Home Live Вакви биле Ламбе и Магдалена на свадбата, Ламбе објави досега непознат детаљ,...

Вакви биле Ламбе и Магдалена на свадбата, Ламбе објави досега непознат детаљ, и ѝ упати порака на саканата

Ламбе Алабаковски е доста актуелен во медиумите, особено откако се врати од Америка и реши во Македонија повторно да ѝ се врати на музиката. Овој наш пејач сега настапува интензивно, а неодамна промовираше и нова песна.

-Многумина ме прашуваат за музиката и мојата кариера, ќе кажам само дека сето тоа е ставено во мирување но не е сосема напуштено, ние сме фамилјарно и сега опкружени со песна!“, рече тој за Женски магазин додека се уште живееше во Америка.

Работам како транспорт оператор со своја мала фирма, а сопругата е прво добра и грижлива мајка а во слободно време се занимава со нејзината професија како медицински кодер на софтвер.

Многу ми помогнаа нејзините на самиот почеток тука да се навикнам на промените.

Можам слободно да кажам едно дека можеби сум овде физички присутен но срцето и душата ми се во Македонија!

Тука луѓето навистина немаат време и многу работат. Можеби сега со пандемијата повеќето работат од дома па фала му на Бога ете им можност да се со ближните почесто, инаку не е така!

Стекнав нови познанства и пријатели и многу научив од престојот тука.

Во оваа земја живеат буквално луѓе од целиот свет па има што да се види и да се научи, различностите се ценат и се почитуваат.

Многу е поразлично од кај нас и од Балканот, но би сакал и така различно да остане бидејќи тоа е и убавината во различниот менталитет и во културите.

Михаил сака разни игри поврзани со адреналин, по природа и е доста активно дете, музикален е, но срамежлив засега, посетуваше неколку Христијански градинки и кампови (бидејќи тука во скоро сите цркви има школо од најмала возраст, некои и до осмо одделение.)Димитриј е многу радосно дете.

Мојата сопруга ја сакам сè повеќе секој ден а верувам и таа мене. Бракот е нешто што се гради и се негува со многу трпение и љубов. Препреки секогаш има но треба да се поминат и да се надминат заедно.

Сега ние живееме суштински за нашите деца буквално , ретко излегуваме но сме исполнети со тоа што сме опкружени со нив и со некои пријатели а најчесто тоа се ручек или вечера во некој ресторан или домашна атмосфера, а годинава се почесто дома се случуваат такви средби.

Често знаеме да запееме и да засвириме исто така. Музиката е во мене таа не може да ми фали, но естрадата и сцената публиката се незаменливи и ми фалат, но не дека жалам или слично.

Едноставно, сè во свое време и природно се случило па така сега поголем приоритет ми е семејството. За сето друго има време имам желба и љубов и здравје Боже ќе направиме и нови проекти песни па можеби и концерти, би сакал да ја видам публиката која е сигурно порасната и позрела како мене“, рече Ламбе.

Ни недостига во секој здив родната земја , најмногу во секојдневието ми фали мојата најблиска фамилија, но ете јас верувам дека сѐ е со причина па и ова. Тоа нѐ прави посилни, посвесни и по одговорни како луѓе што е и добро искуство во животот!“, релче Ламбе.

– Навистина после седум години, на пробата за концертот, колегите ми кажаа дека не сум заборавил да пеам, дека имам кондиција. Многу ми е мило што од Битола пак почнувам после толку време, да отпеам песни од Тоше и од Аки.

Многу е убаво кога после толку години ќе се вратиш дома, ќе се вратиш на она што си го правел и работел долго време – рече Ламбе за Еспресо пред неколку месеци.

Во Македонија е од лани летото. Одлучи да се врати повторно дома, заедно со целото семејство.

– Тука ни е целото семејство, и од двете страни, тука не влече срцето. Не е лесно да живееш некаде каде не си раснел без оглед што си постигнал таму.

Македонија ни е наш дом, родно место, тука сме сега и здрави и живи да сме, никогаш не се знае ништо, но планот ни е да останеме тука – открива пејачот.

По седум години пауза и еден убав нов почеток, Ламбе продолжи со музиката. Во план се уште некои песни и видеа кои се надева дека ќе се остварат до крајот на оваа година.

– Имам еден материјал што не е издаден како албум, може тоа да го реализирам, во план имам и бенд да направам, да се смири пандемијата за да можеме концерти да направиме.

Ламбе и Магдалена се во брак девет години, а овој податок го објави тој на неговиот Фејсбук профил. Со слика од нивната венчавка во манастирот Јован Бигорски, Ламбе Ламбе ѝ упати порака на своката сакна сопруга.

-9 години, продолжуваме“, напиша тој и доби доста честитки од пријателите за годишнината. Свадбата на Ламбе била во август, но тој сликата од неа ја објавил во септември во 2013 година.

Previous articleСе огласи сара Мејс – cе заблагодаpи на оваа болница и порача: Одиме на трето!
Next articleРебека раскажа непријатна случка: Пред портата на комплексот Св. Наум стои еден знак кој не вознемири…