Home Live Се паркираат во шумата место на паркинг во Охрид, ја загадуваат околината-...

Се паркираат во шумата место на паркинг во Охрид, ја загадуваат околината- самите гасевме пoжap, а надлежните молчат

Проблемите со шумите се едни од најгорчливите на нашата планета. Ако дрвјата бидат уништени, нашата земја нема да има иднина. Заедно со проблемот со сечење дрвја, постои уште еден проблем – загадувањето на шумите.

Пошумената област на кој било град се смета како место за рекреација, и затоа, трагите од нивниот престој редовно остануваат по луѓето:

пластични конзерви; пластични кеси; садови за еднократна употреба. Сето ова се наоѓа и индивидуално и во цели купишта во шумата. Голем број природни предмети можат да издржат значителен антропоген товар“, објави во една прилика mk.petmypet

Биолошкото загадување на шумите придонесува за појава на растенија на нивна територија, кои го попречуваат развојот на други видови на флора. Пирејот и копривата, датурата и трнот заземаат значителна област. Ова доведува до промени во составот на растенијата.

Во шумата, голем дел зафаќаат дрвјата, малку помалку грмушките. Како по правило, во шумите нема многу билни растенија. Ако има сè повеќе плевел и трева, тогаш ова се смета за биолошко загадување на шумата“, стои понатаму во текстот.

Ниската свест за зачувување на животна средина кај нас е добро позната. Деновиве, наголемо во медиумите се пишуваше за тоа што луѓето фрлаат отпадоци во нашите познати туристички центри, Охрид и Струга.

Преполни чаршии, кафулињата и рестораните исполнети до последното место, а се бара и кревет повеќе во хотелите и кај приватните станоиздавачи. Слична слика е и на плажите, Охрид и Струга го живеат шпицот на туристичката сезона.

Пред Илинденскиот викенд по традиција ги наполни двата крај езерски града“, напиша Вечер пред неколку дена.

Бројните ноќни забави, фестивали, музичко-сценски перформанси во овој период од годината дополнитечно ги привлекуваат многубројните домашни и странски туристи.

Тие покрај забавата уживаат во природните убавини, културните знаменитости и чистата езерска вода на охридско-струшката ривиера.

Покрај домашните, најбројни се туристите од соседството, Холанѓани, Полјаци, Турци…

Но јавната свест кај дел од нив е на ниско ниво, тоа го покажува сликата која ја оставаат зад себе со купишта отпад, остатоци и амбалажа од храна и пијалаци.

Екипите на јавните комунални претпријатија се постојано на терен, во три смени и со зголемен број вработени ги извршуваат работните задачи за чистење на јавните површини и одржување на хигиената„, стои во текстот на Вечер.

За фрлањето отпадоци во Охрид, на социхјалнитре мрежи на големо се објавува години наназад. По секој празнилен викенд, градот е полн со пластични чаши, лименки од пиво, кеси…

Утроро излегува на виделина, она што несовесните го направиле во текот на ноќта, и на плажите и во центарот на градот, но и во пумите во близина на плажите. Исто така, туристите, за да заштедат на паркинг, често се паркираат и во шумите.

Еден наш читател кој вели дека е очевидец на овие настани вели дека шумата кај плажата Немо во Охрид се загадува од автомобилите кои паркираат меѓу дрвјата. Инаку, постои паркинг во близина, кој се наплаќа 200 денари од ден.

Очевидеот кој е инаку охриѓанец кој се рекреира во шумата, вели дека избил мал пож ар и граѓаните го гаселе, и тоа според него се случило во шумата каде што луѓето паркираат, над плажата.

Станува збор за борова шума, а во близина се наоѓаат премиерската и претседаѕтелскара вила во елитното брдо на охридското езеро..

Се загадува животната средина а и ризиции од опа сност“, вели тој.

Previous articleБитолчанец емотивно се прости од својата сопруга: За чупето од Битолското корзо, која беше моја жена
Next articleВесна Бејби во својата книга со пикантерии: Му заѕвоне телефонот во 6, кој може да го бара тоа време освен жена му?