Home Live Се фотна по гpaдник, Елена Ристеска ги збyдале мажите и поради овие...

Се фотна по гpaдник, Елена Ристеска ги збyдале мажите и поради овие фотки ја споредија со холивудска дива (ФОТО)

Во едно интервју за Црно бело, нашата позната пејачка Елена Ристеска откри како дошла до идејата да започне со своја козметичка линија, колку е макотрпен процесот, колку кор она кризата ги погоди музичарите и што се случува на љубовно поле.

Во ова интервју, Елена исто така открила интересни детали за професионалниот и приватниот живот.

– За старт на нов бизнис во време на вонредни услови поради корона вирусот, можам да кажам дека сум позитивно изненадена и повеќе од очекуваното.

Особено што немаме своја продавница за тестирање на парфемите, луѓето купуваат на невидено и непробано. Беа планирани и договорени неколку трговски центри на Балканот, но за жал, тој план е во мирување поради ситуацијата со вирусот.

Доколку купувачите во вакви услови го купуваат парфемот и им се допаѓа, едвај чекам да го видам резултатот кога ќе живееме во нормални услови“, рекла Елена.

-Искрено, и мене почна да ми недостига музиката. Без разлика на тоа што не спиев целосно на музички план, имав и настапи, имав и снимање на нов материјал во Лос Анџелес и во Македонија, имав снимање и на емисии, пишував песни за себе и за други, сепак немам објавено нов музички материјал.

И тоа е нешто што ми го нагласуваа моите фанови, дека им се допаѓа идејата за отварање на бренд за козметиката и парфемите исто така, но, сакаа нова песна и спот.

Се надевам дека во следниот период ќе има ден и за објава на нова музика. Сепак „едно по едно“ е најубава стратегија во секој бизнис. Не можете да сте еднакво добри и ефективни на двете полиња ако работите истовремено на два важни процеси.

Сега откако ја поставив козметиката на постабилни темели , време е за нова песна“, рече Елена, а потоа ја прашаа: Што се случува на емотивен план, дали си заљубена?

Во цели 24 часа имам само неколку часа пред спиење слободно време, најчесто го поминувам со пријателите, во читање, пешачење, серии или со мојата внука и семејството“.

– После 20 години кариера природно е да се жнее она што било посеано и вродило со плод, да се собираат награди и признанија за претставување на македонската музика во светот.

Впрочем од самите почетоци ја претставував мојата земја на фестивали како “Сунчане Скале” во Црна Гора, “Голден стаг” во Романија, па потоа како претставник на “Евросонг” во Грција, “Радиски фестивал” во Белград, Србија каде бев прогласена за најдобар изведувач и победник според Радио ОСМ Пале-Република Српска, “Балтик Сонг фестивал” во Шведска итн.

Со тоа стекнав почит и фанови насекаде низ светот, особено после Евровизија.

Дуетите кои ги испеав со Хари Мата Хари, група Регина, Данијела Кариќ и други , исто така придонесоа за афирмација на мојата музика на Балканот , но и на мојата Македонија, нарекувајќи ме “македонка” во сите натписи.

Имам јубилеј од 20 години кариера, и се’ уште го веам македонското знаме насекаде во светот без финансиска поддршка од државата, секогаш од приватни буџети или платено од организаторите и на тој начин ја претставувам оваа наша земја“, рече Елена во интервју за Слободен печат.

Во Женски магазин, таа раскажа за кој дел од својот живот-кариера се кае, има ли нешто за кое жали што се случило?

-Да бидам целосно искрена не жалам за ништо во поглед на професионалниот дел од мојот живот од оние нешта што се случиле, но, жалам за оние кои не се случиле.

Жалам што не правев повеќе големи концерти како тој во Метрополис Арената, бидејќи обожавателите секогаш го бараа тоа од мене, потоа мислам дека иако имам доволно песни и меѓу нив хитови, сепак требаше да направам повеќе албуми и повеќе музика.

Додека се фокусирав на небитни нешта и луѓе во приватниот живот, го изгубив времето за да создавам повеќе музика. Ќе се потрудам во иднина да го променам тоа и дека еден ден нема да жалам за ништо“, изјави пејачката.

Бидејќи сум перфекционист и голем анализатор , долго размислувам пред секоја одлука. Но, се случувало тоа некој да одлучи за мене погрешно кога не сум била сама во бизнисот. Како на пример одлука за концерт на голем христијански празник.

Или кога пред неколку години бев излажана дека ќе пеам на “Бела ноќ” а всушност беше настан со политички контекст, и на крај се сведе на ситуација “меч со две оштрици”, ниту да се откажам од настанот ниту да се појавам.

Сепак се појавив на настанот како голем професионалец поради публиката која ме очекуваше, и секако никогаш никој не дозна дека тоа не беше моја одлука туку тешка игра на поединци.

Игра во која најдебелиот крај го извлеков јас , но и мои колеги, добивајќи разни пораки со ужасен контекст, а сепак луѓето не ја знаеја вистината, оваа вистина. За кој настан станува збор тој што треба ќе сфати. Како и да е, тоа беше туѓа лага , но не моја грешка“, додала таа.

Елена обајви нови слики под кои вели дека кога убаво ќе се нашминка е време за селфи. На сликите, таа на себе носи градник кој се гледа на нив. Елена е секогаш убава и средена а особено на овие слики под кои доби доста коментари, особено од машките обожаватели.

Ти праќам љубов, прекрасна, изгледаш супер, се само дел од коментарите, но еден од нив вели: Прекрасна Анџелина Џоли, мора да има македонски корени така да си личите ептен“, стои во коментарот.

Previous articleОва е убавата ќерка на Лазар Бараков, гордост на татко, среќен е за едно нешто поради неа
Next articleКако сирена под вода, нашата пејачка објави видео во кое покажа повеќе од што сме навикнале да гледаме од неа