Home Live Нашиот познат фудбалер на одмор со сите три деца – најстариот Теодор,...

Нашиот познат фудбалер на одмор со сите три деца – најстариот Теодор, му е од бракот со поранешната мисица од Хрватска

Познатиот фудбалер и екс репрезентативец Игор Кралевски, сега е во фудбаллска пензија. Тој во свое интервју за Фокус, говорејќи за својата љубов и професионална определба, фудбалот, во една прилика рече:

„Фудбалот е моја љубов од кога паметам за себе. Како дете со мојот татко многу често одев на Градскиот стадион да гледаме натпревари и така полека ми се роди желба да тренирам фудбал, но никогаш не мислев дека фудбалот ќе стане дел од мојот живот.

Првите тренинзи како дете ги одработив во ФК Вардар кој и тогаш беше најпосакуван клуб од секој аспект, па од денешна перспектива сум многу среќен што мојот професионален пат го започнав токму во најтрофејниот клуб во кој денес работам како тренер.

Многу години бев професионален фудбалер. Играв во домашни фудбалски клубови, а првиот меѓународен трансфер ми беше од ФК Работнички Скопје во ФК Хајдук во Сплит.

Слободбно можам да кажам дека за мене тоа беше огромно фудбалско искуство бидејки Хрватска има силна домашна лига, а за нашиот клуб игравме и многу меѓународни натпревари со силни европски клубови.

Во времето кога играв во Хајдук мои соиграчи беа Нико Крајнчар, Стипе Плетикоса, Стриниќ, Калиниќ и други познати имиња, кои беа пред се мои добри пријатели и на теренот бевме силен и сплотен тим.

Со голем дел од нив и ден денес сум во контакт и тоа се пријателства за цел живот, изјави пред неколку години за Фокус, Кралевски.

Инаку Игор Кралевски надвор од фудбалските терени е вистински мачо – мен. Неговиот стил го привлекува вниманието, особено на жените.

Кралевски позади себе има два неуспешни брака и тоа со две мисици! Првата е од Хрватска, се вика Катарина и своевремено била Мис на Далмација и прва придружничка на Мис Хрватска.

Втората е Вера Мештеровиќ, исто така мисица од Македонија, а сега ТВ водителка.

Со Катарина од Хрватска, Игор го има најстариот син Теодор Кралевски, кој тргна по неговите стапки и тренира во Хајдук.

-Со Катарина се запознавме кога играв во Хајдук, од 2005 до 2008 година. Теодор тренира во Хајдук, но и вториот син, од бракот со Вера, Андреј, исто така тренира фудбал, во скопски Вардар.

Тоа се гените… – изјави во една прилика за Инфо 7, Игор Кралевски.

Игор Кралевски, после сплитски Хајдук, неколку години играше и во Русија и важи за еден од ретките македонски фудбалери кој има заработено најмногу пари.

Кралевски оваа година, беше на одмор најпрво во Хрватска, во хотел Амфора во Сплит, а потоа во Будва, заедно со сите свои три деца.

-Иако се од различни бракови, децата меѓу себе имаат одлична комуникација и многу сум среќен поради тоа.

Ова лето го поминавме заедно, сите четворица и ни беше преубаво, вели Кралевски.

Previous articleРечиси 4 години без легендарниот „Рамче“: Еве што му било најтешко во животот на Ванчо Петрушевски
Next articleПознат е идентитетот на двајцата упокоени музички работници во денешната сообраќајка во Србија