Home Live Еве како Сања Сани му честиташе роденден на Трајче: Вака да МЕШАМЕ...

Еве како Сања Сани му честиташе роденден на Трајче: Вака да МЕШАМЕ цел живот ТАТЕ (ВИДЕО)

Сања Сани Гроздановска е една од нашите најопопуларни и најатрактивни пејачки на фолк- музика која долги години е на естрадата.

За Сани се знае дека е многу опуштена, ведра и позитивна личност, а покрај тоа често се слушаат разни шпекулации кои очигледно не ја пого дуваат Сани.

-Толку се изнаслушав муабети за себе периодов, работи кои што ни јас не ги знам. Ама ако стварно сум постигнала тоа, алал да ми е. Не ги ни памтам лагите и муабетите кои што ги имам слушано за мене.

,,Јас да се замарав со лаги и муабети, ќе бев сега во де пре си ја дома и ќе пиев таблети дома, а јас пијам вино, пијам пиво, виски. Животот си продолжува понатаму.”

Во едно интервју за „Бекстејџ“, Сани откри дека имала многу непријатни ситуации во нејзината кариера.

„Охо, имав 100 000 непријатни ситуации. Меѓутоа, знам како да се справам во вакви ситуации. Не сум од вчера во овој бизнис. Веќе 10 години, така да знам како треба со таквите луѓе“ вели пејачката.

Сани тогаш откри дека добивала и понуди колку пари бара за една вечер. Исто така, фолкерката откри дека нема направено никаква хирушка интервенција на себе, но дека планира да ја коригира устата.

Од друга страна, атрактивната кумановка исто така е позната по својот смисол за хумор. Сани речиси редовно споделува досетливи коментари, шегобијни цитати или зјадливи поговорки и тоа најчесто – на своја сметка. Но, кога ќе ја „чепнат“ каде што не треба, шегобијната фолкерка и тоа како знае да се налути.

Сања Сани е многу блиска со својот колега, музичарот Трајче Толевски.

Во една прилика, Сани објави ,,чет” разговор на Вибер каде што таа и Трајче Толевски се шегуваат еден со друг. Сани со големи букви му напишала: ,,ТИ ИМАШ ДЕЦА, И ТРЕБА ЗА НИВ ДА СЕ ГРИЖИШ”

,,ЈА СУМ ЕДНО ОД НИВ, И НЕМОЈ ДА ТЕ НЕРВИРА НЕКОЈ”, a под тоа напишала: ,,Имаш и внуки, ха ха ха, релах”, a Трајче на тоа и возвратил: ,,Не разбираат дека Сани може што сака да напише”, по што Сани му врати со еден стикер со голем бакнеж..

Сите ја знаат Сани дека е многу забавна и често знае да се шегува со нејзините следбеници.

Таа во една прилика истакна дека ќе се мажи по третпат, што всушност не беше вистина, туку само сакаше да покаже накит од една наша продавница.

Имено, на тој начин на сите им го привлече вниманието, а кога беше во Австралија тоа го направи пак. Сани објави фотографија како се бакнува со статуа од мајмун, па додаде во описот: ,,Во врска”.

Трајче Толевски, другарот на Сани од групата Скопски боеми, објави видео во кое Сани му меша, а на снимката, таа е облечена како „трбушна плесачица“.

Токму со ова видео, синоќа Сања Сани му го честиташе роденденот на својот пријател, соработник, човекот кој си го вика ТАТЕ:

„Ваков татко на посвоена ќерка може да си само ти! Лу дилото ни е исто!

Среќен роденден ТАТЕ, вака да мешаме цел живот“, напиша Сања Сани и го објави видеото.

Previous articleЕве зошто Здравко Чолиќ се плашеше да ја прошета сопругата во јавност, серизона причина е во прашање
Next articleВака не било никогаш во Грција, како не си отидовме Охрид – не работи клима во соба, скапи лежалки…