Home Live Ивана пиша од Неа Пори: Не се проблем ни комарци ни медузи...

Ивана пиша од Неа Пори: Не се проблем ни комарци ни медузи – девојчето ми го касна оваа риба

На почетокот од оваа летна сезона, туристи од Македонија и Србија, кои летуваат во Грција, почнаа да известуваат дека се забележани јата опасни медузи.

Во популарната група на социјалните мрежи, „Live from Greecе“, србинка објави дека била касната од виолетова медуза и ги опиша симптомите!

„Ме касна медуза во Дасија. Виолетова. Не е важно! Првиот ден изгорев, вториот ден ме касна медуза, маж ми ми вели дека утре да гледам да имам средба и со ајкула.

Имав идеја да напишам пост за тоа како морето ја извлекува целата негативна енергија (со која бев полна) без разлика дали сте во Паралија, Ситонија, Крф или каде било на друго место и дали сте патлиџан турист, јадете паштета или јадење во ресторани, дека е важно што си на море.

Дека во ова лудило на животот успеавте да си дозволите себе си, и на семејството, море!

Па, ме на падна медуза. Стр ашно чувство. Бидејќи пораснав на море, можам да кажам дека ова е баш е незгодно. Докторот ми кажа дека и за нив се непознати.

Верувајте, не пече само кај што те каснала, туку целото тело се ежи, трепери.

Ова е толку уж асно чувство. Отворајте очи, гледајте да ги заштите децата“, напиша србинката во групата.

Ова беше на почетокот од туристичката сезона, некаде во Јуни  месец оваа година. Денес, во популарната група „Live fom Greece“, жена објасни дека и покрај предупредувањата, во Неа Пори нема проблем со комарците, туку со нешто друго:

„Дојдовме во Неи Пори во оружени со средства за заштита од комарци со оглед на тоа колку се пишуваше за нив овде во групата. Не видовме ниту еден.

Но, никој не не предупреди за оваа, Драгон риба. А таа дефинитивно е далеку пострашна од комарците.

Девојчето ми го избоде, кутрата ври штеше од болки и заврши со инекција.

Затоа решив да предупредам да се внимавате, докторот вели дека во Неи Пори многу ги има вакви случаи, тоа е единственото нешто што е лошо  овде во моментов.

Тоа значи обавезно да се носат оние гумени чевли за во вода, или крокс папучи пред да се влезе во вода, обавезно да ги имате на вашите нозе и ќе бидете безбедни.

А што се однесува до комарците, ако некој не успеал да ги избегне овде, решението е едноставно зигзаг зелен спреј против комарци, затворени врати и обични таблети за комарци и нема да ги сретнете, 100% проверено.“

Previous articleПолупразен вискач пред нив, а тие весели и светнати во очите – Ацо Пејовиќ на журка со нашиот познат пејач од „Гранд“ (ФОТО)
Next articleБерлускони бил воодушевен – Илинка прво му зборувала Италијански, потоа Француски, па Англиски