Home Live Немале свој стан и живееле од нејзината плата: Најубавата и тажна љубовна...

Немале свој стан и живееле од нејзината плата: Најубавата и тажна љубовна приказна на Оливер Драгојевиќ со Весна

Оливер Драгојевиќ, си замина на 29 јули во 2018 година. Легендарниот пејач го напушти овој свет околу 5 часот во болница во Сплит на 71-годишна возраст, објави „Јутарњи лист“.

Кралот на хрватската музичка сцена си замина точно една година откако му беше дијагностициран ра к на белите дробови. Тажната вест тогаш потврди семејството на Драгојевиќ, а пренесе „Јутарњи лист“.

Речиси целиот свој живот, Оливер ја сакаше своја Весна. Весна и Оливер Драгојевиќ се венчаа откако се познаваа само 10 месеци, а заедно останаа 45 години.

Да беше жив Оливер Драгојевиќ, во декември годинава ќе наполнеше 75 години. За жал, пред четири години ја загубивме една од најголемите легенди на хрватската музика.

Но, неговиот спомен живее во срцата на неговите бројни обожаватели, а пред се во срцата на оние кои му беа најблиски.

По повод неговиот роденден минатата година, неговата сопруга Весна му посвети емотивна објава на Фејсбук, заедно со која ја сподели и неговата песна „Кад ми доѓеш ти“.

-Драг наш дедо, денес 7.12. ќе наполнеше 74 години. Тажни сме без тебе. Твоето семејство те сака многу, како што не сакаше и нас“, напиша таа.

Оливер и Весна поминаа 45 години заедно, до неговото заминување во вечноста. Тие се запознале во 1973 година, а се венчале само десет месеци по средбата.

Љубовната врска која траеше четири и пол децении започна во родниот град на Весна, Дубровник, кога Оливер настапуваше со „Трубадурите“. После тоа често патувала во Сплит поради љубовта кон него.

„Не раскинавме затоа што секој викенд одев во Сплит со автобус, а во понеделник веќе бев во Дубровник на моето работно место, во дубровничката болница.

После десет месеци се изморив од сето тоа големо патување и се преселив во Сплит. Се венчавме пролетта 1974 година“, изјави во една прилика Весна.

Оливер во едно интервју откри дека во оваа ситуација се случило тие двајца да се запознаат во вистински момент, а тој немаше да се ожени со Весна доколку ја запознае подоцна, кога неговата кариера беше во нагорна линија.

„Секогаш велам дека имам среќа што се оженив пред да станам популарен. Да дојдеше Весна подоцна, никогаш немаше да се оженам со неа бидејќи ќе мислев дека е со мене за пари“, призна тогаш тој.

Напротив, и двајцата постојано повторуваа дека на почетокот не им било лесно бидејќи Оливер не заработувал многу од свирки, а живееле од платата на Весна која таа ја заработувала како медицинска сестра.

На почетокот живееле со семејството на Оливер, а во сопствен стан се вселиле дури во 1982 година. Првиот син Дино го добија во 1975 година, а три години подоцна пристигнаа и близнаците Дамир и Давор.

Весна и Оливер имаат вкупно седум внуци, а Оливер, во чиј живот се родиле пет од нив, им забранил на синовите да ги именуваат своите деца по него за да не го исмеваат едниот бидејќи се вика Оливер Драгојевиќ.

„Навистина ги сакам моите внуци, моето семејство, дури и не треба да го кажам тоа. Мислам дека сум добар дедо, гледам дека ме сакаат внуците. Тие се добри деца.

Знаете, додека не се родија внуците, не забележав колку брзо минуваше времето. Кога ги гледам како растат, ме потсетува на пченицата што ја сееш пред Божиќ, а потоа никнува кога треба“, рече тој во едно интервју.

Previous articleЛозано призна дека има девојка, откако ја раскина веридбата со Савка, пејачот е конечно во нoва врска!
Next articleКај Македонците во Мала Преспа, нашата пејачка раскажа приказна за овие луѓе и крајот кој не ни е доволно познат