Home Live Се појави стара слика на Здравко Чолиќ со Бучковски и братот Љубе...

Се појави стара слика на Здравко Чолиќ со Бучковски и братот Љубе Бошкоски

Еден од најпопуларните Балкански пејачи, Здравко Чолиќ, му го подарил станот во кој израснал на својот пријател инвалид. Жителите на Сараево имаат само пофални зборови за Чолиќ, објавија медиумите лани ова време.

Додека живеел во тој град, нималку не се истакнувал, ниту се правел важен иако уште тогаш бил мегапопуларен ширум регионот.

Таму бил се до почетокот на 90-тите, кога избувнале немирите, па со семејството се преселил во Белград.

Кога завршила вој ната, како што тврдат луѓето од Сараево, тој одлучил својот стан да му го подари на свој пријател кој останал инвалид поради повредите добиени во бо рба и кој останал без својот имот.

Тоа бил гест за која цела чаршија зборувала, а повеќемината уште се сеќаваат на настанот. Освен станот, пејачот во Босна поседувал и викендица. И нејзе ја подарил на едно семејство кое останало без кров над главата.

За својата великодушност Чолиќ, најголемата ѕвезда на овие простори, никогаш не кажал, но затоа жителите на Сараево се сеќаваат колку големо срце има Чола.

Нешто повеќе од деценија кога во неговиот роден крај завладеал мир, Здравко Чолиќ посакал повторно да има недвижнини во Сараево.

-Имам желба да купам стан во Сараево и поради се почестите посети во градот. Не сум човек кој штеди на пари. Во текот на овие години живеев удобно, не премногу луксузно и имав нормални работи.

Сега кога доаѓам во својот град морам да одам во хотел. Затоа, моја голема желба е да имам стан во родниот град и мислам дека наскоро ќе ми се оставри – изјавил во 2007 година.

Шест години подоцна Здравко ја оставрил својата желба. Според зборовите на нашиот соговорник, тој во 2013 година купил стан во најелитниот дел на Сараево.

Станот има 86 квадрати, по цена од 2000 евра по квадрат, однозно за станот Чола издвоил вкупно 172000 евра. И други познати личности од Сараево кои имале стан во овој град, го продале или издаваат истиот.

Па така Горан Бреговиќ својот стан го издава, додека зимските празници со семејството го поминува во викендицата.

Еден од најпопуларните, можеби најпопуларниот пејач од поранешните југословенски простори е чест гостин во Маледонија.

Токму вечер, тој ќе одржи концерт во градот на конзулите, во Битола.

Вчера, новинарот Зоран Божиновски, кој сега живее во Битола, објави стари слики од едно гостување на Чола во Македонија, пред дваесеттина години, на која е во друштво на поранешниот премиер Владо Бучковски и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

Тие седат во опуштена атмосфера, во некоја македонска кафеана.

Previous articleКако сирена под вода, нашата пејачка објави видео во кое покажа повеќе од што сме навикнале да гледаме од неа
Next articleИ покрај тоа што е сериозно болна, згодната хрватска пејачка скокаше и играше во мини фустанче во Охрид, обожавателите го снимија секој детал