Home Live Полупразен вискач пред нив, а тие весели и светнати во очите –...

Полупразен вискач пред нив, а тие весели и светнати во очите – Ацо Пејовиќ на журка со нашиот познат пејач од „Гранд“ (ФОТО)

Популарниот пејач Ацо Пејовиќ беше гостин на јубилејната 50-та емисија „Скениерање“ на телевизијата Курир.

На самиот почеток на шоуто, Пејовиќ имаше изненадување! На програмата се приклучи и кошаркарката Дијана Бутулија, која откри дека уште во 2015 година, една од нејзините желби била Ацо Пејовиќ да им пее на кошаркарите доколку освојат медал.

Она што на многумина им е малку познато, самиот пејач играше кошарка, а како што вели, сепак повеќе сакаше музика.

На самиот почеток на својата кариера, Ацо беше споредуван со легендата на народната музика, Тома Здравковиќ, а потоа, тој ги испеа песните од популарниот пејач во филмот „Тома“ кој беше вистински хит во целиот регион и пошироко.

Пејовиќ беше гостин во емисијата Еден на еден кај Жаре пред неколку емсеци. На прашањето дали се плаши од моментот кога оваа негова голема популарност ќе престане, тој рече дека кај него популарноста трае долга низа години и дека е свесен дека ќе дојдат понови и покреативни млади пејачи по него.

Иако тој некого заменил, некој него ќе го замени кога ќе оди во пензија и нема проблем со тоа.

Потоа раскажа дека песната „Опуштено“ е снимена пред 20 години, и додека тој го гледаше својот спот рече: “Сега јас би рекол, види го овој индијанец, види му ги локните, види го личи на… Да не кажам што.

Опуштено ја работеше композиторот Браја. Јас сум викам кога ми ја понуди песната- Ма, каков Опуштено, немој да ме З… И тој кога почна да пее: Ма, само опуштено, опуштено, јас велам: Фала ти, тоа е тоа. Во тој момент кога Браја ја пишуваше песната зборот опуштено беше популарен“, рече Пејовиќ.

Потоа раскажа дека со Жељко Јоксимовиќ се пријатели долги години и дека меѓу себе си се викаат куќо. Рече дека исто така, Драха Бјелогрлиќ откако ги снимил песн+ите во филмот „Тома“, му станал еден од најблиските пријатели.

– Ми се јавува мене Жељко еден ден, и ми вика: Кај си куќо? Работиме филм за Тома, ајде дојди да пробаме како тоа ќе оди“.

Јас во тоа влегов со срце, ако лежи- лежи, не по секоја цена. Ја пробавме песната „Марија“, и кога ја отпеавме Жељко рече- тоа е тоа, нема ништо да бараме понатаму“.

-Јас кога дојдов во Белград со сопругата и со ќерката имав 300 динари во џеб. Тоа е како сега да имаш 3 евра. А киријата за станот ми беше 250 марки.

Ова не е патетика, и не знам кој како ќе се сфати. Живеев во стан од 27 квадрати. Знаеш кога садовите од ручекот ги миеш во туш кабината.

Тоа ми беше супер, тогаш така живеев. Па, потоа сопругата ќе го купи оној Еурокрем, ониој малиот, она мало кутивче, па подели на пола. Па, да има ќерката денес нешто слатко, па да има утре нешто слатко. Јас го немам тој проблем да го кажам ова сега.

Не сакам да се фаќам на патетика, туку кажувам како што беше. Јас се гордеам со тој период, кога живеев во тие 27 квадрати и живеев од денес за утре. Јас од тоа не се срамам. Зошто ова го зборувам?

Со Саша кога одиме да јадеме, јастози, се е фул, фул, фул, па потоа се враќаме кај мене, и што ќе јадеме- ајде сега паштета.

Тоа сакам да кажам дека на мене не ми е непознато многу, многу да немам и не е непознато да имам“, рекол Пејовиќ.

Пејовиќ раскажа дека во неговото средно училиште во Подгорица има донирано 5 виолончела и десет виолини. „Јас таму завршив школо, и бев пријател со некои професори, и инаку се кои другари од школо. Кога ја прашав мојата професорка како оди во школото таа ми рече тешко.

Немаат родителите пари на сите деца да им купат виолончека и виолини. И јас си реков: Ако можеш- помогни. И тогаш јас купив десет виолини и пет виолончела, 10 пултови, и им ги подарив на училиштето. Тие на мене нешто и дале, ме научиле, ред е јас на нив да им се оддолжам“.

Потоа Пејовиќ рече дека се занимавал со спорт, но музиката победила, и дека многу го сака и го почитува Нивак Ѓоковиќ и го позната лично и раскажа една анегдота врзана за Ѓоковиќ.

-Кога го осбои Ролан Гарос, следен беше Вимболдон. И бевме на прослава кај него, прво бевме во еден ресторан беше прослава кај таткото, мајката и семејството, а потоа во еден друг ресторан кој кисто така се вика Новак, каде што е неговото друштво, помлади луѓе.

Беше Цеца, мојата кума Александар Пријовиќ и јас пеевме таа вечер. Пеењето беше супер, рокенрол, скокање, играње, но она штомене ми беше фасцинантно за Ноле таа вечер, кога отчука 12 часот: Драги мои пријатели, јас утре патувам за Лондон, одам на Вимболдон, ви останете да се дружите, а јас си имам свој ритам.

Полна ти е куќа со гости, ама јас одам, тоа е професионализам. Јас го сакам затоа што е таков“, рече Пејовиќ за Новак. Потоа раскажа приказна за својот пријател Саша Матиќ кој му е како брат. Ацо и Саша Матиќ одат на луксузни вечери а потоа во пет наутро јадат паштета, и оваа приказна ја раскажа Пејовиќ.

Нашиот пејач Огнен Здравковски објави слика од него со Ацо Пејовиќ кој изминаѕиов викенд пеел во Македонија, поточно в Охрид. Светнати во очите, со полуптразно шише виски до нив, изгледа дека Ацо и Огнен супер се забавувале заедно, а за тоа е доказ и оваа среќна фотографија.

Previous articleОгњен Амиџиќ се огласи по разводот со Данијела, кажа како ја планира иднината без неа
Next articleИвана пиша од Неа Пори: Не се проблем ни комарци ни медузи – девојчето ми го касна оваа риба