Home Live Како сирена под вода, нашата пејачка објави видео во кое покажа повеќе...

Како сирена под вода, нашата пејачка објави видео во кое покажа повеќе од што сме навикнале да гледаме од неа

Музичката група „Ареа“ од Гостивар е во чекор со времето во музичкиот израз. Потврда за тоа е новиот албум „Љубов е„ кој го промовираа неодамна, во присуство на медиумите, соработниците и пријателите.

Изданието содржи 11 песни, од кои само три се познати на јавноста. Вокалот на бендот, Ружица Милошеска Брчиоска посочува дека албумот е посебен и поради фактот што го работеле долго време“, објави Женски магазин.

– Интензитетот на работа кај нас повеќе е одреден интуитивно, а помалку со намера, во некои точно определени временски интервали, занаетски.

Меѓутоа, од друга страна израснаа нови генерации на млади слушатели кои биле многу млади кога се издавале некои песни и албуми на„ Ареа“ и тогаш не можеле да ги знаат, но сепак сега од интернет ги научиле, па така што на нашите настапи ги знаат и ги пеат тие песни.

Тоа за нас е доказ дека дел од песните на „Ареа“ кои некогаш се издадени и сега звучат свежо и на некој начин се безвременски“, рече таа во истиот медиум во едно постаро инрервју.

За разлика од претходните години, односно децнии, кај нас сѐ помалку се издава нова квалитетна музика и не знам зошто е тоа така.

Дел од одговорноста е на медиумите кои не создаваат атмосфера за такво нешто, постојано не бомбардираат со „ТВ Пинк“ и слично, а добар дел одговорноста за непостоење на добра поп и рок домашна сцена е и кај самите музичари, композитори, текстописци.

Како сите во државава да не има зафатено некаква апатија, а од друга страна расте желбата за лесна заработка. Меѓутоа, добри песни не настануваат со намера да заработиш.

Напротив, создавањето на добра и квалитетна музика подразбира да се изгубиш во инспирација која извира од твоето внатрешно и која те води, а таа никако нема врска со пари и слава кои би дошле како надворешни пропратни појави“, рече Ружица, а потоа прозборе за нејзинот добар изглед.

– Веројатно дека начинот на исхрана е причина за добра линија, но тука сакам да напоменам дека и внатрешниот став е доста важен за изгледот. И не само за изгледот, туку и за целокупното здравје.

Согледав дека многу е важно да не живееш стресно, колку што е тоа можно. Или пак со други зборови да можеш да го обработиш стресот и да го исфрлиш од себе, да извршиш детоксикација, за да не може да ти наштети“, изјавила таа.

– Не е мит, туку е вистина дека при изведбите во живо има единство на музиката и текстовите, дека публиката тоа го чувствува и дека музичарот тоа што го изведува, го живее во истиот момент.

Барем кај нас е таков случајот. Поради сето тоа и се создава флуидот меѓу изведувачите и публиката. Тоа е она што обострано исполнува со енергија, а воопшто не троши.

Не само на Балканот, туку и глобално во целиот свет се потисна креативноста на младите бендови. Сметам дека за тоа дел се одговорни многуте натпревари од типот на „Идол“ и слични, кои се распространија секаде, каде само се бара пеење на веќе отпеани песни и на тој начин се создава лажна популарност на изведувачот.

Не се поттикнува создавањето на нова музика. Јас и Ивица кој е композитор, гитарист и продуцент во Ареа, сме постојано заедно, со другите членови од бендот сега во ова време на пандемија помалку контактираме иако сме во постојана комуникација.

Инаку во нормални услови сите членови на бендот сме поврзани што фамилијарно, што како пријатели“, рече таа во интервју за Елементал за својот сопруг Ивица.

Ружица објави видео какво што досега не сме навикнале да гледаме од неа, како нурка под вода, како сирена. Како што сме споменале и претходно, таа изгледа одлично, во нуркањето очигледно ужиива.

– Можеби површината изгледа побезбедна, но длабочините се позабавни“, напишала таа под ова видео.

Previous articleСе фотна по гpaдник, Елена Ристеска ги збyдале мажите и поради овие фотки ја споредија со холивудска дива (ФОТО)
Next articleСе појави стара слика на Здравко Чолиќ со Бучковски и братот Љубе Бошкоски