Home Live Каролина Гочева го откажа концертот во Охрид: Од синоќа не се чувствувам...

Каролина Гочева го откажа концертот во Охрид: Од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав

Кога некој трае со години, значи дека поседува квалитет, а за Каролина Гочева не треба да се трошат многу зборови.

Несомнено, Каролина е поп пејачката која ги одбележа изминатите три децении кај нас, но и пошироко на Балканот. Убавата Битолчанка е гордост македонска, каде и да се појави!

Каролина Гочева пред точно еден месец, одржа величенствен концерт на воениот стадион во Скопје, а публиката супер се забавуваше со нејзините песни, стари и нови.

Женски магазин објави дека Каролина рекла дека нема да спие цела ноќ.

-Ова ми беше најубавиот концерт. Сигурно дека вечерва нема да можам да спијам“, рече поп-ѕвездата откако публиката ја врати на бис и сите во еден глас извикуваа „Хипокрит“.

Некои стари песни кои будат радост и возубуда и денес како кога за првпат ги слушнавме, ја направија оваа ноќ магична. А, Каролина е во право. Концерот беше најубав, и за неа и бендот, и за нас.

Интересно е што публиката беше генерациски шарена, па така „Без оглед на сè “, „Знаеш колку вредам“, „Милениум со тебе“, „Ајде да летаме“,

„За нас“, во глас ги пееја и оние кои тогаш биле мали деца, некои тинејџери и средношколци, некои студенти“, објави Женски магазин.

По концертот во Скопје, од кој што беше презадоволна публиката, но и пејачката, Каролина Гочева почна да го најавува концертот во Охрид, кој требашпе да се случи овој четврток:

„Драги мои, После концертот во Скопје, ова лето не би било комплетно доколку не се видиме и под охридското небо!

04 август Касарна, Охрид! Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок (15.07) на avalon.mk и ширум нивната продажна мрежа низ Македонија.

Ве чекам сите во Охрид на 4ти август! Ајде да летаме, напиша Каролина, а потоа, во изминатите дваесеттина дена речиси секојдневно потсетуваше за нејзиниот летен настап во Охрид.

Но денес, Каролина на разочарување на многубројни фанови, објави дека концертот на 4. Август е откажан, поради здравствени причини:

„Драги мои, Многу се радував на нашата средба во Охрид и многу сакав да ја повториме онаа магична вечер од Скопје, но…

од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав и имам корона.

За жал, мораме да го откажеме концертот планиран за четврток во Охрид. Се гледаме во следна прилика, а на Охрид ќе му се оддолжам со концерт наесен!“

Изминатиот период, ковид бранот во нашата земја е особено засилен. Очигледно не ја одмина ни популарната пејачка. Каролина, ти посакуваме добро здравје!

Previous articleСи направив свадбиче во Америка, маж ми има приватен авион, а јас да им правам забава, свадба на роднините во МК немам ни желба ни потреба
Next articleРеменски му пиша на Мијалков: Честитка за Илинден до бате Саше