Home Live Среќни времиња: Кога бевме деца правевме шатори од столици и ќебиња, си...

Среќни времиња: Кога бевме деца правевме шатори од столици и ќебиња, си игравме купувач и продавач, читавме стрипови и се разменувавме

Наставникот Гоце Бумбаровски од Прилеп, градејќи го имиџот со неговиот креативен начин на работа, во изминативе 11 години, стана еден од најпопуларните и најпочитуваните наставници кај нас.

Низ игра и на иновативен начин, Бумбароски ги учи своите ученици од неговите почетоци, од 2011 година. Тој е авторитет пред неговите ученици, но и нивен другар, што е за децата најважно. Сепак, тој е скромен и не смета дека е поразличен од своите колеги.

На Фејсбук страницата на Гоце, тој секојдневно добива пораки со поддршка, но и со прашања од родителите за совети како најлесно да се снајдат со онлајн учењето на децата. Неколку корисни совети, тој даде за Женски магазин.

-Најверојатно од самиот почеток (од 2011 година) практикував поинаков пристап. Можеби моето животно искуство, образованието, работата со студенти и тоа што магистрирав на насоката менаџмент во образованието имаат влијание во начинот на практикување настава.

Но и покрај тоа не мислам дека сум различен од другите мои колеги. Едноставно е, јас сум другар со учениците и наставните програми кои се создадени од возрасните ги прилагодувам за потребите на децата“, објаснува Бумбароски за својот начин на работа.

„Мајките/жените се херои на денешното време. Понекогаш помислувам дека наутро “појадуваат ураниум“ и цел ден се (радио) активни, хахаха или пак таков впечаток добивам од дамите кои ме опкружуваат.

За разлика од нас татковците, тие се неуморни и добро организирани кога станува збор за работа под притисок и посебни услови. Мајчинскиот инстинкт ги води во решавање на проблемите.

Кога ќе помислат дека немаат сила да постигнат сѐ, нека се потсетат на првиот контакт со своите деца, првата насмевка, првиот плач, првите чекори и првиот збор – од таму доаѓа силата.

И за крај: Не им купувајте риба на Вашите деца, научете ги да риболоват, така ќе ги направите самостојни“, вели наставникот Гоце.

Наставникот Гоце сподели сеќавања од детството во постаро време кога се растело сосема различно од денес и напиша: Се сеќавате кога бевме деца?

– Од WC викавме “Мамо! Готов/а сум”; Ѕвоневме на вратата на комшијата и бегавме; Гo истуравме цело tic-tac пакетче во уста и од него пиевме вода; Мразевме кога на роденден ќе ни подареа облека наместо играчка.

– Пиевме сок од јаболко или вишна и се преправавме дека пиеме вино; Гледавме цртани во 7:15ч, а потоа знаевме дека е време за спиење; Најстрашниот човек беше “старо купувам”.

– Мижевме кога на ТВ имаше љубовна сцена; Им се кривевме на луѓето кои возеа зад нашиот автомобил; Пушевме грисини; Фаќавме снегулки со јазикот; Нуркавме во када, Казна нѝ беше да одиме на спиење порано.

– Се правевме дека сме мр тви во креветот кога некој ќе влезеше во собата; Правевме шатори од столици и ќебиња; Си игравме купувач и продавач; Читавме стрипови и се разменувавме.

– Кра девме цреши, јаболка, круши и цвеќиња; “Вој увавме” со децата од другото маало.

-Правевме чатали, стрели и пушки на тапи; Се радувавме на сите вујковци и чичковци од Америка, Германијa; Распустот го поминувавме со баба и дедо.

– Наместо креда, кршевме цигли за да цртаме на асвалтот; Крадевме песок и цемент и градевме бункери; Си игравме криенка, камај, џамија, школка, народна, ластик; Се загревавме со брканица.

– Трчавме на дождот без никаква цел; Раскажувавме филмови на клупа; Ги криевме мачињата, поголемите деца да не ги најдат.

-Цел ден игравме фудбал во прашината и кога ќе се вратевме дома, не нѐ препознаваа.

– Се враќавме дома само да ни дадат сендвич и пак излегувавме надвор; Роднините ни даваа пари за флипери; Сите бевме во банди и имавме тајни..

Детството на денешното дете се сведува на мобилен, таблет, ТВ, компјутер, плејстејшн или на некоја слична технолошка направа!!!“

На ова тој доби коментар: И сега децата играат надвор (можеби не сите тоа зависи од родителите) и криенка и брканица и граница.

Чуваат и кучиња и мачиња пред влез( барем кај нас), а дома доаѓаат испотени без прашина бидејќи на прсти се бројат местата без бетон.

Секое време свои правила. А, за нив покрај родителите, придонес има и општеството“, стои во коментарот.

Previous articleДолго се бореше да стане мајка со многу солзи и тешкотии, сега ужива со својата ќеркичка – оваа наша пејачка е вистински херој
Next articleЛозано призна дека има девојка, откако ја раскина веридбата со Савка, пејачот е конечно во нoва врска!