Home Live Се огласи сара Мејс – cе заблагодаpи на оваа болница и порача:...

Се огласи сара Мејс – cе заблагодаpи на оваа болница и порача: Одиме на трето!

Сара, која е пејачка и харфистка и водителот Димитар, кој е косопственик на една маркетинг агенција се запознаа на шоуто „Танцот со ѕвездите“ каде што и двајцата учествуваа.

Иако нивната прва средба била во емисијата „Тротоар“ која ја водеше Димитар, во „Танц со ѕвездите“ се родила вистинската љубов.

„Не бевме во ист тим, но се гледавме често, па така почна да се развива љубов. Првиот бакнеж ни беше откако го изигравме англискиот валцер“, има изјавено Сара.

Пред четири години, тие направија уникатна свадба која ја отворија со интересен танц кој го научија во емисијата „Танц со ѕвездите“, а гостите беа воодушевени од нивниот настап.

Пред неполни четири години, се роди нивната ќерка Илина, во септември во 2018 година.

Слатката ќеркичка Илина е секогаш со Сара и со Димитар, на најмногу уживаат во природа заедно. Со нив секогаш оди и нивниот миленик.

Откако помина оандемијата, Сара сподели убава новост, воодушевена од нејзиниот настап со харфата ви Скопје, и напиша колку е убаво да си на сцена по долго време.

-Скоро 24 часа сум под импресии, со пеперутки во стомак од вчера, ги гледам сликиве и не знам како да го срочам ова….

После 6 месеци повторно да се качиш на сцена е како да си вдишал длабоко на гради чисто планинско воздухче со мирис на тукушто расцветана лаванда…..

Енергијата што струи на сцената и енергијата што струи во публиката…. Е за тоа вреди да се живее!

Сара Мејс и водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски објавија дека станаа родители на нивното второ заедничко дете кое се вика Кирил.

„Сара за малку ќе се породеше на детски роденден, ама ај тоа во наредна прилика ќе се раскажува- напиша Димитар на една објава.

Сара пак објави стори во кое кажа дека ќе заспие пијана од љубов и среќа и дека нема нипто поубаво од тоа да станеш мајка.

Но, она што паѓа во очи на сликите од ова убаво и среќно семејство е шминката на Сара.

Сега Сара и бебето се дома, а на нивното враќање најмногу се израдувала ќерката Илина. Таа инаку има речиси четири години. Сара, откако со бебето дојде дома, објави семејсни слики и на Инстаграм напиша:

На среќата и’ нема крај. Кирил, добредојде. Сестричкава, татково и мајкава те сакаат најмногу на свет! Едвај те чекавме, не’ прерадува! Да си ни жив и здрав, да не’ радуваш и добро да делуваш.

.
Блгодариме @santeplushospitalsmacedonia што сте дел од нашите најголеми среќи и богатства во животот Илина и Кирил. Со ваков тим, одиме на трето. Дечки, Ви благодарам на сите за честитките.

Ви посакувам еден тон среќи! Гушкам.Преблажено“, објави Сара на Инстаграм.

Previous articleБившата на Дарко Лазиќ потpоши 4.000 евра за четиpи часа: Децата ѝ ги чува дадилка, а таа си ужива со новиот маж
Next articleВакви биле Ламбе и Магдалена на свадбата, Ламбе објави досега непознат детаљ, и ѝ упати порака на саканата