Home News Трогателно обраќање на пејачот Џокси, до својата упокоена мајка: Леле мамо, за...

Трогателно обраќање на пејачот Џокси, до својата упокоена мајка: Леле мамо, за Македонија да ти кажам

Пејачот Џина Папас Џокси е веќе легенда на македонската музичка сцена, бидејќи „трае“ повеќе од четири децении. Остави неизбришлива трага во историјата со легендарната песна „На Велигден“.

Џокси кој е урбан лик и кој има познанства со многу луѓе, многу често, на својот профил на социјалните мрежи е актуелен со статуси од секојдневието, а денес објави обраќање кој својата упокоена мајка, кое никого не остави рамнодушен!

-Здраво мамо. Одмна не сме си напраиле муабет, а како што стојат работиве, многу нешта сум пропуштил да ти кажам. Не е како порано, ама баш, НЕ Е! На секое поле.

Ако со тогашните пари си можела да израснеш и школуваш два сина, сега тоа е тешко изводливо. Парите им отидо во купување оценки и дипломи.

Денеска не ни смееш да се пофалиш дека си завршил некоја школа со добра оценка и без врски. Одма те ставаат ву група на луди и недоквакани. Кога ќе ми теткне колку сози ронев тато да ми поправи единица.

Ние имавме среќа со Ева. Виде девојчето колку е саат и сама си го најде чарето. Сега, е на уште повисоко место. Не ти кажувам кое, ќе ти шепнам во сон, ама нам ни ги отвори очите.

Ете, секој на свој препознатлив начин вложува во своите деца и тука нема љутиш ако некој се снајде подобро.

Лелеееее, за Македонија да ти кажам. Бадијала приказните за борбата, комитите, партизаните, за Македонија во која ќе се живее слободно и среќно за сите наши поколенија.

Дојдовме до тоа дереџе да не смеам да кажам Македонија, туку морам пред тоа Северна. Кажи ѝ на баба на Вардарска се мисли, нашата корија, нашата Егејска ја изгубивме од истиве глумци.

Леле лажењеееее. Те гледа во очи и ти вика “ти си глуп народе“, а ти потврдно климаш со главата, “да, да“, само војна да нема. А па за што загинаа толку луѓе за Маекдонија? Е па загинаа најхрабрите, останаа лигушите.

Сега можам да се кажам Македонец интерно, онака со Вики, во влез, излезам ли на улица, тешко мене. Ќути-трај. Ако падне нешто од повратен ДДВ, добро, ако не, убоо е, сполај му на Бога.

Ми текна на баба кога барала во Војводина да донесат даскал да ви предава на Македонски јазик, па откако поминало цело полугодие, а тој не дошол, со другарка ѝ со камења сол ја направиле милициската станица и побарале да ве вратат во Македонија. Не ми јасно зошто не побарале во Бугарија?!

Мамо, да не ти бидам досаден, знам дека сакаш повеќе да дознаеш за сите нас, но да оставиме за друг пат и сега би те замолил, да не им кажуваш на баба и дедо да не се превртат, ќе се најде некој јунак, ќе ја опраи работата.

Поздрави го тато, со него не сум направил муабет поодамна. Како и да е, мислам на вас. Ве сакам!

Гина Попова 15.11.1934 – 29.07.1986

Previous articleОтец Димитар: Околу глупостите поврзани со празникот ГОРЕШНИЦИ
Next articleЃоко Танески на одмор во монденско европско летувалиште, објави слика во шорцеви за капење