Home Live Лозано призна дека има девојка, откако ја раскина веридбата со Савка, пејачот...

Лозано призна дека има девојка, откако ја раскина веридбата со Савка, пејачот е конечно во нoва врска!

Девојките лудуваат по него, а го сакаат и децата и повозрасните и поради неговата музика, песни и скромноста. Влатко Лозаноски со прекар Лозано е несомнено нашиот најпопуларен пејач.

Влатко неодамна искрено зборуваше како останал имун на сите лоши работи и пор -оци кои ги носи неговата професија, музиката, и рече дека неговата професија воопшто не е лесна, а се присети и на неговите не толку лесни почетоци.

-Од Кичево сум одел со автобус да снимам во Тетово, снимам и со следниот автобус сум брзал за да се вратам“, рече кичевченецот.

„Жртвата е многу тешка“, рече Лозано. Влатко зборуваше и дека е голем тремаџија и за тоа дека му треба доста време да се опушти на концерт.

Влатко рече дека првпат сфатил дека е познат после шоуто Мак ѕвезди, и зборуваше зошто никогаш не посегнал кон по роци. „Нема потреба од такво нешто, се е психолошки момент. На р коти -кот е публиката, таа ти дава екстаза.

Реално како иднивидуа сум голем тремаџија. Денеска и да имам пет шест концерти, имам трема. Но, се опуштам после првата, втората песна,“, изјави Лозано во емисијата Еден на еден. Секогаш си имав некој ритуал сопствен.

И моите колеги пред концерт ми зборувале- зошто вака си чуден? Кога имам некој важен настап, не сакам да сум со луѓе.

Сакам да појдам на некое место каде што сум сам, глeдам Нетфликс, и не мислам на она што следи. Не знам дали некому му успеало, на некој што е нервозен да му речеш: Не се нервирај!

Потоа Лозано зборуваше за својот голем концерт во салата Борис Трајковски кој се слули во 2019 година, а имаше околу 10 илјади луѓе во публика.

На концертот во Борис Трајковки не очекував дека ќе има толку многу луѓе. И си мислев, може да се случат некои чудни работи.

На пример, ќе ми падне рефлектор, се сопнуваш, некои банални работи…“, зборуваше Лозано за своите стравови пред да излезе на сцена.

Во друго интервју за Женски магазин, музичката ѕвезда искометрира дали повторно би одел на Евровизија, но раскажа и за неговиот прекар- Лозано.

– Искрен да бидам и имам, но и немам добро искуство од Евровизија. Би сакал нормално повторно да ја претставувам Македонија, но само доколку имам добра песна и добри услови за работа, за да сепак го оправдам моето учество пред публиката“, рече тој.

Кога гостуваше во емисијата „Магазин“ на сител, водителката потоа рече дека има луѓе коишто веруваат дека вистински сакаш само еднаш, а има и луѓе кои велат дека ако отвориш срце може и повеќе пати да сакаш.

– Да, со отворено срце може да се случи“, рече Влатко, а на ова водителката го праша: ти во која група припаѓаш, а тој рече: Па, најверојатно во втората.

Со отворено срце сум, никогаш никого не сум мразел, едноставно луѓето никогаш не треба да се мразат, треба да се најде решение за се, да сме толерантни, со толеранција може се да се реши, така да, им посакувам само убави работи“, рече Лозано.

Познато е дека пејачот беше во врска со Савка Грачанин, и пред неколку години ја раскинаа свршувачката, а оттогаш Лозано не зборува многу на темата љубов. Во едена прилика, тој рече дека се уште одржува контакти со неговата поранешна девојка.

Лозано во Женски магазин дал интервју и зборувал на многу теми, а раскажал и за неговиот карактер и начин на размислување во одредени ситуации.

– Се трудам да не избрзувам со ништо, за секој проблем секогаш или има или нема решение или има компромис, и пробуваме да живееме со тоа, без разлика на тоа дали нам ни се допаѓало или не.

Ние сите се нервираме, но сите на свој начин тоа го манифестираме, дојде такво време каде што секој си има свои борби, свои рунди, бесконечни рунди со реалноста каде што некаде победуваш, некаде губиш, негде бараш втора шанса“, рекол Влатко.

Потоа раскажал за моментите кога обожавателите го „напаѓаат“, во позитивна смисла на сворот секако.

Генерално ми се случува тоа да, кога сум на гости или на прошетка во нова средина, тоа е поизразено, не е тоа нападно или секојдневно, но секој што ќе ми се приближи се трудам да го испочитувам најмаксимално драго ми е што сè уште е така и што им носам на одредени минувачи некој вид на позитивна мисла и насмевка.

Потоа, дошло на ред прашањето- тоест она што девојките ги интересира, поточно неговите обожавателки: Сè уште е енигма за јавноста твојот љубовен живот. Дали си вљубен и емотивно исполнет?

Лозано кратко одговорил, но признал дека има девојка и е вљубен, а тој инаку откако раскина со Савка не зборувал за љубовта.

-Да, сум, благодарам на прашањето, сега засега одлично се чустувувам“, изјавил Лозано во Женски магазин.

Previous articleСреќни времиња: Кога бевме деца правевме шатори од столици и ќебиња, си игравме купувач и продавач, читавме стрипови и се разменувавме
Next articleНемале свој стан и живееле од нејзината плата: Најубавата и тажна љубовна приказна на Оливер Драгојевиќ со Весна