Home Live Гавазова има среќна облека за настап што ѝ носи пари, овој провокативен...

Гавазова има среќна облека за настап што ѝ носи пари, овој провокативен комплет што многу открива често го носи (ФОТО)

Сузана Гавазова важи за пејачка која не е премногу загрижена за она што другите ќе кажат за неа. Таа важи за една од најзгодните фолк пејачки во Македонија, а на социјалните мрежи редовно привлекува внимание со своите фотографии.

Таа во последно време на ѕвезденото небо се истакнува и со своите специфични модни комбинации, а не ретко објавува и фотографии на кои покрај оскудните изданија, можеме да ја видиме и во костими за капење.

Сузана е посветена и грижлива мајка на двете ќерки Емили и Селена кои ги има со сопругот Јасмин кој е по потекло од Босна а заедно живееја во Шведска.

И покрај благодетите кои ги нуди оваа скандинавска земја, тие решија да се вратат во Македонија, а објавија и зошто, луѓето, убавата клима и онаа позната дома си е дома ги врати во родниот крај на Сузе.

Пејачката пред извесно време објави неколку фотографии од семеен одмор со сопругот и со ќерките.

Но покрај фотографијата од која можеме да видиме како ужива на вчера со сопругот, пејачката објави и една на која во центарот на вниманието е нејзиното деколте, а на сите им го привлече вниманието со тетоважата која ѕирка под тесната облека на овој дел од нејзиното тело.

Имено, Гавазова под левата клучна коска ги има истетовирано зборовите „Љубов, надеж, верба“, но на италијански јазик.

Како што своевремено самата откри за медиумите, оваа тетоважа ја има направено со надеж и верба дека еден ден ќе го најде својот животен сопатник, што набргу и се случи.

Покрај оваа тетоважа таа имаше и една во форма на око, која пред извесен период ја покри со друга. Пејачката има тетоважа и на својата „позадина“ – нејзиниот хороскопски знак, стрелец.

Сузана на едни фотографии кои ги има објавено нејзиниот колега Трајче Толевски во прв план ги стави тетоважите. Имено, Толевски објавил слики од него и од многу колеги кои се собрани заедно во ресторан.

Во една прилика, во интервју за Музика 24, таа откри за нејзиното наводно несогласување со Благица Павловска.

-Се сеќавам во еден таблоид измислија приказна дека јас и Благица Павловска сме се спречкале за некоја песна, ама еве сега ќе кажам дека тоа не е точно Благица Павловска е толку добра што таа не знае да се ска-ра и да биде ло-ша.

Таа е една од малкуте луѓе добра што ги знам на овој свет… барем за мене е таква таа.

На сите само добро им направи таа, испеа толку убави песни, многу ја почитувам и морам да кажам дека таа ми беше идол кога почнував, учев од неа како треба една пеачка да се однесува на една сцена.

Таа кога излегуваше на сцена се сеќавам беше како дива… ме потсетуваше на Тина Тарнер, рече Сузана за Благица. Сузана исто така коментираше за нејзиниот однос со Даниела Темелковска, нејзината фолк колешка.

-Со Даниела Темелковска сме во најдобри односи, таа е пред се многу добар човек, другар и се најдобро можам да кажам, многу ја сакам и да ти кажам од вас слушам дека јас и Даниела не сме во добри односи“, прокоментира Сузана за Даниела.

-Јас сега се дефинирам како поп фолк пејачка, а порано како фолк пејачка. Значи порано пеев повеќе фолк песни, ново компонирани фолк песни по фестивали, а сега повеќе модерен фолк или поп фолк, како што пеат во Бугарија и Србија и ќе кажам дека тоа е најактуелна и најбарана музика во денешно време.

Се сметам за популарна бидејќи насекаде кога одам низ Македонија ме застануваат луѓето, па сакаат да се фотографираат… Тоа секако дека ми одговара и се сметам за популарна.

Гавазова објави стори на кое настапува, облечена во зелен комплет, сукња и кратка маица, а гостите уживаат додека таа игра и пее.

И на 7 јули, на нејзиниот Инста профил, таа објавила видео во истата облека која изгледа дека и е среќна и ѝ носи пари.

На видеото, таа воодушевено позира во оваа облека, а ја снима најверојатно нејзиниот сопруг, Јасмин. Како да е , Сузе во овој аутфит изгледа навистина топ!

Previous articleСара Мејс го роди Кирил, а еден детаљ од сликата од болница најмногу паѓа во очи (ФОТО)
Next articleЗоки: 365 дена живеам како на одмор и секој ден јадам тоа за што ти штедиш цела година за да го стаиш на стори од одмор