Home Live Јас си имав дечко од наше село, ама моите запнаа и ме...

Јас си имав дечко од наше село, ама моите запнаа и ме мажија во Германија

Сакам анонимно да раскажам што ми се има мене случено во животов!

Ова ми е еден вид на олеснување затоа што досега никому не сум го признала и се надевам дека барем ќе ми тргне еден камен од душата.

Сè се случи пред точно триесет години кога уште живеев на село со моите.

Не бевме многу богати и живеевме скромно, мајка ми работеше во конфекција во градот, а татко ми како овчар.

Единица сум, па мислам дека најмногу заради тоа моите се согласиле на одлуката која ми го промени животот. Уште како млада, од 16 години си фатив момче.

Бевме многу вљубени и секој час го минувавме заедно. Нашите родители понекогаш не ни дозволуваа толку да се гледаме за да не го запоставиме училиштето, ама џабе.

Се искраднувавме од дома само за да се најдеме кај стариот кладенец и да се помуабетиме.

Откако минаа три години и веќе бевме полнолетни, нашите родители почнаа посериозно да размислуваат за нашиот однос иако ние се уште не бевме спремни за брак.

Сакавме заедно да тргнеме на работа, па после сè сами да си створиме. Големи планови имавме, како и сите млади во тие години кога мислат дека сè е остварливо.

Почнавме и со работа и се течеше убаво, нашиот однос беше уште повеќе продлабочен и веќе и интимно се запознававме. Но, тогаш се случи еден немил настан. Моите ги разгореа страстите спрема родителите на моето момче.

Разбрале од еден сосед дека таткото на момчето почнал да пие, да ги коцка парите, што е најлошо разбрале дека ја изневерил жена му и дома и донел друга и сакал оваа да ја исфрли на улица.

Моиве ептен спобудалеа, знаеја дека ние сме на праг да се земеме и сега таков скандал не им доаѓаше предвид. Се расправавме дома со денови за тоа како јас треба да го напуштм момчето затоа што не бил достоен за мене поради неговата фамилија.

Тие не дозволувале да влезам во такво семејство и сите да ме озборуваат, се плашеле дека и синот ги наследил татковите гени, па и тој истото да ми го направи. Плачев, ги молев, но ништо.

Ние продолживме да се гледаме скришно и тогаш открив дека сум останала бремена. Се плашев да им кажам на моите, тие не сакаа да ме омажат за него и можеа да ме исфрлат надвор. Ни момчето не знаеше.

Мајка ми забележа дека не сум добра и на крај морав да и кажам. Деталите од тој настан воопшто нема да ги кажувам, ни па да се присетувам.

Татко ми на многу неубав начин, скришно, се договорил со еден негов близок пријател кој заедно со жена му живееле во Германија, да отидам кај нив демек на гости, а всушност да се омажам за нивниот син.

Тој останал стар ерген, не му се погодиле жените до тогаш, па барал било каква. Јас, на мои тогашни скоро 20 години, бев принудена да заминам во странство само за да го обелам мојот и образот на моите родители.

Да не останам в село во таа растурена фамилија за да не ме покажувале со прст. Претпоставувате колку плачки и викања имаше тогаш. Не зборував со моите 8 месеци. Се лутев и ми беше многу криво затоа што зад мој грб ми го направија тоа.

Бев принудена да се преправам дека детето што го родив е од новиот сопруг. Не знам како не забележаа досега ништо чудно. Ама знаете како е, времето те тера на се да се навикнеш.

Не сакав ни да се спротивставувам на моите затоа што и покрај сè верував дека тие имаат право, можеби ми беше преизбрзан односот со момчето од селото. А и тој да сакаше немаше толку лесно да ме пушти да заминам.

Се среди работата отпосле и морав да се навикнам и покрај сета мака што ја преживував. Знаев дека ќе имам дете и за него се трудев сè да сторам. Сега, да бидам искрена, гледајќи наназад во поминатото време со сопругот не се каам затоа што сум се омажила.

Тој се покажа како многу грижлив сопруг и татко и иако не знае, моето дете го израсна како негово. Имаме и заедничка ќерка и внучиња.

Некогаш годините не се толку важни, поважно е да се има слога и разбирање меѓу партнерите. Како и да е, не знам дали некогаш би можела да му ја признам во очи мојата тајна.

Фото: Илустрација

Previous articleДракче објави слика од 1982 година – еве како изгледала млада, сликана во манастирот Св. Прохор Пчински
Next articleВодителката Милена го истакна деколтето, со кое досега не се фалеше (ФОТО)