Home Live Росана Сариќ блеска од среќа, ќе има за частење многу брзо…

Росана Сариќ блеска од среќа, ќе има за частење многу брзо…

Хитовите кои Росана Сариќ ги отпеа со својата сестра Маријана дури и пред неколку децении, и ден – денес се актуелни, а на социјалните мрежи неретко обожавателите знаат да и порачаат – Росана, врати се на сцената!

Росана Сариќ – Тодоровска, е позната по својата скромност, ненаметливост и едноставност, и луѓето токму поради тоа ја сакаат.

Околу тоа како решила повторно да застане на фестивалската сцена во 2019 година година на „Макфест“ со песната „Спомени“, за ,,Фокус” таа раскажува дека се се случило спонтано, без претходни планови и неочекувано дури и за неа.

-На своја иницијатива се повлеков од сцената поради повеќе причини. Долга приказна е тоа… Поради мојата скромност и почит кон истата сцена, јас молчев…

Секојдневно слушав прашања и коментари, зошто ме нема, како недостигам на сцената, сфатив дека луѓето ме сакаат, а поголемо од тоа нема! Но, гледајќи ги нештата последните години, како функционира нашата естрада, едноставно не се пронаоѓав таму.

Росана беше дел од легендарното музичко дуо, сестрите близначки Маријана и Росана, и тоа останува нејзино оележје. Сестрите се немаат видено неколку години.

Маријана долги години живее во Австралија, а Росана во Скопје. Маријана беше последен пат на посета во родниот крај во 2019 година.

“Како деца ќе излезевме пред зграда да си играме со нашите другарчиња. Но, таа секогаш ќе излезеше прва, ќе се искараше со некое другарче, ќе го натепаше и ќе избегаше дома.

Во меѓувреме, ќе излезев јас и ни крива ни должна ќе добиев ќотек, зашто децата мислеа дека сум Маријана”, рече Росана во едно интервју во Женски магазин.

На седми мај, Росана Сариќ- Тодоровска и актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче прославија 33 години од свадбата. Нивната љубовна приказна, започнала во 1988 година, а актерот на многу необичен начин се обидел да ја освои фолк-пејачката.

„ Се сретнавме случајно, на едно снимање во Македонската телевизија. Јас не паметам, Трупче вели дека било во 1988 година. Во тоа време, секаде со мене го носев тефтерот со сите запишани броеви. Без да видам, тој кришум ми го украл тефтерот и го запишал својот број во него.

Се запишал под буквата Т, Трупче, а јас ни на крај на памет да видам. А и да видев, сигурно дека немаше да му се јавам, како и секоја жена и јас сум по малку горда“, се присети Росана на почетоците од нивната љубов.

Ѓорѓи додава дека ја очекувал да го побара, но без оглед што тоа не се случило, тој се надевал на нова средба со Росана. Желбата му се исполнила многу брзо, на еден караван на „Детска радост“, на кој тој бил во улога на актер и на промотор на книги, а Росана настапувала со Маријана.

„Од таа турнеја за која велам дека е судбинска, почнавме интензивно да се дружиме. Јас глумев во детска претстава, промовирав книги, а Росана пееше. Дружбата за кратко време ни орерасна во љубов, а веќе следната година и во брак“, открива Трупче во Женски магазин.

Росана пак се сеќава на нивната свадба, на 7 мај во 1989 година.

„Едвај го натерав Трупче да облече костум и пеперушка. До тогаш, тој беше познат како човек кој не излегол од фармерки, но ме послуша и се дотера. Јас не сакав да носам бело, немав класичен невестински фустан, носев розово. Беше многу романтично.

Немавме класична свадбарска музика, туку акустична, со виолини, гитари, мандолини. Свадбата беше во тогашно „Езерце“ и беше многу романтично“, се сеќава Росана.

Драган Спасов Дац и Александар Митевски објавиле слика со Росана и со неа како да сакаат да најават дека таа се враќа на сцената. На сликата , Росана е насмеана до уши и многу среќна.

– Нешто се крчка. Со легендата наша, Росана. За срце и душа“, пишува во оваа објава. „Толку слатко се изнасмеав, ајде да не кажувам зошто“, напишала Росана под сликата.

Александар Митевски и порано има соработувано со Росана, и дали оваа слика значи дека легендата пак ќе и се врати на песната и ќе има за частење, останува да видиме. Ама на такво нешто личат сликата и коментарите.

Previous articleПред малку се огласи Албин Курти и порача: Ние нема да правиме ништо помалку од она што го прави Србија веќе 11 години
Next articleОва е убавата ќерка на Лазар Бараков, гордост на татко, среќен е за едно нешто поради неа