Home Live Еве каде одмара Соња Тарчуловска, ова е еден од најбогатите градови во...

Еве каде одмара Соња Тарчуловска, ова е еден од најбогатите градови во светот

Соња и Јохан Тарчуловски се родители на три деца; Мелани, Младен и Јоана. Најстарата ќерка Мелани тргна по стапките на својата мајка, или како што велат- крушата под круша паѓа.

Мелани е пејачка и има настапувано на домашни фестивали, а сето тоа со голема поддршка од мајка си, која оди со неа на настап и ја бодри од публиката.

-Кога би можела да избирам за децата? Јас сум човек и мајка која сака своите деца сами да си го изберат патот и професијата што сакаат да бидат, а јас само би им дала максимална поддршка“, рече Соња.

Мелани со своите 16 години беше најмладиот учесник на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“, со песната „А ти“ минатата година.

Мелани на сцената на „Долни Сарај“ одлично се претстави на Интернационалната вечер, а на прв поглед таа навистина изгледа како да е Соња, во помладите години. Фолк-пејачката е горда на тоа што нејзината ќерка толку личи на неа.

-Често ме споредуваат со мајка ми врз основа на личниот опис и се согласувам дека е тоа така“, изјавила Мелани по настапот во Женски магазин.

– Последниот настап ми беше со песната „Моја библија“ на фестивалот во Валандово. Музиката секогаш е присутна во нашиот дом. Тоа што јас не сум со ангажирана во моментов, не значи дека така ќе остане и понатаму.

Сега засега приоритет е Мелани. Целата моја професионалност ја насочив кон семејството. Тие се мојот мир и мојата најголема љубов“, изјавила Соња во истиот медиум.

Јохан Тарчуловски пред неколку месеци прослави роденден, и по тој повод Соња му упати емотивна честитка, објавувајќи слики од нивните заеднички авантури со мотор. Тие пред неколку месеци имаа објавено слики од нивна моторџиска авантура низ Италија.

Соња на Фејсбук вака му честиташе роденден на својот маж: “Животот е или смела авантура или ништо. Нека следната авантура биде дестинација за која сопатникот не е свесен. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЖИВОТЕ МОЈ. Те сакаме“.

– Јас себе си се спознав уште многу малечка, имав цел, имав зацртано и знаев што сакам да бидам, знаев кој е мојот патоказ до мојата среќа, да изградам кариера и да пеам.

Моите млади години не ме попречија во тоа кога ми беше најтешко јас сама си завземав место на естрадата со божја волја и милост.

За моите почетоци има многу да се каже: позитивни спомени, полни сали, дискотеки, кафеани – тоа ме исполнуваше. Лесно е да се биде пејачка, ако знаеш вистински да се носиш со таа професија токму како што наликува без наметнувања, знаеме дека се’ што е спонтано е подобро.

Дали добро се заработува? Јас лично да, добро заработувам иако не сум доволно активна, си ги ценам сопствените вредности во нормала на стандардот“, рекла Соња во интервју за „Точка“.

Соња на Инстаграм објавила слика од незиното летување, и тоа во Таранто во Италија, кој важи за еден од најубавите градови на светот.

Таранто е крајбрежен град во Апулија, Јужна Италија. Тој е главен град на провинцијата Таранто, и служи како важно трговско пристаниште, како и главна италијанска поморска база.

За време на норманскиот период, тој стана главен град на Кнежевството Таранто, кое ја покриваше речиси целата чизма на Апулија.

Таранто сега е трет по големина континентален град во јужна Италија (јужно од Рим, приближно јужната половина на италијанскиот полуостров), со добро развиени леарници за челик и железо, рафинерии за нафта, поморски бродоградилишта и фабрики за преработка на храна.

Таранто ќе биде домаќин на Медитеранските игри во 2026 година.

Previous articleСпасе од „Сител“ неутешен, засекогаш си замина негова драга личност: Првото утринско кафе го пиевме заедно
Next articleТукушто завршена средношколка раскажа како ги поминала четирите години: Да ве изеде срам за сите талентирани деца