Home Live Здравко Чолиќ синоќа во Битола му бакна рака и му се поклони...

Здравко Чолиќ синоќа во Битола му бакна рака и му се поклони на овој Македонец (ВИДЕО)

Големата екс ју ѕвезда, Здравко Чолиќ, покрај пејачката, многупати ја има докажано и својата човечка димензија.

Тој му го подарил станот во кој израснал на својот пријател инвалид. Жителите на Сараево имаат само пофални зборови за Чолиќ, објавија медиумите лани ова време.

Додека живеел во тој град, нималку не се истакнувал, ниту се правел важен иако уште тогаш бил мегапопуларен ширум регионот.

Таму бил се до почетокот на 90-тите, кога избувнале немирите, па со семејството се преселил во Белград.

Кога завршила вој ната, како што тврдат луѓето од Сараево, тој одлучил својот стан да му го подари на свој пријател кој останал инвалид поради повредите добиени во бо рба и кој останал без својот имот.

Тоа бил гест за која цела чаршија зборувала, а повеќемината уште се сеќаваат на настанот. Освен станот, пејачот во Босна поседувал и викендица. И нејзе ја подарил на едно семејство кое останало без кров над главата.

За својата великодушност Чолиќ, најголемата ѕвезда на овие простори, никогаш не кажал, но затоа жителите на Сараево се сеќаваат колку големо срце има Чола.

Нешто повеќе од деценија кога во неговиот роден крај завладеал мир, Здравко Чолиќ посакал повторно да има недвижнини во Сараево.

-Имам желба да купам стан во Сараево и поради се почестите посети во градот. Не сум човек кој штеди на пари. Во текот на овие години живеев удобно, не премногу луксузно и имав нормални работи.

Сега кога доаѓам во својот град морам да одам во хотел. Затоа, моја голема желба е да имам стан во родниот град и мислам дека наскоро ќе ми се оставри – изјавил во 2007 година.

Шест години подоцна Здравко ја оставрил својата желба. Според зборовите на нашиот соговорник, тој во 2013 година купил стан во најелитниот дел на Сараево.

Станот има 86 квадрати, по цена од 2000 евра по квадрат, однозно за станот Чола издвоил вкупно 172000 евра. И други познати личности од Сараево кои имале стан во овој град, го продале или издаваат истиот.

Па така Горан Бреговиќ својот стан го издава, додека зимските празници со семејството го поминува во викендицата.

Еден од најпопуларните, можеби најпопуларниот пејач од поранешните југословенски простори е чест гостин во Македонија.

Славниот пејач Здравко Чолиќ е посветен на своето семејство, и тој го користи секој слободен момент да ужива во зеленилото на мирната област во која живее.

Тој сака да се релаксира со чаша вино и добар разговор, а соседите го опишуваат како вистински господин и домаќин.

Една од најголемите балкански sвезди, живее со сопругата Александар и ќерките Уна и Лара во елитниот, но и мирен дел од Белград, и тој се обидува да ја зачува приватноста на семејството во луксузната вила.

Здравко Чолиќ на 30 мај наполни 71 година, верувале или не. Во едно интервју, тој зборуваше за жените кои го сочинуваат најголемиот дел од неговата публика, но и за неговата сопруга Александра, со која е во брак 20 години.

Здравко Чолиќ сношти пееше во Битола и според сторињата и снимките кои ги објавија битолчани било полно во клубот Голд Фелиција.

Чола таму пеел што се вели „од јутра до сутра“, но една снимка на Фејсбук покажува интересна и несекојдневна ситуација.

На сите им е познато дека Здравко долги години соработувал со легендата Велибор Џаровски- Џаро, тоест Џаро на Чола му бил менаџер. Џаро има раскажано доста анегдоти за Чола кој го сака како да му е роден брат.

Вчера Џаро бил во Битола, и тоа е објавено на неговиот Фејсбук профил. На снимката, Џаро му се доближил на Чола, а тој од сцената му ја бакнал раката, ама и ракант на Чола ја бакнал Џаро.

-Тука е мојот пријател, мојот менаџер Џаровски, топ, број еден“, рекол Чола за Џаро.

Откако Здравко го кажал ова, се слушнал голем аплауз, а Чолиќ продолжил да пее, а за оваа случка, најдобро може да сведочи снимката која Џаро ја објави на Фејсбук, и под неа напиша: Шифрата е- Да бидеме сложни!

Previous articleАгнеса ја сними мајка си како во бикини влегува во базен и и викна: Мамаааа (ВИДЕО)
Next articleДракче објави слика од 1982 година – еве како изгледала млада, сликана во манастирот Св. Прохор Пчински