Home News Трифун Костовски кажа на кој датум ќе ја објавел „вистината за Еуростандард...

Трифун Костовски кажа на кој датум ќе ја објавел „вистината за Еуростандард банка“

Академикот Абдулменаф Беџети, пред неколку дена рече дека ја прифаќа фрлената ракавица од академиците Коцарев и Катерина Ќилафкова, за трета албанска академија и предизвика бројни полемики во јавноста.

На својот профил на социјалните мрежи, му се обрати поранешниот градоначалник на Скопје, бизнисменот Трифун Костовски:

„Почитуван Академик Абдулменаф, почитуван пријателе, Најнапред сакам да ја искажам мојата вознемиреност и загриженост за изјавите кои последниве денови излегоа во јавноста од вас Академиците, членови на МАНУ, меѓутоа со различна етничка припадност.

Македонија е земја на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска и политичка припадност. Ние во Македонија се договоривме да заеднички живееме и да ја градиме Република Македонија.

Ме боли фактот што по вашата изјава не понижувате нас, Македонците дека не сме свесни за она што во континуитет ни се прави веќе три децении во Република Македонија, каде ние Македонците со еден збор треба да „исчезнеме „од мапата на нации.

Ти како Албанец по националност никојпат не си имал проблем со својот, идентитет, јазик и култура во нашето опкружување и затоа сум убеден дека тешко можеш да го разбереш гневот кој го чувствуваме ние, Македонците поради нашето негирање.

Ние Македонците веќе со децении сме ставени на систем на модерна асимилација во нашето исчезнување. Не заборавајте дека македонската етничка заедница е сè уште најмногубројна во Република Македонија.

Чесно ќе биде да вие Албанците со останатите етнички заедници застанете со нас Македонците во одбрана на нашата посебност.

Добиената поддршка од вас, и останатите етнички заедници ќе биде првиот предуслов за решавање на проблемите со нашите соседи.

Сеништата од минатото се многу свежи, посебно за нас, Македонците. Дозволивме во 2002 година да се имплементира Бадентер, што значи еден вид апартхејд. Без согласност на Македонците се потпиша Преспанскиот договор со кој се нанесе сериозен удар на нашата самобитност, а францускиот предлог за добрососедски односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија не го изгласаа Македонците, туку вие останатите етнички заедници.

Пријателе, никојпат во животот се немам соочено со твојот личен идентитет кој се негира и омаловажува. Јас резервна татковина немам и затоа оваа што ја имам ќе ја чувам.

Со твојата последна изјава само ставаш масло на огинот кој веќе почна да ја дестабилизира Република Македонија.

Упатувам порака до тебе и останатите интелектуалци во Република Македонија од сите етнички заедници не го користете национализмот кој може да биде погубен за сите нас. Помогни да се сплотиме и заеднички да победиме.“

Пред десетина дена, Трифун Костовски на својот профил на социјалните мрежи, објави кога ќе биде готова неговата приватна истрага за Еуростандард банка, случај за кој постапка води и обвинителството:

На 22.08.2022 jа објавувам вистината за стечајот на Еуростандард банка!

-Почитувани граѓани на Република Македонија. Со гордо срце и чиста мисла денеска официјално најавувам дека на ден 22 Август 2022 година во Скопје ќе биде обзнаен извештајот од мојата приватна истрага поврзана со стечајот на Еуростандард банка, која се работеше во изминатите 15 месеци.

Овој извештај е направен од тимот на експерти за банкарски криминал под водство на господинот Драго Кос. На неговата презентација пред македонската јавност ќе присуствуваат и еминентни стручњаци во банкарскиот систем од земји членки на Европската Унија.

Следете ме во борбата против организираниот кр ими нал! Да ја откриеме вистината што пробаа да ја скријат! Со почит, Трифун Костовски

Previous articleСпасов: Референдумот е за да се има изговор – „што можам јас кога народот не сака”
Next articleДолго се бореше да стане мајка со многу солзи и тешкотии, сега ужива со својата ќеркичка – оваа наша пејачка е вистински херој