Home Live Игор Џамбазов за Илина: Се будам, неа ја нема, празна половина од...

Игор Џамбазов за Илина: Се будам, неа ја нема, празна половина од креветот, вдишувам од нејзината маичка

Шоуменот Игор Џамбазов и ликовната уметничка, планинарка и скијачка Илина Арсова уживаат во љубовта, а тоа се почесто го покажуваат и преку социјалните мрежи.

За нивната љубов се пишуваше на големо. И восхитува тоа кога двајца се вљубени. Љубовта е најисконското нешто и се појавува во разни форми.

Водителот, шоумен, музичар и писател Игор Џамбазов во интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со планинарката Илина Арсова, па откри како се запознале и како почнала нивната емотивна приказна.

Се запознавме пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и и се јавив. И се претставив и и кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе.

После тоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. После неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа.

Се немавме видено долго време се додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а се после тоа е историја, раскажа Џамбазов.

Призна и дека врската со Илина е сериозна, па не ја исклучи можноста наскоро да започнат заеднички живот.

-Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано нека се случи се. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае, призна Игор.

-Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг (мислејќи на нејзините достигнувања во планинарењето), сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.

И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот, – раскажува Џамбазов.

Призна и дека врската со Илина е сериозна, па не ја исклучи можноста наскоро да започнат заеднички живот.

-Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано нека се случи се. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае, призна Игор.

Ако Џамбазов го препознаваме по микрофонот, камерите и сцената, тогаш за Илина тоа е природата, планините и искачувањето на истите.

Минатата година Илина реши со себе да го поведе и својот сакан Џамбазов со кого уживаат на една од нашите природни убавини, на Попова Шапка.

Игор со Илна замина на планинарење , и тоа на Попова Шапка и со видео се јави од врвот на планината, и порача:

Дечки, се наоѓам на местото каде што попот своевреме но ја загубил шапката. И, еве, не можеме да ја најдеме, Поповата шапка“, вели Игор.

Потоа, пријателот до него му објаснува: Ова долу е Караниколичко езеро. Ова е Јелак“. А Игор на тоа одговара: А, јас сум Владо Јаневски.

Игор на Шапка сними и спот, кој го најави на Инстаграм. „Со екипата на ОХО, вчера го снимивме спотот за Love is so good. Едвај чекам да го видите„, раскажа Игор пред да се промовира овој спот.

Илина Арсопва, отворено за Игор зборуваше во едно свое интевју за Репортер, каде што ја раскажа љубовта со Игор, како тие всушност функционираат заедно, што е убаво, но исто така и што и пречело на почетоот од нивната врска.

-Јас последниве години, пола од времето го поминувам во Македонија, пола надвор. Патувам, работам, учам. Јас имам проблем тука, бидејќи некако средината многу не кочи за да напредуваме, особено за оние работи за кои јас сакам да се надградувам.

Се сеќавм во Турција имаше на почетокот, не сум удрила срценце, не сум му ставила лајк кога ми пишал, и одма лут дечкото. А јас од сабајле пуна агендата. Станувам, вежбам доручкувам, вежбам, одам на карпа, работам, пливам, јадам нешто на брзинка, и легнувам уте пана.

Ама, нормални луѓе, имаме малку повиоко ниво на свесност, за брзо време да ги сконтаме тие работи, како што на него му е чудно тоа мое постојано движење и патување, мене ми е чудна неговата пасивност.

Па, некој пат кога не ми е јасно во врска со тоа како неговиот живот е организиран, си го преслушувам вашето интерву тука што го имате, баш тоа беше непосредно пред ние да се сретнеме, и тука си го преслушувам од време на време, ако нешто не ми е јасно, може од време на време ќе ми се открие.

Тогаш рече дека не може да ги трпи жените повеќе од два часа. Тоа беше во декември, а ние се сретнваме во април во Дојран. А се имаме сретнато во Охрид чисто другарски, и нели целиот тој сплет на околности не спои.

И веќе, во однос на птретходното прашање и мојот номадизам модередн што си го нарекувам, имам сега целосна поддршка, значи минатиот пат бев три месеци отсутна. Јас му кажав на него: Па, не знам злато, еден месец ваљда.

Ама, бидејќи немав други обврски коишто ме врзуваат за Македонија, целата работа си ја носев со мене, бидејќи тој период од годината бев ангажирана да работам повеќе со сликарството, и бидејќи ми беше убаво секаде каде што патував, постојано имав некои ангажмани…

Игор изненади со уште една објава,љубовна а е посветена на Илина Арсова која е сега далеку од него.

-Љубов е… Се будам, неа ја нема. Празна половина од креветот. Таа баш сега заспива. Некаде далеку. Десет илјади километри далеку. Вдушувам од нејзината омилена маичка за спиење.

Како сега да ја соблекла. Е, тоа е љубов“, напишал Џамбазов утрово за својата Илина.

Previous articleЕве на каво рајско место одмара Сузана Турунџиева, се пожали дека ѝ ја окупирале „приватната“ плажа
Next articleБившата на Дарко Лазиќ потpоши 4.000 евра за четиpи часа: Децата ѝ ги чува дадилка, а таа си ужива со новиот маж