Home Live Ова е згодната жена на Милан Поповиќ со која чека трето дете,...

Ова е згодната жена на Милан Поповиќ со која чека трето дете, многумина велат дека е поубава од Северина (ФОТО)

Северина нејзината кариера ја започнала како девојче во мјузиклот „Фран штрапало“, на 17 години ја снимила првата плоча и од девојка од село стана „градска фаца“ со која соработуваа најголемите музички уметници од Балканот.

Северина е родена на 21. Април 1972 година во Сплит, во семејството на Ана и Север Вучковиќ, како најмала од трите ќерки.

Танцувањето и пеењето и се во крвта уште од мали нозе.

Кога имала 10 години настапила во мјузиклот „Фране штрапало“. Подоцна запишала средно музичко училиште во Сплит, а првите професионални чекори ги направила пред матурата, на Сплитскиот фестивал, како пратечки вокал.

Следат години напорна работа и секојдневни концерти од кои Северина полека прераснува во една од најголемите ѕвезди во Хрватска.

Нема сала на Балаканот каде не стапнала нејзината штикла. Истовремено, нејзиниот љубовен живот наликува на песната „Гас гас“. Секоја нејзина љубов беше за цел живот, но само шестата заврши со брак.

-Шест веридби, мислам дека тоа се симпатични романтични работи. Моите вереници сметале дека треба да ме запросат и го сториле тоа. Бракот е убав и романтичен, но не е никаква гаранција за љубов, така говореше Севе во 2013. година.

Една од првите љубови на Северина беше Ален Марин од бендот „Којоти“. Нивната врска се заврши без никакви пгоолеми скандали, а тој воедно беше и нејзиниот прв вереник.

На почетокот на кариерата Севе наводно била во врска со кантавторот Зринко Тутиќ. Иако никогаш не ја признале врската бидејќи Тутиќ бил оженет, нивната љубовна врска била јавна тајна за која наголемо се зборувало.

Пет години траела љубовта меѓу Севе и Тутиќ, а потоа се пукнало и тоа на сите страни.

Иако се знае за повеќето турбулентни врски на Северина кои ги имаше пред да стане госпоѓа Којиќ и да се омажи за синот на Кеба, Игор кој е помлад од неа, пејачката имаше и една врска во тајност и тоа пет години.

Кога раскинала со него, таа отишла во друга продукциска куќа и почнала да ја гради успешната кариера која и трае и денес.

Следен бил продуцентот Анте Пецотич, иако Северина никогаш не ја признала таа врска, а тој се оженил со долгогодишната девојка Ива Ковачевиќ.

Херцеговачкиот бизнисмен Милан Лучиќ можеби е најпознатото момче на Северина. Не е познато колку долго биле заедно, но во 2004. година изби скандал откако протече нивна секс снимка. Северина тогаш беше верена со Среќќо Варгек.

Планирал да се ожени со неа, но потоа раскинале. Иако на почетокот и пружал поддршка, на нивниот однос им пресудиле непрестаните трачарења па на крајот решиле да тргнат по одвоени патишта.

Со осум години помладиот Мато Чуљко била во врска од 2005 го 2008 година. Иако биле верени и размислувале за брак ја прекинале врската.

По Мато, многубројни машки имиња се поврзувале со Северина, се до летото 2008 година.

Четвртиот вереник на Севе е сопственикот на спортскиот центар во Ријека, Славко Шаиновиќ.

Две и пол години подоцна го оставила Славко поради Милан Поповиќ, кој го запознала кога му пеела на роденденската забава.

Милан ја опсипал со љубов и подароци, со неговиот авион патувале низ светот, им се случила вистинска филмска љубов. Со него го има синот Александар.

Сепак, една година по раѓањето на детето, Северина и Милан бурно се разделија, а нивните препирки околу детето, старателството и алиментацијата траат и денес.

По Милан пејачката не беше во врска се до моментот кога срцето и го освои синот на Кеба, Игор Којиќ, со кого се омажи, па потоа се разведе.

Српскиот крал на бакарот, Милан Поповиќ, по пропаднатиот брак со популарната пејачка Северина Вучковиќ, среќата ја најде покрај атрактивната Бојана.

Втората сопруга на Милан, згодна русокоса, е 28 години помлада од бизнисменот и, како што многумина забележуваат, е сосема спротивно од неговата поранешна сопруга.

Од големата љубов Милан и Бојана добија два сина Милан и Ѓорѓе, а сега се подготвуваат да го прошират семејството бидејќи наскоро ќе станат родители на девојче.

Сопругата на Поповиќ не сака да се експонира, па не се појавuva во медиумите, а Милан своевремено зборуваше за неа како „жена за пример“.

„Со неа нема кавги или расправии, дури и сега кога е бремена, кога жените знаат да бидат каприциозни. Таа е слатка, драга и прекрасна мајка, а тоа ми е многу важно“, рекол Милан, како што пренесува „Стори“.

Некои коментари на социјалните мрежи велат дека таа е поубава и позгодна ос Северина, стои во текстот на Стори.

Previous articleКонечно одмор и за Денис Космонаутко, ќе ја „мавне“ ли целата тава ѓомлезе
Next articleПред малку се огласи Албин Курти и порача: Ние нема да правиме ништо помалку од она што го прави Србија веќе 11 години