Home Live Разочарано се огласи Блага Петреска: Македонскиот народ еден против друг, тешка и...

Разочарано се огласи Блага Петреска: Македонскиот народ еден против друг, тешка и жална атмосфера

Иако сите ја знаеме како весела, позитивна и насемеана, животот на Блага Петреска не бил секогаш мазен и весел.

Низ годините, таа се соочувала со тешки животни предизвици за кои многу ретко зборувала во јавноста. Била многу млада кога си заминал нејзиниот сопруг и никогаш повторно не се омажила.

– Мене ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца затоа што тие многу го сакаа татка си.

Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно за ништо да не им фали, само да учат, да завршат факултет.. Така и бидна“, изјави Блага во едно интервју.

Кога Блага Петерска пее, нема кој не може да се развесели, а со години наназад се слушаат нејзините хитови: Ти ме предаде, Пеам да не заплачам, Чувај ме, Песната може се.

Блага завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје.

Но, освен за песна, за Блага се знае и дека е талентирана актерка. Ја играла насловната улога во драмата „Коштана“ и тоа заедно со Петре Прличко.

Првите снимки како изведувач ги направила со оркестарот на Кочо Петровски. За РТБ, а подоцна за повеќе македонски издавачки куќи снимила голем број плочи, ЦД и други носачи на звук со разни оркестари и групи.

Таа е горда мајка и горда баба, а во една прилика зборуваше и за своето семејство.

Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор Олег Контраденко, диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка со потекло од Русија која сега е права Македонка, Ана Кондраденко. Ќерката и зетот исто така среќни живеат во странство.

Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала“, има изјавено Блага во едно интервју за Свет Австралија.

Во 2020 година, Блага освои награда на фестивалот „Еврофест“. Блага доби награда Гран При. Таа испеа песна која според многумина е автобиографска и се вика „Свени ми, свени Невене“. Но, освен Гран При, Блага ја наградија и за најдобрта интерпретација.

Блага потоа заслужено освои уште една награда која ѝ донесе многу голема радост. Станува збор за фестивалот за народни песни со шегобијна содржина „Тумба фест“ во Куманово пед две години.

Таму Блага ја доби наградата животно дело, и на Фејсбук им се зблагодари на организаторите за укажаната чест.

Јас израснав во едно семејство каде што искреноста, чесноста, реалноста беа на прво место. Да сме скромни, да почитуваме. Тоа го пренесов и на моите деца, и сега на моите внуки.

Ова во едно интервју за ТВ Сител минатата година, го изјави Блага Петреска, жената која како никогаш да не старее. Една од нашите најдобри и најпознати фолк-пејачки, секогаш насмеана и раположена за песна.

-Бидејќи, можеби се помалку има такви луѓе, меѓутоа, богатство е кога ќе сретнеш такви, изузетни луѓе. И ѝ викам на мојата внука, разговараме сега затоа што има веќе 17 години: Па, бабо, сега поинаку се однесуваат.

Не, јас кога бев во младоста, исто така бев разочарана, и еден таков пријател којшто беше паметен ми вика: За секое злато ќе се најде думенџија.

Таа реченица ми остана во животот, и во животот само гледав да се дружам со луѓе од коишто можам да научам, да примам што е добро, да отфрлам што е лошо, и така ја градев мојата личност. Запознав многу луѓе, запознав многу земји, култури.

И тоа богатство, навистина е како дар од Бога, тоа го помислив сега, кога седам дома со пандемијава. Јас сум секогаш будна, и секогаш се анализирам себеси.

Кога нејзината снаа Ана Контраденко, виолинистка, сопругата на синот Олег има роденден, славеше роденден, Блага со емотивна честитка ѝ посака се најдобро, и по неа се гледа дека ја сака како да и е ќерка.

На мојата сакана Анна и го честитам роденденот а годините за неа не важат зошто таа е иста како што ја зедовме на 20 години“, рече Блага за снаата тогаш.

Блага ја пофали својата снаа, позната виолинистка Ана и уште еднаш покажа дека е свекрва за пример.

-Ако сакате да избегате од секојдневието кое воопшто не е пријатно,Македонскиот народ еден против друг тешка и Жална атмосфера опуштете се со интерпретацијата и емоцијата на Анна. Имајте добро срце и јак дух“, напиша таа и сподели едно дело кое го свири Ана, од Чајковски.

Previous articleПознатата водителка се врати од Австралија во Македонија и искрено кажа кое е нејзиното најголемо разочарување
Next articleТазе младенци на меден месец, еве како уживаат актерот Дац и неговата Весна на море