Home Live Главна во Охрид, деколтето на Емилија Розман нема кој не го примети...

Главна во Охрид, деколтето на Емилија Розман нема кој не го примети (ФОТО)

Во едно свое интревју, нашата мисица Емилија Розман се опиша себеси си вон нејзините активности како Мис. „Волонтер сум во Црвен Крст уште од мојата 10та година и тоа е нешто што ме исполнува и ме прави најсреќна на целиот свет“.

Работам и како модел што многу луѓе нели тоа го потенцираат и покрај тоа што сметам дека треба акцент да се стави и на други работи но тоа е тоа, и така накратко тоа е Емилија Розман“ изјави таа во интервју за voiceskopje.org

Така, сакам да бидам среќна, успешна и работам на се тоа што сакам да постигнам, сакам да го прошетам светот, сакам да им помагам на луѓето и сакам да ги правам среќни“, рече Розман за себеси.

Емилија Розман беше Мис на Македонија во 2015 година во Кина, а таму замина преку Лидија Велковска, која е организаторка на Мис. Таа била Мис на Југославија во далечната 1975 година.

– Мис Македонија 2015 и Мис Југославија 1975. Ја обожавам. Ти благодарам за се што имаш направено за мене“, напиша Емилија кога објави слика од дружбата со Лидија Велковска.

Освен што поранешна Мис на Македонија, Емилија е диполомиран дефектолог и голем хуманитарец. Таа е една од најпопуларните лица на социјалните мрежи кај нас. Во една прилика, таа раскажа за нејзините почетоци во манекенството.

– Започна отприлика околу мојата 17та година, реално цел живот бев машкоданка, обожавав да играм фудбал, да играм кошарка, не ги сакам многу многу оние барби работи на некој начин не ми беа така привлечни интересни.

И брат ми често ми кажуваше “Не треба да се каеш за работите што ги имаш направено, но за тие работи кои ги немаш направено”.

Јас на 17 год. со мојот детски мозок размислував што јас немав направено во мојот живот, нели на таа возраст е огромна работа да имаш 17 години (хаха) и дојдов до заклучок дека може треба да пробам нешто така по женствено да бидам манекенка.

И така започнав со курс што реално во нашава држава е смешна работа , и така влегов во тие води и одеднаш почнаа да ми нудат ревии, каталози, сликања и се друго што тоа мене ми беше забавно на таа возраст поради тоа што нели се’ уште не си насочен што точно сакаш да бидеш, професија и слично, запознавав луѓе бев во тие кругови и беше интересно.

И така сето тоа на некој начин продолжи да си функционира, почнав да заработувам, ми се пружи можност да патувам низ светот што е мојата најголема желба.

Така што, работите си течеа сами по себе иако не очекував дека ќе завршам во тие води, затоа тогаш најнебулозната работата за себе што можев да ја замислам е дека ќе станам толку женствена и манекенка но, се случи.

– Луѓето секогаш се збунуваат кога некој ќе праша кој е тој и тој, Јас сум јас. (хахаха) Јас сум сето тоа што го правам во животот, луѓето што ме опкружуваат, моето секојдневие, работите што ги правам, музиката што ја слушам.

Јас сум обична девојка која заврши на Институтот за Дефектологија на Филозофскиот Факултет, и паралелно си влезе во една нова авантура шпански јазик на Филолошки Факултет што малку поспоро иде со оглед на моите ангажмани“, рече Емилија. Емилија сега има продавница за цвеќе и украси.

Емилија Розман не е долго време во манекенските води. Имено, таа откри дека се занимава со нешто сосема друго, а тоа е цвеќарство. Таа на Фејсбук напишала лут статус до сите оние за кои рече дека ја искористувале, а кога на неа и требале никаде ги немало.

-Еве јас бидејки сега имам прилика конечно да се освестам од лудилово по повод празникот на жената, би сакала искрено од се срце да се заблагодарам на сите кои не поддржувате и купувате од кај нас.

Ви благодариме на довербата и трпението, постоиме за Вас и сме срекни што можеме да бидеме дел од вашите најубави моменти.

Не толку искрено благодарам за сите ,,другари и другарки” кои не најдоа време (односно не се замараа) барем еден ден од годината да го испочитуваат мојот бизнис. Една ружа не чини многу, но многу кажува за сите вас кои бевте тука кога имавте корист и интерес од мене.

Благодарност и до УЈП што се секоја година тука за нас, реално не знам каде би ги трошела парите да не бевте Вие, тој еден ден во годината што го работиме, греота би било да не помогнеме да се наполни буџетот на нашата драга држава. Ох да и уште нешто.

Не ги креваме ние, цвеќарите, цените за да заработиме за 8 Март, иако живееме за тој ден, бидејќи реално, зашто би купувале цвеќе било кој ден од годината кога може само тогаш.

Цените се наметнати од увозниците. И не, не сум сменета, дрска и лоша, туку едноставно ми здосади да ме правите глупава и наивна од што сум добра. Љубов до сите, гушкање до небо и многу здравје, се друго ќе средиме“, напиша Розман на Фејсбук.

Таа сега замина на заслужен одмор во Охрид. Сликата која ја објави од плажа е доста провокативна, Емилија реши да ги почести своите обожаватели на Фејс.

Розман била на големата журка Ohrid calling, и таму се сликала со нејзинто бујно деколте и напишала: Охрид не бараше, ние одговоривме! Сигурно нема кој не го забелжал ова деколте на нашата мисица, со кое таа не пропушта да се пофали.

Previous articleДали е ова најефтината плажа во Охрид? Сок чини 60 денари, а лежалка со вклучена пијачка за 200
Next articleЕве на каво рајско место одмара Сузана Турунџиева, се пожали дека ѝ ја окупирале „приватната“ плажа