Home Live Агнеса ја сними мајка си како во бикини влегува во базен и...

Агнеса ја сними мајка си како во бикини влегува во базен и и викна: Мамаааа (ВИДЕО)

По бурата околу разводот минатата година, инфлуенсерката Агнеса Органџиева и нејзиниот поранешен сопруг Роберт, се чини дека отворија ново поглавје во своите меѓусебни односи.

Сега тие, се грижат за своите две ќерки и функционираат многу коректно, како и што треба да биде за добро на децата.

Кон средината на март оваа година, тие го прославија 10-от роденден на помалата ќерка, Тифани, а во мај, имаше уште голем повод за славење.

Имено, Вивиен оваа година го заврши средното образование, и ја прослави најважната вечер во животот на еден средношколец.

По повод матурската забава и крајот на средното образование, мама Агнеса организираше забава за Вивиен, а на социјалните мрежи покажа како заблекаска нејзината прва наследничка.

Имено, матурската прослава се одвивала во националната кафана и винарија – Лозница, а Агнеса на својот профил напиша:

,,Среќо моја, од денес чекориш по патеките на новата страна од твојот живот. Горда сум што Господ ме благослови со ќерка како тебе.. ти посакувам среќа, многу љубов и заштита во се што те чека.

Вивиен Орданоска мама секогаш ќе ти биде ветер во грб”, напиша Агнеса.

На сликите кои Агнеса ги објави, може да се види и Роберт Ордановски кој се смешка на една од фотографиите.

Порталот style.mk, неодамна коментирајќи ја Агнеса, пренесе дека има информации дека Органџиева во Истанбул извадила две ребра:

„Овој пат, таа е актуелна со трач муабетот дека се решила да извади две ребра за да има струк како на Ким Кардашиан.

Операцијата наводно ја направила во една позната клиника во Истанбул.

Според фотката,таа навистински има тесно струкче, па дали и фалат две ребра не знаеме, оти таа не беше достапна за коментар. Останува да процените сами“, напиша стајл.мк, а Агнеса веднаш им одговори:

„Трачарско Скопје, уште ова немам слушнато!“

Потоа, во коментар, каде една жена ја предупредува дека треба да се размисли пред да се вади некој дел од телото, бидејќи може да притреба за старост, Агнеса децидно одговара:

„Па пишав погоре дека оваа вест НЕ Е ТОЧНА!“

Агнеса лани објави слика со мајка и, и покажа од кого ја наследила убавината.

Агнеса минатите денови објавуваше слики од Малта, а денес се најави од Грција, каде ја сними мајка си, како влегува во прекрасниот базен, во куќата во која се сместени.

Агнеса најверојатно  без да и каже ја снимаше мајка си, па и викна: -Мамааа

Previous articleПо низата критики од сите страни, денес проговори Данела Арсовска – кажа што работеле во ГЕС
Next articleЗдравко Чолиќ синоќа во Битола му бакна рака и му се поклони на овој Македонец (ВИДЕО)