Home Live Водителката Милена го истакна деколтето, со кое досега не се фалеше (ФОТО)

Водителката Милена го истакна деколтето, со кое досега не се фалеше (ФОТО)

Водителката Милена Антовска- Станковска од Канал 5 е омилена кај глеачите и поради својата спонтаност пред Тв камерите.

Ретки се личностите од естрадата кои може да се пофалат со едно вакво поведение.

Единствено врвни професионалци во својата работа, можат да кажат дека за нив не се пишувало во негативна конотација.

ТВ водителката Милена Антовска не само со својата позитивна енергија рано наутро пред камерите на утринската програма, туку и со својот изглед успева да ги расони гледачите и да им го привлече вниманието, пред да замине на породилно отуство, а со оваа традиција таа секако ќе продолжи.

За нејзиниот изглед и модните комбинации во кои се појавува се пишува доста, но таа секогаш знае да се појави во некоја интересна и впечатлива комбинација која заслужува внимание.

Таа едноставно ја носи ѕвездата на успешноста во себе. На прсти можат да се избројат кај нас јавните личности од овој калибар.

Милена е доста активнa на социјалните мрежи, како на фејсбук, така и на инстаграм каде што објави фотка и напиша:

-Се обидувам секој слободен момент да го поминам во природа, а во последен период одам на Водно.

Искрено најубаво ми е сама, затоа што тогаш се поврзувам на некој начин со себе, а доле во градот не можам да го постигнам тоа, најчесто заради технологијата која меѓудругото ми треба и за работа…

Пешачејќи имам време да си размислам што сакам, што имам, што ми недостасува, итн… Не брзам никаде, тој час, час и половина е само за мене.

И додека сонцето ме печеше така убаво си размислував што е она што во животот го земам здраво за готово?!

Малку се подисплашив кога сфатив кои работи не сум ги ценела доволно, а на што се’ сум давала непотребно време, внимание и значење.

Но, човек учи додека е жив нели“, напиша Милена.

Милена Антовска- станковска е сега мајка на две прекрасни ќерки. Милена кога беше бремена со првата ќерка Лана Марија велеше дека ќерката е сиот нејзин свет. „Секојдневно се изненадувам себеси и правам работи за кои сум мислела дека никогаш нема да ги правам.

-Станав уште поемотивна, многу мои животни навики се сменија, начинот на живот и темпото. Кога станувате мајка веќе сè друго е во втор план, барем кај мене е така“, вели водителката.

Милена потоа остана бремена со второ дете. Таа и нејзиниот сопруг Гордан станаа родители по вторпат.

Убавата водителка за „Слободен печат“ тогаш сподели детали за бременоста и за емоциите што ги проживуваат таа, нејзиниот сопруг Гордан и нивната ќеркичка Лана Марија.

„За една недела треба да влезам во петтиот месец од бременоста, а бебето треба да се роди во јануари. Бременоста тече во најдобар ред, сѐ е како што треба, единствено малку ми е потешко затоа што сега немам толку енергија, а веројатно тоа се должи и на топлото време“, рече Милена тогаш за „Слободен печат“.

„Не бев сигурна за второ дете, но сега сум сигурна дека е тоа најубавото нешто. Пред да го дознаеме полот на бебето, јас мислев дека ќе биде машко, а Гордан беше убеден дека ќе биде девојче. Јас се излажав овој пат“, вели среќната водителка.

Водителката Милена Антовска Станковска ја роди својата втора ќерка, Јоана. Само еден ден откако го прослави својот роденден, таа се оствари како мајка по втор пат. Јоана дојде на свет на големиот христијански празник Василица или Православна Нова година.

Милена ексклузивно за „Слободен печат“ сподели и еден непријатен период, иако краток, со кој се соочила при породувањето. Водителката се породи во ковид-центарот на Клиниката за гинекологија и акушерство Скопје.

Никогаш не сум добила поубав подарок за роденден и тврдам дека нема никогаш да добијам.

За малку мислев дека ќе се породам токму на мојот роденден, на 13 јануари, на Василица или Стара нова година.

Но, ете Јоана сакаше да почека уште еден ден, односно да си има свој ден и да се роди на празник, на Свети Василиј односно на Василица, за да не биде „покусо“ од сестра ѝ Лана Марија којашто е родена на 28 август на празникот Голема Богородица.

Ете, Јоана сакаше да си се роди на свој ден, на свој празник. Инаку, роденденот не го почувствував, не ни мислев на мојот роденден.

Токму тој ден бев двапати на преглед, лекарите сакаа да ме видат, односно мојот лекар, д-р Јосиф Ѓоревски, кој ме породи и првиот пат со Лана Марија и вториот пат со Јоана, сакаше да бидам таму во близина, бидејќи се очекуваше секој момент да се породам.

Искрено, не ни планирав да го споделам во јавност, затоа што сметав дека нема некоја посебна потреба, но ете вие како вистински професионалци од сосема друга страна сте дознале дека се породив на ГАК, но на одделот каде што лежат пациентки позитивни на ковид-19“, изјави Милена во Слободен печат.

Милена објави нејзино селфи на Инста стори. Секоја слика од Милена е убава, но оваа беше посебна, затоа што водителката на Канал 5 за прв пат го истакна своето деколте. И Милена има што да покаже кое досега не го покажувала, а на оваа слика тоа го стори на културен и умерен начин, но сепак забележлив.

Previous articleЈас си имав дечко од наше село, ама моите запнаа и ме мажија во Германија
Next articleЛамбе го запали родното Љyбојно, ама овој пат со нашата најзгодна пејачка (ФОТО)