

Еве зошто Здравко Чолиќ се плашеше да ја прошета сопругата во јавност, серизона причина е во прашање

Славниот пејач Здравко Чолиќ е посветен на своето семејство, и тој го користи секој слободен момент да ужива во зеленилото на мирната област во која живее.

Тој сака да се релаксира со чаша вино и добар разговор, а соседите го опишуваат како вистински господин и домаќин.

Една од најголемите балкански sвезди, живее со сопругата Александар и ќерките Уна и Лара во елитниот, но и мирен дел од Белград, и тој се обидува да ја зачува приватноста на семејството во луксузната вила.

Здравко Чолиќ на 30 мај наполни 71 година, верувале или не. Во едно интервју, тој зборуваше за жените кои го сочинуваат најголемиот дел од неговата публика, но и за неговата сопруга Александра, со која е во брак 20 години.

– Мојот главен адут е енергијата што се обидувам да ја пренесам со мојот глас и некои лични изрази.

Тоа е најважно, а има толку убави и згодни мажи со мускули колку што сакате – рече Здравко Чолиќ, а потоа разговараше за неговата венчавка со сопругата Александар.

– Двајцата потполно спонтано се венчавме на Први мај. Сите мислеа дека тоа е скриена камера затоа што отидовме на првомајска свеченост.

Ние сме во врска веќе подолго време, па тоа беше џа или бу. За да трае врската или бракот, мора да постои почит и пријателство – рече Чолиќ за „Стори“.

Инаку, познатиот композитор и клавијатурист, Александар Бањац ненадејно си замина на 45-годишна возраст.

Како што објави „Новости“, тој вчера отишол во студиото да работи и си заминал од овој свет ненадејно.

Александар бил пронајден на подот во студиото, никој не бил со него.

– Само го пресече – изјави за „Новости“ извор близок на композиторот. Да потсетиме, Бањац е роден на 22 декември 1976 година во Ќуприја.

Тој покажа голем талент и интерес за клавијатури во основното училиште. Средното музичко училиште „Исидор Бајиќ“ го заврши во Нови Сад.

Потоа се запишува на Академијата за уметности, музички отсек за композиција во класата на Милан Михајловиќ и Славко Шуклар.

Свиреше со многу ѕвезди и постигна значителен успех во музичкиот свет, а најпознат е како клавијатирист во бендот на Здравко Чолиќ.

Здравко Чолиќ важи за еден од најпопуларните пејачи на поранешна Југославија, по кој полудуваат жените. Покрај тоа што секогаш бил омилен пејач, Чолиќ имал и неколку незгодни ситуации со својата публика.

Имено, тој откри дека за време на еден настап жена од публиката ја нападнала неговата сопруга Александра.

Се претпоставува дека тоа е една од причините зошто Чолиќ речиси никогаш не се појавува во јавноста со сопругата со која има две ќерки.

– Сум поминал и доживеав многу во животот. Еднаш обожавателка ја нап адна мојата сопруга со нож и и го расече лицето. Сандра се тргна, но оваа малку ја закачи, за среќа без поголеми последици. Тоа беше многу одамна, но сè уште го паметам до ден-денес.

Мојата сопруга немаше други поголеми непријатности, бидејќи не се експонира, не е таков тип и верувам дека сопругата и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста – изјави Чола во едно интервју.

Тој објасни дека во овој случај среќата била што неговата законска сопруга не била љубоморна, па драмата брзо завршила:

– Мојата сопруга реагираше соодветно. Таа ја разбира мојата работа. Мислам дека тоа позитивно влијае на неа. Таа го доживува како добро и убаво, како нешто што претставува дел од мене.

Таа публика е со мене со години и го поддржува тоа што го работам. Верувам дека може само да и биде драго поради тоа – објасни тој.

Пред некоја вечер пејачот одржа концерт во Будва, каде конечно се појави неговата сопруга Александра која му даде целосна поддршка.

Се чини дека пејачот и неговата сопруга го надминаа стравот од непријатни ситуации, а неговата поубава половина повторно реши да го придружува на настапите.

Како изгледа сега, сопругата на Здравко, Александра, можете да видите ТУКА.

Previous articleНа 50 години, има тело како да има 25- Лила откри како ѝ успева така да изгледа
Next articleЕве како Сања Сани му честиташе роденден на Трајче: Вака да МЕШАМЕ цел живот ТАТЕ (ВИДЕО)