Home Live Дракче објави слика од 1982 година – еве како изгледала млада, сликана...

Дракче објави слика од 1982 година – еве како изгледала млада, сликана во манастирот Св. Прохор Пчински

Познатата ТВ водителка, Драгица Стевковска Дракче, приватно е голем верник и голем дел од своето слободно време го поминува по Балканските манастири – светилишта.

Пред околу еден месец, таа објави статус од манастирот Св. Василиј Острошки:

„Молитви до небо поклон до земја за тебе СВЕТИЛНИКУ НА НАШАТА ВЕРА голем Владика СБЕТИ ВАСИЛИЕ прости ни за погрешенијата и дај ни сила да истраеме во најтешкото да имаме вистински пат..

Водени од светлото на трепетливите нокни светилки од миризбата на дивото нане лавандата и расцветаните липи секој потонат во своите мисли го оди патот и посакува товарот од срцето да биде симнат..

Вербата е голема надежтта е силна за подобро утре,за живот без болка ..

Простум се молев писма со желби пратени од знајни и незнајни луге пишувам и со солзи оплакувам..ПОБЕДИ ГО ЗЛ ОТО ВЛАДИКО ТЕ МОЛАМ..

КАБАНИ ЗВОНАТ НАД МОШТИ ШТО МИРОТОЧАТ А РЕКА ОД ЛУГЕ СЕ СЛЕВА СО ТРЕПЕТЛИВИ СРЦА ПОЛНИ СО ЖЕЛБИ..
СВЕТИ ВАСИЛИЈЕ те молам слушни го гласот кој и молчејки се гледа…

Поклон до земја за благослов од тебе и Севишниот ни БОГ…“, напиша познатата ТВ водителка Драгица Стевковска Дракче на својот профил на социјалните мрежи.

Дракче е речиси 40 години во брак со познатиот пејач на македонски патриотски песни, Орце Стевковски – Царот! За Орце е познато дека е голем патриот.

-Со Орце сме 36 години во брак, од кој имаме две ќерки и пет внучиња. За да се зачува бракот потребно е разбирање и отстапки. Тешко е поради менталитетот во нашата земја, кога секој сака да знае се за другиот, за комшијата и слично.

Благодарение на цврстиот карактер и гледајќи си го домот и блиските секогаш си силен“, изјави таа.

Наскоро, тие ќе проскават 38 годи и брак, поточно на 18 овој месец, а еве како изгледале на нивната свадба.

Драгица Стевковска, синоќа, честитајќи го големиот празник Илинден, постираше слика од младоста, на својот профил на социјалните мрежи.

Фотографијата е сликана во дворот на манастирот Св. Прохор Пчински, а Дракче под фотографијата напиша:

„Оваа фотографија е од 1982 год од Манастирот Прохор Пчински.. Јас пред чешмата.. Нека ни е вековит Илинден..“

Еве како изгледала популарната Драгица Стевковска Дракче пред четириесет години.

Навистина била убава мома, а и денес плени со својата убавина, шарм и харизма.

Previous articleЗдравко Чолиќ синоќа во Битола му бакна рака и му се поклони на овој Македонец (ВИДЕО)
Next articleЈас си имав дечко од наше село, ама моите запнаа и ме мажија во Германија