Home Live Дали е ова најефтината плажа во Охрид? Сок чини 60 денари, а...

Дали е ова најефтината плажа во Охрид? Сок чини 60 денари, а лежалка со вклучена пијачка за 200

Нашиот медиум изминатиов период често добива пораки од читатели кои не известуваат како си поминуваат на одмор во Охрид, нашето најпознато летувалиште во Македонија.

Наш читател чие име е познато на редакцијата ни испрати порака во која детално опишува како со семејството си поминува во нашиот туристички бисер, Охрид, каде што ова лето решил да помине неколку дена.

Тој е сместен во апартмани во центарот на Охрид со сопругата и со помалиот син, додека ќерката е поголема, и таа е со свое друштво во други апартмани, исто така во близина на центарот.

– Женава вели, ај да земеме две лежалки, па не сме во Грција, можеме тука да си дозволиме малку уживање. Кога, на местата каде што порано лежалките биле 100 или 150, онде кај плажине Славија и Горица, сега се по 200 до 250.

Земавме две лежалки, по 200. Одморивме, се сончавме. Ни дојде жешко, и викам на жената, ај едно кафе да се напиеме.

Јас мало макијато, таа еспресо. Оооп сметка 200 денари. Еспресо 90 денари, мало макијато 110.

Се гледаме со женава и си викаме- кај сме дошле ние, во Охрид или на море? 10 евра дадовме за две мали кафиња и за две лежалки, па во Грција и поефтино ќе поминевме.

Кај е сладолед за синот, 80 денари, грицки…

Ајде, помина и тоа, па си викам- цениве се вакви дека на плажа, ај вечерта во чаршија ќе излеземе.

Седнуваме во чаршија, во центарот, малце свет да гледаме. Жена ми нарачува ладно Нес кафе, а јас едно пиво, син ми Кокла кола. Сметката доаѓа на крај, 360 денари. Кока кола, 100 денари, моето пиво 120, а кафето на жена ми, 140 денари“, вели еден наш читател.

Откако го објавивме текстот за скапите цени во Охрид, ни стаса уште една порака со слична тематика, поврзана со цените во Охрид, нашиот туристички бисер.

Читателот кој ни го испрати ова, се инспирирал од претходниот текст на другиот наш читател, и решил да се надоврзе на него.

Така, открив едно место, а ми го кажа мој пријател кој е охриѓанец, каде што има готвена храна по пристапни цени, а си седиш и си јадеш како во ресторан. Се вика Village bistro, и е во состав со трговскиот центар Кам во Охрид.

Се наоѓа во близина на автобуската станица, паркинг има секогаш. За жал, во трговскиот нема дуќани, изгледа дека не им одело па ги затвориле- или се уште не се отворени.

Во трговскиот има само еден голем маркет, една дрогерија, аптека, книжара, и ова мало ресторанче со самопослужување.

Греота е да се рече дека е менза, затоа што е чисто, убаво уредено, и ладничко, пријатно кога е надвор жешко.

Си седнавме со жена ми и што да видам, пријателот бил во право. Цени од 130, 150 денари за комплет оброк. Парче месо какво сакаш или риба и гарнир колку сакаш: Ориз, компир, макарони, ти ставаат од се што ќе посакаш и колку сакаш.

Се продава и вкусна шопска салата за само 50 денари. За пиење, има сокови, вода, пиво, и тоа по цени како во продавница. Парче леб се продава по цена од 3 денари. Има опција и да спакуваш за носење, ама жена ми и јас си јадевме таму.

И цените се пријатели вакви: ослиќ на скара со гарнир, 100 денари, лосос филе 120, ќофте во сос- 130 денари, пилешки крилца исто толку, ама се ова со богат гарнир.

Потоа, похован пилешки стек за 140 денари, а за исто толку ќе добиете и пилешки стек на скара. Свинска шницла похована со гарнир е 150, пилешко во кари сос исто, а жена ми јадеше селско месо со сите можни гарнири за 150 денари.

Јас јадев пилешка сницла, си нарачавме сок и вода, леб, шопска салата, и целиот ручек не чинеше 390 денари. Порциите се богати исто како и во било кој ресторан.

Ете како можеш да си поминеш и убаво и ефтино во Охрид, само треба добро да се информираш каде што и како.

Но уште еден читател кој е сега на летување во Охрид со сопругата ни пиша дека дека во Охрид може ефтино да се помине, а ако сакаш можеш да земеш и лежалка, и во тоа имаш вклучено и пијалок.

На сликите кои Љ.М ни ги испрати од Охрид пишува: лежалка плус пијалок за 200 денари. А цените на пијалоците исто се доста пристапно. Вода на пример чини 50 денари, негазиран сок 70, а газиран сок 60 денари.

Нес кафето е 100 денари, домашно пиво е 90 денари, а увозно е 140. „Ете, и во Охрид може да си поминеш како човек, а да не биде тоа пикање меѓу милион пешкири, и да немаш место каде да го ставиш твојот.

Среќа, со жена ми ја најдовме оваа плажа кај Свети Стефан, си одиме таму како цареви, и супер ни е. Ете, ако сакаш ќе си најдеш“, вели нашиот читател.

Previous articleКавга за сликите на Велевска и Гавазова на Фејс: Се претставувате како среќна пензионерка – вака ли ги воспитувате внуците?
Next articleГлавна во Охрид, деколтето на Емилија Розман нема кој не го примети (ФОТО)