Home Live Еве на каво рајско место одмара Сузана Турунџиева, се пожали дека ѝ...

Еве на каво рајско место одмара Сузана Турунџиева, се пожали дека ѝ ја окупирале „приватната“ плажа

Во една прилика Сузана Турунџиева вели дека ако нешто силно сакаш, универзумот ќе се потруди тоа да ти го озвозможи. Во емисијата Магазин на Сител, таа беше гостинка со Атиџе Муратова, а повод е нивното пријателство и песната „Од Бекрилија до Битола“.

– Убаво е што во во ова модерно време, преку мојот Фејсбук профил, Атиџе можеа да ја следат нејзините фанови од Америка, од целиот свет. Ние во оваа пандемска година не престанавме да работиме.

Кога се запознавме, ништо не си ветивме една на друга. Одевме чекор по чекор до целта. Нас некако ни се препрелетоа енергиите, направивме една супер конекција. Ние сме многу раслиќни ако земеш да не анализираш.

Но, од женски аспект сме многу слични. Таа ја има сромноста, трпеливоста, ведрината која што е во дефицит во ова наше лудило. Се повеќе луѓе се грижат за интереси, се повеќе ги врзуваат зделки и можности да заработат едни од други.

Нас ништо не не врза такво. Апсолутно ништо, јас бев растеретена од таа комерцијална страна јас да бидам покрај Атиџе и таа да биде покрај луѓето коишто ја препознаваат нејзината љубов, и не случајно тимот на „Медена земја“ ја одбрал баш Атиџе“, рече Турунџиева.

-Јас не сум сретнала некој што толку многу ја сака Македонија колку Атиџе. Таа со толку многу голема љубов зборува за својата земја. И навечер кога си седиме често пати, и си фантазираме„, рече Сузана.

Таа изјави дека фантазира да оди на егзотини места, и кога на Атиџе ќе ѝ покаже некој егзотичен остров, таа ѝ вели: ти не знаеш колку е убаво дома, во Македонија, по нашите планини, ако ги одиш пеш.

-Јас не сум во некоја финансиска благосостојба, да можам да ѝ го сменам нејзе животот на многу подобро, зборувам од аспект на тоа да ѝ обезбедам животни услови, бидејќи и јас сум таа што ги нема во моментов“, рече Сузана.

Јавноста е запознаена за дружбата на Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова кои неодамна снимија заедничка песна.

Песната ја раскажува нивната заедничка судбина.

Песната ја напишаа следниве автори: Роберто Поп Димитров музиката а Огнен Неделковски текстот. Песната е веќе промовирана, а ова Сузе и Атиџе го опејаа во неа.

-Моја Атиџе, душо медена, мислам живот цел, јас те познавам. Иста судбина, ние делиме, се за луѓето, ние правиме“, ја почнува Сузана приказната во песната.

– Има бранови, има планина, човек сонува за убавина. Што е наше знај, ќе ни пристигне, нова светлина доаѓа, да ни помогне“, ѝ одговара Атиџе.

-Многу прошетав, но не научив, зошто плаќаме туѓи гревови. Зошто животот, едно казнува, а пак другите ги наградува?“, се прашува Сузана.

-Тешки прашања, моја Сузана, не би знаела, да одговорам“, ѝ одговара Атиџе. Потоа вели: Душа отвори и насмевни се, сите вистини големи се во песните.“

Во спотот, се појавуваат нивни интересни фотографии од дружбата последниве месеци.

Сузана во една прилика објави слика од Атиџе, која е важна во нејзиниот живот, како и нејзината помала ќерка Матеа. Но, на сликата е уште една жена, многу значајна за Сузе. Тоа е нејзината мајка која неодамна наполни 80 години.

– Мојата мајка е таква мајка, што кога зборувам за неа треба да стојам простум… Што би рекла наша Атиџе: Мајката, и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе и останеш“, напиша Сузе за мајка си.

Сузана обично станува рано наутро, и сега, кога е на одмор со својата ќерка ја зафаќа најубавата и најегозитчната плажа, која е како приватна, само за нив две. Турунџиева не кажува каде летува, а според сликите кои ги објавува се работи за некои многу убаво место.

Утрово, таа станала многу рано, но сепак, некој ѝ ја зафатил плажата и таа напишала: Значи денеска имало и поранобудни од нас, ни ја окупирале плажата“.

Previous articleГлавна во Охрид, деколтето на Емилија Розман нема кој не го примети (ФОТО)
Next articleИгор Џамбазов за Илина: Се будам, неа ја нема, празна половина од креветот, вдишувам од нејзината маичка