Home Live Познатата водителка се врати од Австралија во Македонија и искрено кажа кое...

Познатата водителка се врати од Австралија во Македонија и искрено кажа кое е нејзиното најголемо разочарување

Децата ја обожаваат поради нејзината непосредност и смисла за хумор. Водителката Спасија Вељановска ја знаеме од фреквенцијата на МТВ, каде што ја водеше познатата детска едукативна програма „Ѕвон“.

Поеради смислата за хумор им е интересна и на нејзините следбници на Тикток. Видеата од Токток, таа ги споделува и на Фејсбук и главно се врзани со шеги на нејзина сметка.

Видеата се на српски јазик и Спасија одлично ги глуми „дамите“ кои зборуваат за својот изглед.

„Ме мотивираат многу работи: успешни животни приказни, луѓе со убава енергија, ме мотивираат и инсппирираат советите од татко ми. Од луѓе што биле, виделе, допреле искусиле дел од светот“, вели Спасија за она што ја мотивира.

Спасија до неодамна беше дел од емисијата „Урбан таг“ на „Тв 21“. Таа засега го напушти телевизискиот живот, а имаше и добра причина.

Спасија на почетокот од минатата година се омажи за Џек, македонец кој долги години живее во Австралија. „Пливам веќе долго време со мојот сопруг Џек.

Бракот со него ми е најдобрата донесена одлука во животот. Набрзо заминуваме за Бризбејн – Австралија.

Ветувам дека и преку океанот ќе продолжам да ве смеам. Време е за промена своето новинарско искуство ќе го применам овој пат во друга земја’, изјави Спасија за весникот ВЕЧЕР пред да замине за Австралија.

„Се запознавме преку наша заедничка пријателка, а потоа комуникацијата продолжи на интернет“, кажа во Женски магазин Спасија во една прилика.

Бидејќи тој живее во Бризбејн, Австралија, поради временската разлика од 8 часа најголема жртва ја поднесе тој. Станува во 3 часот наутро пред работа за да имаме повеќе време да си поприкажеме.

Џек на оригинален начин ја побарал Спасија за жена во 2019 година, пред Нова година, додека му правела макарони со зборовите: „Бејб, ќе ми правиш ли макарони целиот живот?“.

Планираната свадба за жал се одложи поради пандемијата, а Спасија и Џек во тој период се немаа видено шест месеци, тој во Бризбејн, а таа во Скопје.

За својот сопруг, таа вели дека најмногу го сака затоа што е упорен, истраен, вреден, убаво воспитан, точен на време, џентлмен, но и знае што сака. „Го сакам и затоа што е и голем гурман исто како и јас.

Го сакам затоа што е авантурист, сака да патува. Го сакам таков каков што е не би менувала ништо кај него“, вели Спасија за својот сакан.

Среќата конечно им се насмевна на младенците. Сега, Спасија и Џек се во Автсралија и заедно му се радуваат на новиот почеток. За своите нови планови, водителката вели дека прво ќе скокне па ќе каже оп.

„Цели 15 години живот посветив на работата во медиуми овде, најмногу на телевизијата. Ми се отвара можност и таму да се занимавам со мојата голема љубов радиото“, рече Спасија.

Последнава година ипол неколку месеци откако е во земјата на кенгурите, водителката споделува слики од уживанциите со сопругот, а на една од нив се шегува: Се мажив Австралија, не ме барајте појќе.

Спасија се пофали дека ужива токму со кенгури, на слика на која ги гали и си игра со нив.

Водителката Спасија на Фејсбук објавила дека по една ипол година во Австралија, таа се вратила дома, во Македонија. Исто така раскажа кое е нејзиното најголемо разочарување во Македонија.

– Моето најголемо разочарување е кога после година ипол се враќам во Македонија,среќна и полетна дома сум.. И 7ца е на годишен одмор, животе туршијо без карфиол“, напишала таа на Фејсбук.

– Иди у Тетекс“, вели еден коментар, а на ова, Спасија одговара: Тетекс,Ројал,Дестан,Силбо,Фурна Чаир…

Previous articleТукушто завршена средношколка раскажа како ги поминала четирите години: Да ве изеде срам за сите талентирани деца
Next articleРазочарано се огласи Блага Петреска: Македонскиот народ еден против друг, тешка и жална атмосфера