Home Live Конечно одмор и за Денис Космонаутко, ќе ја „мавне“ ли целата тава...

Конечно одмор и за Денис Космонаутко, ќе ја „мавне“ ли целата тава ѓомлезе

Денис Јанкиловски е техничар во Центарот за јавно здравје од одделението за микробиологија, каде се врши анализа на материјал за откривање на бактерии преку земање на брисеви или друг материјал.

Под прекарот Денис Космонаутко тој стана познат за време на пандемијата и е е најпозитивниот лик во нашето секојдневие во последниот период откако ко рона кризата.

-Центарско дете, израснав на „Југодрво“ до 7 години, потоа се преселивме во Кисела вода. Иако живеев во близина на две училишта заради работата на моите родители и можноста за целодневна настава основно завршив во најубавото училиште 11ти октомври а средно во медицинско, отсек сестри.

Бев палаво дете, раздвижено, полн со енергија. Како растев така бев и посрамежлив (кој би рекол нели), можеби тоа што сум единец имаше влијание врз сето тоа, но сакав дружби, не бев повлечен, често знаев да го соберам друштвото кај мене дома па да изгледаме филмови.

Сакам луѓе, ми недостасувале секогаш, ме уб иваше таа самотија дома но фала богу секогаш сум бил во друштва. Не сум бил некој голем бељаџија, иако името ми е дадено по Денис враголан, така да веројатно повеќе финтаџија.

-Јас сум обичен семеен човек со прекрасно семејство со кое се гордеам, ги ценам семејните вредности. Дел сум од Здружението на граѓани кое се грижи за лицата со нетипичен развој.

Обожавам музика, секојдневно и во секое време слушам. И го сакам животот“, рече тој за Вечер прес.

Денис на Фејсбук се отвори за тешкиот период во пандемијата, и рече дека токму неговата сопруга е заслужна за многу нешта и дека многу му помогнала за време на пандемијата а раскажа и како:

– Од дневникот на Космонаутко или „Сите Благодарам во светот малку се“ или Од албумот “Кабина 9 – Сопругата на Космонаутот / сликичка бр.1 или пехарот / мојот херој, мое се’”

Како накратко да те опишам, како накратко да напишам што направи ти во коронава? Да напишам нешто што не сум го напишал или не сум ти го кажал? Што и да напишам никогаш нема да е доволно, сите најубави зборови во светот да ги употребам пак ќе недостасува уште некој.

Сепак ај да се обидам затоа што никому не му е здосадено од убави зборови. Во целата пандемија, буквално од првиот мој скафандерски ден ти си херојот за мене.

Знаејќи го уморот кој само се таложеше ти секојдневно ме дочекуваше со насмевка и прегратка, со наместен ручек, секогаш превкусен, немаш утка.

Знаејќи го уморот ќе одмолчевме заедно. Претпоставувам дека уште од првиот момент кога ти кажав дека ќе сум во скафандер знаеше дека ти ќе си и мажот и жената во домот.

Сите набавки беа на твоите плеќи, организацијата во домот, ти беше и татко и мајка на џуниорине.

И морам да признаам дека одлично го одигра тоа. Ти имаше разбирање за моето отсутно „присуство дома“ и тоа е нешто што многу ми значи, значајно ми помогна во полесно пребродување со различните ситуации, лесни и тешки, некои и емотивни.

Со твоето разбирање, со твојата поддршка успевав да се одржам на едно функционално ниво кое и тоа како беше потребно за да го поминам денот. Знаеш дека те сакам, но никогаш не е на одмет да се каже уште еднаш, двапати, трипати…..стопати:

Те сакам. Те сакам, не само затоа каква си туку затоа каков сум јас кога сум со тебе и заради тебе. Сакам што си ми токму ти. Ете, се обидов во кратки црти. Подолгите црти тет-а-тет уз кафица. Ти благодарам“, стои во емотивната објава на Денис.

Еднаш во средно додека бевме на Стенковец на стрелиштето, со професорот по ОНО, онака наредени и чекам да дојде мојот ред а јас нешто се смеам, зафрканции и слично, ми пријде една млада девојка и ме опомена во смисла да не бидам толку гласен (а мене гласот таков).

Не ја познавав, ѝ реков само што ја интересира нејзе што правам, моја работа, но ниту безобразно ниту некако без врска, како на смеа повеќе. Следниот час кога имавме ОНО влегува девојката и вика – Јас сум деновиве замена за вашиот професор.

Јас останав со подотворена уста и скриен меѓу две клупи. Излегувањата, оние поозбилните почнаа откако се запишав во средно училиште, на почетокот беше до 10 дома, што значи имаше една 24ка која тргаше во 21:20 (уште ја памтам, беше многу битна) и со неа се прибирав пред 22 часот.

Нормално знаеше да има „страшна гужва“ и да задоцнам некојпат ама моите не правеа проблем.

Актуелно беше прво во некоја слаткарница на индијанка или принцес крофна, најчесто „Југославија“ кај кино Вардар, „Пошта“ или „Крин’. Потоа одевме „на стајање“ пред Ани и Бони од каде имам една непријатна случка. Тогаш стоевме на улицата пред грчка амбасада, никако не смеевме да се поткачиме на тротоарот.

А гужва, што да ви кажувам. И во таа турканица колку и да се пазев сепак еднаш ме поттурнаа на тротоарот и во следните 3 секунди ја осетив моќта на пендрекот. Оттогаш секогаш стоев од страната на 7-ца“, изјави Денис во Женски магазин.

Денис Космонаутко сега ужива во одморот во Охрид и често објавува слики како ужива на неговото омилено место.

Кога велам ОхриТ на ова мислам, дворчето, фонтането, карпуС и витамин пивЦЕ се ладет, а јас мантрам уз најубавиот мирис на пиперки кои се печет на рингла за (страшо) пинџур во дрвено аванче со убо сиренце. И секако, се то заедно со домаќинката“, пишува во една своја објава тој.

Потоа Денис, ставил слика од тоа како јаде ѓомлезе, и тоа цела тава. По целиот напорен период со вирусот, и тој заслужил малку одмор, а на новата објава напишал:

Навидум обичен ден за Космонаутко. Но…..штом ќе види па и касне од најубавинава веднаш се престорува вооооо Ѓомлезерко“

Previous articleВера од „Љубојна“ во солзи, си замина нејзина најблиска личност: Срцето ми го скрши, ми се слизна низ прсти
Next articleОва е згодната жена на Милан Поповиќ со која чека трето дете, многумина велат дека е поубава од Северина (ФОТО)