Home Live Си направив свадбиче во Америка, маж ми има приватен авион, а јас...

Си направив свадбиче во Америка, маж ми има приватен авион, а јас да им правам забава, свадба на роднините во МК немам ни желба ни потреба

Кај нас останало како традиција, да се прават свадби со многу гости, роднини, пријатели… На запад, не е баш така.

Многу често може да се видат младоженецот и невестата на некоја плажа, со попот кој ги венча, со неколку пријатели покрај нив и потоа мала закуска и тоа е тоа.

Нашинка од Скопје, која живее во САД, ни пушти своја исповед, токму на оваа тема!

-Јас имам едно да ви кажам, верувајте во своите соништа! Уште коге бев многу малечка, некаде во основно образование, си размислував како е да се живее со богатство, да не му ја мислиш од први, до први, сè да ти е средено.

Истиот филм си го правев во глава и кога потпораснав, кога бев средношколка, но и потоа, кога веќе почнав да имам момчиња. Моето скопско секојдневие ми изгледаше некако здодевно, патетично, монотоно. Знаев дека морам да си одам!

Учењето ми одело отсекогаш. Основното и средното образование ги завршив со одличен успех. Не бев некоја бубалица, незнам, едноставно ми прима мозокот информации и лесно го совладувам материјалот кој треба да го научам.

Кога дојде ред да се запишам на факултет, јас имав само една цел, тоа да не биде во Македонија, туку некаде надвор. Било каде.

Се укажа шанса за Германија, конкурирав и добив стипендија. Како што ми одеше средното, така продолживи и на факултет.

Во Германија бев една од најдобрите, а потоа дојде она вистинското. Се отвори можност мастерот да го реализирам во Соединетите Американски држави.

Се запишав во градот Нуарк, тоа е еден голем град во државата Њу Џерси, во близина на Њујорк. Нуарк е оддалечен од Менхетен, Њујорк Сити, само околу дваесет минути возење.

Тука се запознав со Мајкл, човекот на мојот живот. Потеклото на Мајкл беше од Бостон, Масачусетс. И не помислувајте веднаш дека јас го прашував Мајкл дали е богат, дали има пари. Не! Навистина се вљубив во него, незнаејќи ништо за него.

Подоцна дознав, после неколку месечно забавување, дека Мајкл потекнува од богато семејство, татко му е сопственик на компанија која се занимава со изградба на куќи. Тое е многу вносен бизнис во Америка.

Го завршивме мастерот и двајцата и Мајкл ме покани да се преселам во Бостон. Се разбира дека прифатив.

Таму на почеток си изнајмив стан, бидејќи веднаш почнав да работам во една маркетинг компанија за водење на ПР на познати личности. Значи почнав добро да заработувам.

По две години врска, се зедовме со Мајкл. Дојдоа тука моите и сестра ми и направивме убава веселба. Класична свадба во Македонија не правевме. Немав потреба да им правам забава на роднините во МК, што знам.

Сега сум бремена, а Мајкл пред неколку месеци купи приватен авион. Односно тоа е некој вид подарок од татко му, поради неговата страст кон авионите од мали нозе.

Да се разбереме, не е тоа некој авион кој чини милиони долари, мало пајперче е, но сепак, во слободно време, ние летаме.

Имаме огромна семејна куќа, која си ја купивме на кредит, јас и Мајк, иако татко му слободно можеше во кеш да ни ја плати.

Возиме убави автомобили и да дечки, мене ми падна ,,секирата во мед”, народски кажано.

Името и презимето познати на редакцијата на Инфо 7.

Previous articleБоки Бургија: А бре македончиња од СДСМ… Зошто копирате настани кои ги разделуваат Македонците?
Next articleКаролина Гочева го откажа концертот во Охрид: Од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав